Реч на Исаија Радев Мажовски

Реч на Исаија Радев Мажовски

Реч одржана на 18 јули 1888 година на паробродот „Рицар” насред реката Днепар во градот Киев, Русија, од Исаија Радев Мажовски од село Лазарополе, Дебарско Македонија.
Многупочитувани господа и словенски браќа, Дознавме во нашиот крај во Македонија, во Дебар и Кичево, за големиот радосен настан 900-годишнината од покрстувањето на братскиот руски народ од големиот руски кнез св. Владимир и се подготвивме неколкумина од нас да дојдеме во словенската голема Русија за да присуствуваме на овој свечен голем руски празник, но за голема жал не можеме да добиеме паспорти за Русија. Но јас се осмелив и решив да дојдам сам и народот ќе ме испрати со солзи на очи, сожалувајќи дека повеќе луѓе не можат да дојдат во Русија. Јас решив, повторувам, и тргнав ноќно време и цели 30 дена одев, криејќи се од прогонувањето на Турците, и најсетне успеав да дојдам во славна словенска голема Русија. И многу повидни од мене лица од словенска Македонија имаа желба да дојдат во голема братска Русија и да присуствуваат на свечениот празник на 900-годишнина од покрстувањето на рускиот голем братски народ, кој е надежта на сите поробени словенски народи, но не смееја и се плашеа да дојдат, зашто добро знаеја дека ќе бидат фатени и испратени во азиските пустињи.
Многупочитувани господа, Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500
години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар Филип и цар Александар бил чист Словен, не повеќе од 500 години поминаа откако Македонија и македонскиот стар словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме, но никој не сака да не чуе, дури и самите наши браќа ни пречат.
Браќа руски Словени,
Ние кутрите турски робови, македонските Словени, деноноќно го молиме севишниот Господ и нашиот спасител Исус Христос да му даде здравје и долг живот на Негово величество рускиот император единствениот силен заштитник на сите словенски народи, ние го молиме Бога да му даде здравје и долговечност на целото руско возвишено царско семејство, ние го молиме Бога да му даде живот и здравје на целиот руски православен народ, ние несреќните сакаме да задува рускиот силен ветар и да ги распрсне темните и мрачни облаци со кои е обвиена поробена Македонија. Ние го молиме Бога да им подари сила и крепкост на руските храбри орли, да летнат во воздух и ја покријат цела Македонија, да ги претераат лутите змии и беспоштедните ѕверови, за да ги скршат вековните тешки железни пранги, да ја ослободат вековната турска робинка Македонија.
Да живее велика и силна Русија! Нека сјае руската златна круна како сонцето на небото во веки веков амин!

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post