БОГОМИЛСТВОТО И МИЈАЦИТЕ
Извадок од интегралниот текст на научниот труд на Меланија Шерденковска, Богомилско движење и неговите импликации, објавено од Блесок издаваштво Babylonia ID: 131 ISBN 9989-59-297-7
http://www.e-books.com.mk/03essays/ea02/tekst.asp?lang=mac&id=17
Богомилско движење ... (4)
2.2. Развој на уметничките занаети кај Мијаците
Кога се зборува за уметничките занимања во овој крај, се наметнува констатацијата дека се работи за една исклучителна појава, којашто е длабоко вкоренета во нивното битие. Затоа може и да се зборува за карактеристиките - особина, вештина, кои со векови наназад се пренесувани на генерациите кои доаѓаат, најчесто во рамките на фамилијата. Разгледувајќи ги нивните остварувања, посебно во периодот на XVIII и XIX век, неминовно се наметнува констатацијата на неговата посебност, односно исклучивост, во однос на остварувањата на тајфите од останатите краишта.
Мијачките градители се основоположници на градителството и традиционалната куќа на јужниот дел на Балканскиот Полустров и источниот дел на Мала Азија. Потеклото на градбата е од искуства кои се создавале на овие простори (материјал, конструкција, начин на градба), организацијата се потпира на индивидуалните потреби на корисникот и воопшто на менталитетот на луѓето од овие простори и не е оптоварена со туѓи искуства, а обликувањето е изворно и има сопствен идентитет. Градителството, како и останатите уметнички занаети, резбарството и зографството, се појавуваат и се развиваат врз база на сопствени, длабоки, внатрешни потреби и развој на индивидуалната, слободна креативна снага на поединецот, неоптеретени со законите на уметничкото и градителско творење на даденото време. Истражувајќи ги дострелите на оваа архитектура, во компарација со останатата традиционална архитектурата на наведениот простор, иманентни и` се карактеристики кои ја издвојуваат, посебно заради нејзините можности да се прилагодува и да се трансформира, а во суштина да не го изгуби својот сопствен идентитет.
Овие карактеристики говорат за посебната улога што ја имаат Мијачките градители Преку својата градителска дејност; тие, во суштина, поставуваат еден специфичен објект, прилагоден на климатските и географските услови, како и на традициите на местото и потребите на луѓето. Иако е постојано користена истата градителска постапка, во оформувањето на конструкцијата и на објектите воопшто, во Мијачкиот крај обработката на материјалите е доведена до совршенство, па е создаден еден сосема карактеристичен објект. Посебно треба да се одбележи креативниот набој на градителите, коишто секој елемент поединечно го доведуваат до совршенство, исто како и на целината на објектот.
Мијачките градители, преку печалбарството и преселбите, ги пренесуваат своите градителски искуства на целата територија на Јужен Балкан и Мала Азија. Во сите краишта каде што тие дејствуваат, иницираат развој на градителството и уметничките занаети кај локалното население, па тие стануваат центри на развојот на градителството и уметноста воопшто.(19)
Трагајќи по корените на длабокиот и исконски однос на Мијачкото племе кон уметничките дејности - резбарството, градителството и иконописот, неопходни се навраќањата на главните историски случувања и миграции на ова племе. Словенската религиска основа којашто во вид на архетипска матрица длабоко е врежана во свеста на единката и постојано е проткаена во помала и поголема мерка во творештвото на сите племиња.
Меѓутоа, она што најдлабоко и најсуштински го одредува битот и дејноста на ова племе несомнено е Богомилството. Иако се работи за една временска дистанца од неколку векови, сепак се работи за длабочината на прифаќањето на Богомилската мисла и нејзиното суштинско вкоренување во основната бит на племето. Должината на периодот во којшто племето живеело и егзистирало според неговите основни поставки, како и длабочината на прифаќањето на неговата мисла ќе ја претстави натамошната расправа.
Појавата на Богомилството е поврзана со племето на Драговитите, од каде што потекнуваат Мијаците. Бититето на ова племе, неговиот стремеж за слобода и интегритет, се основните карактеристики коишто го даваат не само почетниот иницијал за развојот на Богомилството, но и суштински се поврзуваат со неговата дејност и постулати. Многу скоро по првите искричави појави, движењето во ова племе е масовно прифатено. Сите автори коишто ја обработуваат темата на Богомилството истакнуваат дека тука настанува првата организирана црковна општина, а особено дека Драговитската црква е најјаката црковна општина на Богомилите, со особено изразено влијание што таа го има на останатите Богомилски општини на Јужните делови на Балканот (а, како што видовме, и во ширењето и организацијата на ова движење во Италија и Јужна Франција). Несомнено е дека сето ова остава длабока и неизбришлива трага во животот и верувањата на ова племе. Следејќи го силно изразеното чувство на индивидуалност, посебност и самобитност и постојаното стремење кон вистинските вредности, карактеристики коишто јасно го одвојуваат од останатите околни племиња, а посебно склоноста кон уметничката дејност, посебно мајсторското градителство, недвојбено доаѓаме до фактот дека само еден доволно јак философско-религиски систем, длабоко втемелен во битисувањето на ова племе може да има толкава движечка моќ.Основните постулати на Богомилското движење - неговото суштинско навраќање кон основните идеали на Христовото учење, еднаквоста на секој поединец, не само во однос на религијата, туку и во секојдневното живеење, неприфаќањето на догмите на црквата, а посебно неприфаќањето на хиерархијата властелин - закрепостен, не само што го даваат основниот иницијал, туку се и најјакиот двигател во постојаното трагање и јакнење на сопствената самобитност на ова племе. Со цврстата организација на Богомилската црква во рамките на ова племе и со нејзиното континуирано делување, посебно ја зајакнува длабоката индивидуалност, слободниот дух и постојаното стремење кон вистинските вредности, т.е. она што особено го карактеризира уметничкото творештво. Константниот отпор против догмите на црквата, а особено против закрепостувањето, особено ги зацврстуваат овие карактеристики на племето коешто со векови нанапред го задржува племенското уредување.
Единственото јако и широко прифатено револуционерно движење од тој период, со неговата не само религиозна, туку и длабоко социјална програма го оформува битот и делувањето на племето, но и на секој поединец.Во историјата и во традицијата, како и во многу елементи на творештвото на ова племе, можеме да го најдеме континуираното влијание и суштинско поврзување со основите на Богомилското движење. Нивната миграција, односно изборот на просторот за организацијата на селата во најнепристапните краишта на Западна Македонија, сигурно не е случаен. Поставеноста на централните села така да се видливи само во моментите кога непосредно се пристапува до нив, односно природната заклонетост, како и пристапноста исклучиво по тесни коњски патеки, во средновековното феудално општество овозможува ова племе да го задржи племенското уредување и слободно да ја развива својата дејност.
_________________________________________
19. Шерденковска М. ВЛИЈАНИЕТО НА МИЈАЧКИТЕ ГРАДИТЕЛИ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА ГРАДИТЕЛСТВОТО И ГРАДБАТА НА БАЛКАНОТ И МАЛА АЗИЈА, Зборник, Музеј на Македонија, Скопје, 2000

Богомилско движење ... (5)
Она што како прво и основно го детерминира односот кон религијата е времето на изградбата на црквите во овој крај. Според истражувањата на д-р Коста Балабанов во монографијата Комплексните проучувања на планината Бистра, односно Спомениците на културата и уметноста на станати од периодот од X до XIX век во поширокиот регион на планината Бистра, најстариот црковен објект е во селото Лазарополе: црквата Св. Ѓорѓи, чиешто зоографисување е завршено во 1751 год.(19) (ние не се согласуваме со ваквото датирање на зографисувањето на црквата и сметаме дека се работи за ненамерна грешка направена од страна на пишувачката на овој труд - Слободан Шошкоски) Во сите останати села црквите се изградени во средината на XIX век. Во селото Галичник, црквата Св. Петка потекнува од крајот на XIX век, а централната Св. Петар и Павле е изградена во 1931 год.(20) црквата Вознесение на Св. Илија во селото Селце е завршена во 1867 год.(21) а Св. Петар и Павле во селото Тресонче е изградена во 1844 год.(22) Во истото село црквата Св. Никола е зографисана во 1873 год.(23), а Св. Богородица во селото Гари, во 1856 год.(24) Во селото Осој црквата Св. Ѓорѓи е зографисана во 1887 год.(25)
Овие податоци сосема недвосмислено упатуваат на фактот дека Мијаците го негувале Христијанството, но во една сосема поинаква форма - преку Богомилството, односно во себе имале изградено свој личен однос кон религијата и Господ и воопшто не им биле потребни посредниците од институцијата - Црква. Затоа и црквите се изградени толку доцна, и тоа во периодот на континуиран притисок на Турската империја за муслиманизирање на покорените народи, односно во моментите кога јачината на Богомилската мисла почнала да попушта, а со цел и црквата да го намали притисокот за муслиманизирање. Постоењето на манастирот Св. Јован Бигорски, континуирано од XI век па до денес, воопшто не претставува негација на јачината на Богомилската мисла во Мијачкото племе. Неговиот настанок, барем онолку колку што нe известуваат досега пронајдените пишани документи, не е поврзан со историјата на ова племе; во времето на Турската окупација, црквата имала силно позитивна улога во развивањето на националната свест, а воедно и во отпорот кон муслиманизирањето, така што истиот станува центар на религиозната и национална самосвест на ова племе.
Фактот, што напротив, нe води до сликата за јачината на Богомилството во ова племе, е постоењето на еден специфичен простор во речиси секоја куќа - параклис. Тоа е мал, издвоен простор, што служи за лична молитва. Издвоен од погледите на другите луѓе, осамен, човекот сам го поставува и го развива својот однос кон Господ. Првиот параклис е изграден на гробот на поп Богомил, и, по негов углед и сеќавање на нивниот прв водач, понатаму е сместуван во домовите. Освен тоа, она што Богомилите го прифатиле според Матеевото евангелие, е препорачаната „скришна“ соба за молитва во нивните куќи, бидејќи не ги почитувале Храмовите Божји како место за молитва, ниту сметале дека им се потребни посредници за духовното обраќање кон Господ. Многу долго, параклисот бил просторија без никакви знаци и обележја, а особено икони, коишто Богомилите не ги почитувале, за во последниот век, со прифаќањето на православјето, во нив да почне поставувањето на икони.
Она што е посебно интересно и вреди да се истакне е дека освен во куќите на Мијаците, параклисот ретко се сретнува во Македонската традиционална куќа, освен во некои делови на Западна Македонија, каде што и делувањето на Богомилството најдолго опстојало низ виорите на средновековниот период и Турското владеење. Тоа е уште еден податок којшто ни укажува на јакото влијание што го имало Богомилството во развојот, дејноста, духот и културата на ова племе. Исто така, интересно за анализа е Мијачкото знаме. За досегашното толкување на неговата симболика веќе стана збор. Фактот што најјако ја негира поставената теза на толкувачите, за употребени симболи на поробувачите на овој крај, на аглите на знамето, е поставеноста на месечината со краците нагоре. Овој симбол е чисто Богомилски и нашол свое место на знамето на Мијаците, со што тие ја покажуваат и нагласуваат својата припадност. Многу подоцна, Турците го превземаат знакот, го модифицираат и го поставуваат на своето знаме, како знак на нивната национална припадност. (26)
Сите овие елементи речито говорат и ја потврдуваат поставената теза за јачината на Богомилската мисла, која со векови го продуховувала живеењето и делувањето на ова племе. Својата одреденост кон Богомилството, не само што ја преточувале во своето творештво, туку често и ја нагласувале, како на пример, на знамето. Чувствувајќи ги сите позитивни влијанија што ги носи негувањето на оваа религија (а можеби многу повеќе социјално движење), Мијаците нашле свој особен начин да ги материјализираат малкуте почитувани симболи.Посебната склоност на Мијаците кон уметнички занаети зографството, резбарството и градителството, се должи на долговековното прифаќање на движењето на Богомилите, што доведува до раскинување на стегите што ги наметнува институцијата Црква, а со самото тоа и ослободување на личноста и нејзините највисоки креативни и интелектуални потенцијали. Затоа и најјакото, суштинско влијание на развојот на креативните и високо интелектуалните способности на Мијаците, го наоѓаме во движењето коешто, ослободувајќи ја единката, остава можност за развој на нејзиниот длабок внатрешен потенцијал. Потврдата на оваа теза ја наоѓаме во многу елементи од материјалните споменици. Длабоко вкоренето во нивната бит, ова движење, оваа религија, остава траги во секој елемент од нивното творештво, и покрај временската дистанца од настанокот и неговото активно делување. Во суштина, материјалните докази покажуваат дека во ова племе се задржало многу подолго отколку каде било на друго место и веќе станало дел од нивниот начин на размислување и живеење, односно во голема мерка ја одредило нивната бит.
_________________________________________
19. Балабанов К.,Комплексните проучувања на планината Бистра, Споменици на културата и уметноста на станати од периодот од X до XIX век во поширокиот регион на планината Бистра, стр. 80
20. Балабанов К., Исто, стр. 79
25. Балабанов К. Исто, стр.72