Данаил поп Костов Димкоски Попоски
(18??-1935/36)
(18??-1935/36)
Роден е во Лазорополе и е син на селскиот свештеник Косто Мартинов Димкоски. За жал сеуште не ја знаеме годината на неговото раѓање. Може да се претпостави дека своето првично описменување го добил во селското лазороско училиште, но дали и каде понатаму го продолжил школувањето засега не ни е познато.
Посредно се дознава дека тој тргнал по стапките на татко му и дека станал свештеник во лазороската црква, но повторно нема податоци кога тоа се случило и колку долго ја извршувал црковната служба во селото. Од преписката што ја водел поп Данаил со Дебарската митрополија, со сигурност се знае дека тој бил селски свештеник во 1897/98 година. (Податоците се добиени од книгата на Наум Целакоски „Дебарско-Кичевска митрополија“, Матица Македонска, Скопје, 1993, 18-20)
За време на Првата светска војна, а по напуштањето на српската војска, кога во Лазорополе била формирана бугарска власт и посебна лазороска општина, на чие чело бил Василко Икономов, братучед на Данаил, во селото било формирано Народно Читалиште, за чиј претседател бил именуван свештеникот Данаил поп Костов (ноември 1915 - декември 1917 година).
Се претпоставува дека годината на неговата смрт е 1935/36 до кога и ја извршувал свештеничката должност во селската црква. Се знае дека оставил зад себе еден син Божин.
Литература:
¨ Наум Целакоски, Дебарско-Кичевска митрополија, Матица Македонска, Скопје, 1993
¨ Блаже Смилевски, Тешкото од Лазорополе, Скопје, 2006
¨ Д-р Блаже Ристовски, Васил Икономов (1848-1934), Институт за национална историја, Скопје, 1985