П О В И К
СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЛАЗОРОВЦИ И ПРИЈАТЕЛИ НА ЛАЗАРОПОЛЕ ДА ДОНИРААТ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА НА СЛЕДНАТА ЖИРО СМЕТКА ОДОБРЕНА ОД МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ
ЗДРУЖЕНИЕ НА ПОРАНЕШНИ ЖИТЕЛИ НА ЛАЗАРОПОЛЕ
ЖИРО СМЕТКА: 300000003337224
ДЕПОНЕНТ БАНКА: КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
МЕСНА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ ВЕ ПОВИКУВА СИТЕ ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АКЦИЈАТА ЗА СТОПИРАЊЕ НА ПРОЕКТ ПЛАНОТ ВИКЕНД НАСЕЛБА
Поддржувачи
Совет на Месна Заедница Лазарополе
Здружение на поранешни жители на Лазарополе
Еколошко друштво на Лазарополе
Црковен одбор на Лазарополе
Лазороска младина
Дополнителни информации
Здружението на поранешни жители на Лазарополе е формирано во 2007 година. Здружението е регистрирано како правно лице-субјект во централниот регистар на Македонија, како непрофитабилна и невладина организација. Членови на управниот одбор на здружението се и дел од членовите на советот на Месна Заедница Лазарополе. Претседател на управниот одбор на здружението е првиот човек на Месна Заедница Лазарополе. Здружението на поранешни жители на Лазарополе како и Месната Заедница Лазарополе, заедно со црковниот одбор и еколошкото друштво, се согласни заедно да дејствуваат во сите области пред се денес кога е во прашање подршката на акцијата за стопирање за проект планот викенд населба.
Постои можност за членување во здружението со месечна-годишна чланарина за оние кои имаат желба да члениваат - индивидуално и да бидат активни во здружението и да помагаат со свои предлози и планови кои се во интерес на Лазарополе. Целта на здружението, првично е да се грижи за зачувување и подобрување на екологијата, инфраструктурата на селото, културните и историски особености на Лазарополе...
Здружението има свој статут но и проекти кои заедно со Вас сакаме да ги реализираме но и да усвоиме нови предлози и планов, кои ќе бидат во интерес на Лазарополе.
МЕСНА ЗАЕДНИЦА
СЕЛО ЛАЗАРОПОЛЕ