Покана за учество на изложба на фотографии инспирирани од природата во Лазарополе.

Почитувани Лазоровци. 

Во договор со месната заедница од Лазарополе се договоривме да направиме изложба на фотографии од селото по повод јавно презентирање на убавините на Лазарополе и околината. За таа цел Ве поканувам да учествувате сите кои имате убави фотографии, фотографирани од селото и природата која е карактеристична за ова поднебје. Изложбата ја планираме на денот на пролетта 22 март 2014 год. (локација и галерија на изложување во преговори). Изложбата ќе биде селективна односно поради галерискиот простор некои фотографии (ако бидат во поголем број нема да бидат изложени)

Во однос на техничките пропозиции Ве замолувам кога ќе ги праќате фотографиите тие да ги исполнуваат следните технички карактеристики:

1. Фотографиите се на тема „Пејсаж“ да бидат со акцент на природата (ливади, цвеќиња, полето со Нарциси) и сл.
2. Формат: 80,60 см и 60,45 см.,
3. Да бидат снимени со 300 резолуција,
4. Да бидат снимени во CMYK,
5. Фотографиите да бидат снимени во JPG формат.

Рок за испраќање на фотографиите 10 ти март. Ве замолувам сите фотографии да ги испраќате на мејлот на Мојсо Поповски: mojso_popovski@hotmail.com .

Целта на оваа изложба е јавно да ги презентира убавините на Лазарополе, што преставува еден вид кампања за заштита на убавините во Лазарополе.

Со почит Јана Манева - Чупоска

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post