СЕРАФИМ МАРТИНОВ ДИМКОСКИ ПОПОСКИ
(1832-1899)
(1832-1899)
Тој е еден од синовите на свештеникот и учител поп Мартин. Роден е во 1832 година (Според: Д-р Александар Матковски, Ѓурчин Кокалески (1775-1863), ИНИ, Скопје, 1959 види го дијаграмот за родословието на Димковци-додаток во книгата). Тој бил познат свештеник црковен певец и учител во селото. Воедно, го потпомагал нараснатото и сé повлијателно антипатријаршиско црковно-народно движење, кое се борело за своја црковна самостојност. Имал склучено договор со архимандритот аџи Теофил Аврамов Жунгулоски за изработка на преписи од евангелија, црковни служби и молитви, кои што потоа биле растурани во оние делови на западна Македонија каде што се појавувала потреба за тоа. Воедно тој собирал и народни песни, се бавел со билкарство, а помагал и за излекување на брадавици и заушки со посебен метод на запишување. Овој метод тој го научил од калуѓери кои оделе од село до село за да собираат доброволна парична помош за манастирите во Света Гора.
Во 1897 година, тој од позиција на селски свештеник се потпишал на петицијата на група лазоровци кои барале од турските официјални власти отворање на српско училиште во селото. Оваа негова постапка треба да се гледа од позиција на загрижен татко, ако се знае фактот дека неговиот син Мартин имал завршено светосавската подготвителна учителска школа во Крагуевац уште во 1894 година, па речиси природно било тој да се обидува на некој начин да му помогне на својот син. Дека оваа негова активност вродила со плод зборува и тоа дека веднаш по отворањето на српското училиште во селото на 23 септември 1897 година за учител бил поставен син му Мартин Поповиќ (Мартин Серафимов Димкоски).
Починал во 1899 година, а колку бил почитуван меѓу своите соселани зборува и фактот дека тој е закопан зад олтарот на селската црква во Лазорополе, во црковниот двор, како четврти гроб по ред.
Бил оженет со Дева Коштреска и нивни деца се: Мартин, Антим, Јован, Евге, Луке, Ефимија, Мара, Милјана, Ката.

изработил Слободан Шошкоски
Литература: Д-р Александар Матковски, Ѓурчин Кокалески, ИНИ, Сопје, 1959