ЧОВЕК НЕ МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ КОРЕНОТ НЕГОВ


ВИДЕО

Колективизацијата на македонското село, спроведувана според советскиот модел на аграрот и со опробаните сталинистички методи, била една од мерките на југословенската аграрна политика која предизвикала далекусежни негативни последици во целокупниот развој на Република Македонија по Втората светска војна. Македонскиот селанец, по остварувањето на неговите национални (државност) и социјални права (праведна аграрна реформа), во годините на судирот на КПЈ со Информбирото, се соочи со суровоста на новопечените "народни" претставници за кои исполнувањето на партиската директива беше услов за напредузањето во државно-партиската хиерархија. Овие новопечени "народни" претстаници газеа врз честа и достоинството на селанецот и со примена на психолошка и физичка тортура го принудуваа да се откаже од својот вековен сон – парчето сопствена земја. Засилената колективизација се спроведуваше во периодот 1949–1951, односно 1953 година, а нејзиниот биланс беше бегство на селанството и од селото и од земјоделството и негово населување во приградските и градски населби, на градилиштата на првата петтолетка. Селата остануваа празни, а градовите се поселанчуваа.
... од с.Лазарополле, се сеќава на повеќе случаи на отпор на селаните на колективите. Меѓу нив би го издвоиле примерот на ... сточар од с.Лазарополе ... , кој одбивал да влезе во колективот. За време на одржувањето на ... конференција, бил внесен во друга просторија, легнат на подот, а врз него била ставена дрвена врата на која газеле “убедувачите”. Така тој веднаш бил приморан да се согласи за влегување во СРЗ. Набрзо, ... , заедно со својот син се обидел да..., но бил фатен и затворен. По ... месеци, починал, а неговиот син се преселува...
Во изразено пасивните краеви реорганизацијата се сведувала на едноставна ликвидација, во други делови од земјата еден дел од задружниот имот (земја, стока и др.) се пренесувал на земјоделските задруги од општ тип заради организирање на колективно производство, таму каде што за него постоеле услови, додека другиот дел се враќал на задругарите за индивидуално користење. Во текот на 1952 година реорганизацијата зафатила 1625 или скоро 24% од вкупниот број на СРЗ во Југославија (Ројорrivгеdni гаzvitak FNRJ – Веоgгад 1954, 75).






ЦРНО ΟΡΟ

Над нејзината постела 
стоеше фотографија. 
На неа: Таа и Тој.


Смири го, синко, радиото, замоли, 
јас не знам да ти појаснам зошто 
ама секогаш кога го свират Тешкото


Татко ти излегува од фотографијата 
и со црвена шамија во рацете 
заигрува и скока та се затресува куќата,


- чиниш се урива чардакот...
                                                                                                           Анте Поповски


© 2008-2018 lazaropolee.blogspot. All rights reserved. mojso

При објавување на материјали од блогот lazaropolee.blogspot.com во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е превземен текстот.

СРОДНИ ЛИНКОВИ

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post