ОТЕЦ МИТРОФАН
(17??-1807)
(17??-1807)
Знаеме само дека потекнува од Лазорополе, но за жал не сме во можност да посочиме од кој лазороски род потекнува овој знаменит човек. Тој се замонашил и дејствувал во манастирот Свети Јован Бигорски. Бил игумен на манастирот во периодот од 1796 до 1807 година. Во времето кога тој бил игумен на манастирот, околу 1800 година, на местото на тогаш постоечката мала црква каде што се чувала „побегнатата“ икона на Свети Јован Претеча, изградил поголема црква, таа всушност е сегашната црква во манастирот Свети Јован Бигорски.
За жал не знаеме ништо подетално за него и неговиот живот, освен дека починал во 1807 година. Бил закопан во дворот на манастирот.
изработил Слободан Шошкоски
Извори:
¨ http://pravoslavie.8m.com/19.htm
¨ http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce438/Tekst28.htm
¨ http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1209033
¨ д-р Блаже Смилевски, Срцепис за Лазарополе, Куманово, 1995, 60