Поетскиот караван на Друштвото на
писателите на Македонија продолжува во знак на чествување на Анте Поповски,
големиот македонски поет, академик, долгогодишен член на ДПМ и, во еден мандат,
негов претседател. На 3 декември 2014 г., во 19 часот во спомен собата на Анте
Поповски, во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров, ќе настапат
дваесетина поети, членови на македонската писателска асоцијација, од различни
генерации.
Љубителите на поетскиот збор на
оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Вера Чејковска, Зоран
Анчевски, Иван Антоновски, Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Иван Џепароски,Бранко
Цветкоски, Веле Смилевски, Ресул Шабани, Драгица Најческа, Илија Велев, Христо
Петрески, Санде Стојчевски, Кочо Топузоски, Љерка Тот Наумова, Братислав
Ташковски, Александар Поповски, Јовица Тасевски Етернијан, Иван Чаповски,
Методија Тошевски, Димитар Пандев, Јусуф Сулејман, Ристо Јачев и Тодор Чаловски.
ЦРНО ΟΡΟ
Над нејзината постела
стоеше фотографија.
На неа: Таа и Тој.
Смири го, синко, радиото, замоли,
јас не знам да ти појаснам зошто
ама секогаш кога го свират Тешкото
Татко ти излегува од фотографијата
и со црвена шамија во рацете
заигрува и скока та се затресува куќата,
- чиниш се урива чардакот...
Анте Поповски
------------------------------------------------------
ИМЕТО, ДАМКА КРВ КОЈА ЗБОРУВА
... Тука на Балканот не се знае
врз што е повеќе посегнувано: врз името, или врз животот. Тука значи, не мора
да има војна за да се загине! Надграден е тука до совршенство системот на
меѓусебно ништење на еден од друг, а кога ќе го снема другиот, тогај едниот
себеси се ништи. Специфичен облик на духовен ханибализам! И уште еден балкански
специјалитет: обединување на непријателите меѓу себе против помалите и
понемоќните: апсолутна смисла за редакција. А потоа - старото правило: едниот
против другиот се до меѓусебно истребување...
И напиша меѓу другото Анте
Поповски во вонвременското писмо- есеј под горниот наслов уште во 90 -те години
од минатиот век на бугарската поетеса Блага Димитрова.
ДРУГИ ЛИНКОВИ
- АНТЕ ПОПОВСКИ (Лазарополе 3 јуни 1931 - Скопје 1 октомври 2003)
- АНТЕ ПОПОВСКИ ЗАСЛУЖУВА ПОСТХУМНА НОБЕЛОВА НАГРАДА
- ВАРДАР (поезија, 1958)
- ПОЕЗИЈА ОД АНТЕ ПОПОВСКИ ПРЕВЕДЕНА НА БУГАРСКИ ЈАЗИК
- Поезијата на Анте Поповски (PDF)
- Свечен собир по повод 80-годишнината од раѓањето на Анте Поповски
- Словенска душа и Византиец - Блаже Конески и Анте Поповски длабоко влегоа во суштината на македонското битие
- ТВ Галерија - Анте Поповски, живот и дело (01.06.2011))
- ТВ СИТЕЛ - Свечен собир по повод 80-годишнината од раѓањето на Анте Поповски
- „Живот„ посветена на Анте Поповски, на ТВ Алфа