ДИМИТАР АРСОВ МИТРЕВ

ДИМИТАР АРСОВ МИТРЕВ
(1873-1903)
Роден е 1873 година во Лазарополе. Како син на поробена Македонија зема активно учество во македонското револуционерно движење. Се истакнал како смел борец во повеќе борби, особено во својот крај. Во 1903 година стапил во четата на познатиот војвода Максим Ненов од Тресонче и во неа подоцна бил избран за секретар на четата.
ПОВЕЌЕ (текстот е испратен од Слобoдан Шошкоски); Димитар Арсов Митрев е роден во Лазорополе, во 1873 година. Од најрана возраст покажува особен интерес за револуционерното движење во Македонија. За него се знае дека бил учител, но каде точно даскалувал не е познато. Димитар се наоѓал во Бугарија, кога познатиот тресонечки војвода Максим Ненов (Нинев), на 22 мај 1902 година, во селото Владаја, крај Софија формирал чета од свои земјаци Мијаци, кои таму биле на печалба. Во оваа чета имало 53 комити. Во 1903 година, најверојатно заради своето образование, неговото име се сретнува како секретар на четата, а всушност бил заменик војвода на оваа мијачка комитска дружина. Неговата улога во оваа чета станува уште поважна заради тоа што овој уреден и внимателен лазоровец, водел специјален дневник на четата, за кого знаеме дека броел околу 44 страници и во кој ги бележел сите случувања, податоци и согледувања, од формирањето на четата, па се до нејзиниот трагичен крај пролетта 1903 година.Од белешките на овој дневник се знае дека комитите располагале со 14 пушки манлихерки, со 4000 куршуми, 24 пушки мартинки со 5000 куршуми, три српски маузерки со 750 куршуми, 5 пушки кримовки со 1000 куршуми. Сè на сè 53 пушки и 11000 куршуми, 29 рачни бомби, 2 килограми динамит, 20 револвери со околу 100 куршуми за секој од нив, како и ками.На четата, криејќи се од тоа да не биде предадена и требале дури шест дена за да стигне до границата и на 29 мај 1903 година, ја минале реката Брегалница и влегле во Македонија, искачувајќи ја планината Голак. Се влогориле и преноќиле на ридот „Чавките“ (над Кочани). Но, тие сепак биле забележани и предадени. Утрото биле нападнати од турската војска и по жестоката битка што ја воделе загинале 18 комити, вклучувајќи го и легендарниот војвода Максим. Во оваа битка храбро загинале и лазороските комити Ефто Ристов Чадија, Спасе Глигоров Гудурот и Никола Долев. По, оваа несреќна случка раководењето со осакатената чета го презел Димитар Арсов Митрев, но и тоа не било за долго, бидејќи набргу и тој загинува во една престрелка со турскиот аскер.

извори:
  1. Георги Трайчев, Книга за Мияците, София, 1941

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post