ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ДИМИТАР ВЛАХОВ - ЛАЗАРОПОЛЕ (АРХИВА)

 
зградата на училиштето Димитар Влахов пред 2008 година
 Започнуваме (од 11.03.2015г.) со објавување на оригинални документи од записнички книги и заповедни книги на наставнички совет при основното училиште "Димитар Влахов" од Лазарополе. Станува збор за три книги од учебните години:
- книга број 1 од учебна година 1947/48 до 1954/55 година;
- книга број 2 од учебна година 1954/55, 1955/56, 1956/57, 1957/58, 1958/59, 1959/60 и 1960/61г;
- книга број 3 од учебна година 1961/62 до последен записнички документ 26.VI.1966 година;
  Со изградба на училиштето "Димитар Влахов" во Лазарополе се започнало во 1932 година. Изградбата на училишната зграда завршила во 1935 година, при што истата година започнало и првата учебна година 1935/36. За учебните години од 1935/36 до 1946/47 сеуште не сме во можност да собереме доволен број на оригинални или фототипни документи и фотографии кои би ви ги презентирале.
зградата на училиштето Димитар Влахов 1949 година
Треба да се напомене дека пред изградбата на ова училиште (1935 година) во склоп на лазоровската црква од 1844 година до 1934/35 година работело училиште во кое млади генерации лазоровци го стекнувале своето знаење. Училишната зграда која започнала со работа 1935/36 година и народната осмолетка - основно училиште по ослободувањето 1944 година работи се до учебната 1969/70 година, по која година самата училишна зграда потполно од селото и самата држава е оставена да пропаѓа, поради една и единствена причина, како што вели со грутка горчина Мојсо М. Поповски "престана да ја врши својата работа - замина под стечај и самота зградата и самото село", со насолзени очи продолжува: "нека се туруват нека гниеет" и замина кроце-покроце на една партија санс (2005 година, Лазарополе, пред зградата на училиштето).
  Во ова основно училиште во една учебна година имало и по 300 ученици од скоро сите рекански села. Зградата на основното училиште "Димитар Влахов" замина во минатото 2008 година. Може и поарно, зашто оваа зграда која некогаш давала знаење како младите да се снајдат во животот не дозволи да се претвори во кобна трагедија, зашто ние и другите млади знаевме дел од времото во летниот одмор да го минуваме внатре во таа "туренца" - во и околу школото.
  За почеток ги објавуваме предните страни од записничките-заповедни книги на наставничкиот совет - училиштето "Димитар Влахов" во Лазарополе, како и првиот документ - заповед бр.1 од 03,11,1947 година.

книга бр.1
заповедна книга, учебна година 1947/48 до учебна година 1954/55 година
книга бр.2
записничка книга на наставнички совет
 за учебна година 1954/55 до учебна година 1960/61
книга бр.3
записничка книга на наставнички совет
 за учебна година 1961/62 до записник од 26.06.1966 година
заповед бр.1 од 03.11.1948 година;
книга бр.1 -
заповедна книга, учебна година 1947/48 до учебна година 1954/55 година

ДОПОЛНУВАЊЕ ФОТОГРАФИИ











СРОДНИ ЛИНОВИ

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ "ДИМИТАР ВЛАХОВ" ЛАЗАРОПОЛЕ


ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - Лазарополе - Дебарско-кичевска митрополија (1900-1910г.)


ДОКУМЕНТИ - ТРАСИРАЊЕ И ИЗГРАДБА НА ДАЛЕКОВОДОТ ЗА ЛАЗАРОПОЛЕ 1962 година


ДОКУМЕНТИ - ТРАСИРАЊЕ И ИЗГРАДБА НА ДАЛЕКОВОДОТ ЗА ЛАЗАРОПОЛЕ 1961 година




ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post