Јосиф Радев Мажоски
(18??-1919)
(18??-1919)
Роден е во Лазорополе во 1830 (според Блаже Смилески, Срцепис за Лазорополе, Скопје, 1995, 46) или во 1845 година (според Спомените на Исаија Радев Мажоски, Софија,1922, 56) од татко му Раде или Радул. Уште како мал започнал да го изучува иконопиството. Негов учител во зографисување и копаничарство, бил познатиот тресонечки зограф Димитар Крстевич - Дичо Зограф. Неговите први работи се забележани во периодот по 1862 година, кога работи како ученик-соработник во тајфата на познатиот Дичо Зограф, во Охрид и околината. Тој ги доработувал или пак целосно ги изработувал иконите, кои во овој период, заради квалитетот на изработката во огромен број му биле порачувани на Дичо Зограф. Инаку, подоцна е познато дека работел во Битолско, Ресенско и Охридско, заедно со своите браќа Јаков и Исаија. Во пелагониското село Црнобуки во 1872 година ја има живописано селската црква „Свети Димитрија“. Меѓу другото ја живописал и црквата во селото Српци, Битолско, во 1878 година. Таму и се потпишал: „Зограф Јосиф Радев из Лазорополе“
Во црквата посветена на „Свети Никола“ во с. Теарце, Тетовско, го изработил живописот, кој од страна на научните работници е окарактеризиран како исклучително наративен и редок по својата презентација што остапува од каноните на византиското сликарство. На овој иконостас во првата зона претставени се „Свети Ѓорѓи“, „Свети Архангел Михаил“, „Свети Никола“, „Света Богородица“, „Господ Исус Христос“, „Свети Јован Крстител“ и „Свети Димитриј“. Во втората зона претставени се иконите од „Чинот (19 икони)“. На престолната икона, на која е претставен „Господ Исус Христос“, има текст кој гласи: „Сеи свети образ се изобрази во лето од Христа 1866, месеца март, ден 24, зограф Јосиф од Лазарополе из Дебар, помени Господе православни христијани, општо ктитори и прислужници, помени ги христијани у село Теарце“.
Познато е постоењето на една негова икона „Св. Тројца“ изработена во 1896 година, а која се наоѓала во катедралната црква „Св. Краљ Урош“, во Урошевац, на Косово. Но, за жал по опожарувањето на црквата во 1999 година, не ја знаеме судбината на оваа икона.
Траг од неговата богата дејност наоѓаме и во манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ или попознат како Карпински манастир, кој се наоѓа во близина на кумановското село Орах. Таму тој е потпишан како Јосиф Радевиќ од Лазарополе со година на потпис 1892, се среќава како еден од тројцата зографи (останатите двајца се Петар и Атанас Николови од Велес) кои врз пропаднатиот фрескоживопис од 16 век извршиле ново фрескоживописување. Тука се наоѓа и иконата изработена на дрво со темпера „Собир на апостолите“ од 1898 година, на која што се има потпишано како Јосиф Радевич од с.Лазарополе.
Во црквата „Св. Никола“ во Куманово ја има насликано иконата „Воведение на Богородица и други Светители“ датирана од втората половина на 19 век.
Во црквата посветена на „Св. Илија“ во селото Никуљане, Кумановско, се наоѓа неговата икона „Св. Илија“ од 1898 година, изработена во дрво и темпера.
Во црквата „Св. Параскева“ во селото Пезово, Кумановско се наоѓа неговата икона „Св. Параскева“ од 1898 година.
Потребно е да се истакне дека повеќе насоки упатуваат дека овој лазороски зограф има мошне богата и плодна дејност, но за жал не постојат никакви податоци кои би ни ги посочиле другите неговите работи. За уметничко вреднување пак, на неговите работи, немаме сретнато никаков траг.

Извори:
¨ Спомени на Исаија Радев Мажоски, Софија, 1922, 56
¨ Блаже Смилески, Срцепис за Лазорополе, Скопје, 1995, 46
¨ Дичо Зограф, НИП Ѓурѓа, Скопје, 1997, 55
¨ http://www.svetapetka.tripod.com/Tearce.html
¨ BBC MACEDONIAN.com 02 август 2007 – објавено на 10:47 GMT
¨ http://www.tresonce.com.mk/Dicho%20Zograf-2.htm
¨ http://www.rastko.org.yu/kosovo/raspeto/crkve/cr15_c.html
¨http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/multimedija_06/Kumanovo_Sv_Nikola/Ilija.htm