Ракописен
лекарственик од 33 листа со 88 рецепти, откриен во струмичкото село Пиперево, а
напишан од учителот Ангел Георгиевич од Лазарополе, сега е дел од скапоцената
збирка на стари ракописни и ретки книги на НУБ Св. Климент Охридски. Освен
него, во Македонија до денес се зачувани неколку ракописни книги со рецепти,
таканаречени лекарственици од 19-ти век, напишани на македонски народен јазик
со совети за лечење на разни болести, но и повеќе рецепти за тоа како да се
направат лековите. ...
... во
1870-та година ги напишал Ангел Георгиевич од дебарско Лазарополе, учител во
селото Пиперево. Сосема на крајот од ракописот, авторот со своја рака има
напишано дека се што стои во лекарственикот е вистина и дека за тоа треба да му
се оддаде слава на господ. Во оригиналот таа реченица гласи: „На лекарственикот
крај все шо каже истина е знај, и слава вишному воздај“. Овој лекарственик, по
откривањето во селото Пиперево, струмичко, беше донесен во Скопје и сега тој се
чува во НУБ Св. Климен Охридски...
...
Според она што е сочувано, меѓу ваквите лекарственици најмногубројни биле оние
од Лазараполе. И во самото Лазарополе бил пронајден лечебник со 56 рецепти за
лечење на разни болести. И тој потекнува од 19-от век, и е напишан на народен
македонски јазик. Друг лекарственик со мијачки дијалект е најден во Реканскиот
крај. Тој има 70 рецепти, меѓу кои има и рецепт за лек за „жена што не лјубит
мажа си“, лек против „раѓање деца недоносени“, за „некој ако нема жед“, потоа
„мевлем за ќелав“ со кој за три недели пораснувала коса што може да се плете во
плетенки, како и универзален лек за „ако не лубит мош жена или жена можа“,
потоа лек за „све зло во серцето“, како и лек за оној „кому му е запрена душата
во градите“.Сите тие лекови се премногу комплицирани за да се објаснат во еден
ваков текст за старите лекарственици, односно книги со рецепти за лекови со кои
се лекувал нашиот народ пред два века. За „душата запрена во градите“ и за „мош
ако не лубит жена или жена можа“, во некоја друга пригода. ...
целиот текст ВИДИ ЛИНК Како се лекувале Македонците пред два века?
превземено од idividi.com.mк
Б. Миневски