Стамат Михајлов(иќ) Палчески
(1880-1964)
(1880-1964)
До крајот на Втората Светска војна официјално тој се презива Михајловиќ, а по војната го зема родовското презиме Палчески.

Во есента 1909 година, заради забрзаното губење на српски приврзаници во селото, тој бил поставен за свештеник во Лазорополе, од страна на Варнава Ристиќ (негов соученик и пријател) кој штотуку бил назначен за српски епископ на Велешко-Дебарската епархија.
Во периодот на првото српско владеење во Лазорополе од 1912-1915 година, тој бил претседател на тогаш формираната српска општина во селото. Во овој период во Лазарополе доаѓа наредба и српски жандари да апсат "бугараши" од Лазарополе. Тогаш Стамат енергично се спротиставил на жандарите велејќи дека во Лазарополе нема бугараши. При тоа тој стапил во контакт со неговиот пријател, сега веќе владика Варнава од кого побарал жандарите да заминат од селото. Со овој чин Стамат Палчески спасил над десетина свои соселани. Ова е еден од многуте примери каде што "србомани" и "бугараши" (и обратно) меѓу себно си помагале. Вие слободно можете да си го поставите прасањето А ЗАШТО. Одговорот е едноставен и еден!!!

По смената на власта, кога бугарската власт формирала своја општина во селото, против носителите на поранешната српска власт не биле преземени никакви репресивни мерки, така што тој останува во селото.
И по Првата Светска војна, кога по 1918 година Македонија останала под окупација на Србија (сега како кралство СХС) Стамат како миленик на српската власт, бил повторно назначен за претседател на општината во Лазорополе, на кое што место останал непрекинато од 1920 до 1941 година (со исклучок на две години). Во овие долги години на т.н. „Стаматова власт“ во селото се бележат неколку позначајни придобивки:
-Била покрената акција за изградба на ново училиште, кое започнало да се гради во 1932 година, а било завршено и пуштено во 1935 година.
-Била покрената акција за изградба на водовод, кој започнал да се гради во 1934, а веќе во 1936 година бил завршен.
-Во негово време бил трасиран, а потоа и изведено пробивањето на патот од Гарски Мост до Миревичина Краста, во самата непосредна близина на селото.
-Во времето на неговото претседателствување со селото, ниту еден лазоровец не отишол во затвор, благодарејќи на неговата заштита и бројните познанства што ги имал, а ги користел за народното добро.
За време на Втората Светска војна, во периодот кога во селото влегле балистичките банди на Џемо и Мефаил, свештеникот Стамат Палчески бил фатен и понижуван пред селаните, но и тоа го преживува.
Бил оженет со жена од с. Селце, со која што немал деца. Починал во 1964 година, во Лазорополе, каде што е и закопан на селските гробишта.
Литература:
¨ Д-р Блаже Смилевски, Срцепис за Лазарополе, Македонска ризница, Куманово, 1995
¨ Д-р Глигор Тодоровски, Малореканскиот предел, ИНИ, Скопје, 1970
¨ Блаже Смилевски, Тешкото од Лазорополе, Скопје, 2006