LAZAROPOLE KAKO SE STIGNUVA DO LAZAROPOLE. PRIRODNI BOGASTVA. KRATOK OPIS NA DENESNA REKA.



Река
Реканскиот регион е сместен во западниот дел на Македонија, помеѓу Маврово и Дебар од едната, и помеѓу границата со Република Албанија и кичевската област, од другата страна. Географски гледано, Реканскиот регион на северозапад е омеѓен со јужните ограноци на Шар Планина, а на југ со северните делови на планината Дешат. На запад границата на Реканскиот крај ја исцртуваат планините Кораб и Крчин, а на исток Бистра и Стогово. Реканскиот регион своето име го добил од реката Радика и по нејзината притока Мала Река. Со оглед на изразито суровиот релјеф, со голем број планински врвови повисоки од 2500 мнв, комуникацијата меѓу населбите се одвивала по речните текови. Главните правци по кои се одвива комуникацијата во целата област се теченијата на реките Радика, Мала Река – Гарска. Во самиот Рекански регион може да се издвојат неколку целини и тоа: Горна Река, Долна Река, Голема Река, Мијачија и Малорекански крај. Регионот на Горна Река ја опфаќа територијата на горното течение на реката Радика од нејзиниот извор па сè до вливот на Рибничка Река. Во овој дел на Река спаѓаат селата: Бродец, Кракорница, Богдево, Врбен, Трница, Волковија, Тануше, Нистрово и Бибањ. Скоро сите овие села денеска се напуштени. Во минатато, во овој дел од регионот во голем број живеелe православни Македонци чиј мајчин јазик бил албанскиот. Долна Река ја опфаќа областа од вливот на Рибничка Река во реката Радика па сè до месноста Бошков мост, односно вливот на Мала Река (Гарска) во Радика. Денес во овој дел се сместени и најголем број од живите и развиени села. Тоа се селата: Жировница, Врбјани, Ростуше, Битуше, Јанче, Требиште, Велебрдо, Скудриње, Присојница и Видуше. Малореканскиот регион ги опфаќа областите по теченијата на Мала Река, Тресонечка и Гарска Река како и дел од планината Стогово. Така се сместени селата Гари, Тресонче, Лазарополе, Селце, Росоки, Осој и Могорче. Областа на Голема Река е сместена надолу од вливот на Мала Река (Гарска) во Радика до месноста наречена Горенички мост. Населението во Долна, Мала и Голема Река го сочинуваат Македонци (Мијаци) кои по својата вероисповед се православни или муслимани. Во Горна Река населението (сега во најголем број раселено) го сочинуваат т.н. Реканци на кои мајчин јазик од поодамна им е албанскиот, а вероисповедта православна. Истите се наречени и Шкрети. Денес, населението во Река брои околу 10.000 жители. Главни занимања на Реканците биле (и сè уште се) сточарството и печалбарството. Реканците од секогаш биле познати фреско-живописци, копаничари, ѕидари, мозаичари и денес тие се едни од најбараните фасадери, ѕидари, плочкари и мозаичари во Италија и западна Европа. Интересен е податокот дека во Реканскиот крај во дваесеттите години постоел млековод кој го спроведувал млекото од поголемите села до работилниците за преработка. Сирењата и кашкавалите од Реканско, преку Солун, се извезувале дури и во Америка. Пред Втората светска војна, во Река се напасувале 2.5 милиони овци и исто толку кози, како и повеќе од 150.000 коњи. Тие претставувале силен економски потенцијал од кој убаво живееле над 17.000 жители на тогашната Галичка околија.
Статистика
Според површината која ја зафаќа (374,8 км2), Општина Ростуше влегува во редот на поголемите во државата. Од друга страна, според бројот на население (10.336 жители) спаѓа во редот на помалите општини. Во Општина Ростуше фигурираат 21 населено место од кои 17 се постојни, а другите се раселени: Болетин, Росоки, Селце, Тресонче, Галичник и Сушица. Меѓу постојните села, преовладуваат малите, со помалку од 300 жители. Поголеми села се Скудриње, со 2.126 жители, Жировница – 1.997 жители, Могорче – 1.630 жители, Требиште – 1.106 и Ростуше – 919 жители. Помали села во општината се Присојница, Јанче, Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Видуше, Врбјани, Лазарополе, Гари, Осој и Росоки (со новата територијална поделба од 1. јуни податоците ќе бидат променети). Според последниот попис во Општина Ростуше има 2151 домаќинство.
На територијата на Општина Ростуше работат 3 централни основни училишта, и тоа: 1. „Ѓорѓи Пулески“ во с. Ростуше, кое ги опфаќа подрачните паралелки во селата Велебрдо, Битуше, Требиште и Јанче. Во ова училиште се школуваат 533 ученици, распоредени во 27 паралелки. Во училиштето има вкупно 47 вработени од кои за реализација на наставно-воспитниот процес се ангажирани 33 наставници. Од нив, 14 во одделенска и 19 во предметна настава, вклучувајќи го и директорот на училиштето. Училиштето е минимално снабдено со наставни средства и има потреба од набавка на истите. Пред училиштето има двор со површина од 100м2 кој се користи како игралиште. 2. „Блаже Конески“ во с. Скудриње, кое ги опфаќа подрачните паралелки во селата Присојница и Аџиевци. 3. „Маршал Тито“ во с. Жировница, кое ги опфаќа подрачните паралелки во селата Видуше и Врбјани. Во ова училиште учат 516 ученици, од кои 376 во Жировница, 126 во Врбјани и 14 во Видуше. Во с. Ростуше работат и истурени паралелки на гимназијата „Панче Попоски“ од Гостивар.

Инфраструктурни показатели

Патна мрежаВкупната должина на локалната патна мрежа во општина Ростуше изнесува 95,80 км.- асфалтиран: 27,50 км- макадам: 2 км- земјен пат: 19,3 км- непросечени: 47 км.
ВодоснабдувањеСнабдувањето со вода во општината е главно преку извори. Постојат 17 примарни и 17 секундарни водоводни мрежи. Има 17 примарни канализациони мрежи и ниту една прочистителна станица. Нема секундарни канализациони мрежи. Канализационата мрежа ја одржува секоја месна заедница, одделно. Водоснабдувањето и отпадните води не се управувани од општината. Постојат периоди кога се јавува недостаток на вода (сушните периоди – јули, август и септември).
Presentation of Mavrovo and Rostuša
The municipality of Mavrovo and Rostuša (8,618 inhabitants; 663.19 sq. km), located in the mountains of Western Macedonia, is made of the village of Rostuša and the settlements of Ad&#x017Eievci, Beličica, Bibaj, Bituše, Bogdevo, Boletin, Velebrdo, Volkovija, Viduše, Vrben, Vrbjani, Galičnik, Grekaj, Duf, Žirovnica, Žužnje, Janče, Kičinica, Krakornica, Leunovo, Lazaropole, Mavrovi Anovi, Mavrovo, Nivište, Nikiforovo, Nistrovo, Ničpur, Novo Selo, Orkjuše, Prisojnica, Rosoki, Ribnica, Selce, Skudrinje, Sretkovo, Sušica, Tanuše, Trebište, Tresonče and Cerovo.
The National Park of Mavrovo covers an area of 73.088 ha and is the largest of all three national parks in Macedonia. It was proclaimed in 1948. The park includes the mountains Korab, Desat, the south-western parts of Sar Planina, larger parts of Bistra and the northern parts of Krcin. The Radika River valley and basin are located in the central part of the National Park. A number of interesting morphological forms can be found in the Park: river valleys, gorges, waterfalls, karst fields, hollows, depressions, caves, circs, glacial lakes, different types of denudation shapes, etc. The community of mountain beech forest is the most represented vegetation in the Park. As a result of the great relief differentiation, the National Park Mavrovo has outstanding floristic wealth of over 1000 plant species, 38 of which are tree species, 35 bushes/shrubs, and about 60 are endemic, relict or rare species. The National Park of Mavrovo is a classical find for 7 plant species, a unique find in Macedonia for 12 rare plant species, and within the Park borders 33 other plant species that are very rare in the other parts of Macedonia can be found. The fauna in the National Park Mavrovo is rather diverse. It consists of 140 bird species, among which: the grey hawk, imperial eagle, golden eagle, forest owl, big owl, marsh harrier,
hen (pallid) harrier, as well as 11 amphibian species, 12 reptile species and 38 mammal species. Among the mammals, the bear, the lynx, the chamois and the wild cat are the most significant.
The main villages of the region of Mavrovo are Mavrovo, that gave its name to the whole area, Nikiforovo and Leunovo. The lake of Mavrovo, created in 1953, lies at an elevation of 1,220 m and covers an area of 13.3 sq. km (12 x 3 km), with a maximum depth a 48 m. The lake is well-known among fishers for its trouts and minnows.The
Zare Lazarevski Ski Centre is located in the village of Mavrovo, south of the lake. It has eleven skilifts and three chairlifts, with a total capacity of 11,000 skiers per hour. The ski tracks range from 1,255 to 1,865 m a.s.l. There are light and sound devices under the chairlifts so that skiing is possible at night, from 19 to 24 PM. All kinds of wintersports can be practiced here, as well as nature sports in summer (hiking, kayak, canyoning, paragliding etc.).
The village of Bituše is famous for the
Sveti Jovan Bigorski monastery, dedicated to St. John the Baptist and made of tufa, in Macedonian, bigor. The monastery complex includes a church, an ossuary, a defense tower, the monks' mansions and the newly built guest mansions. Monarch John found an icon of St. John floating on the river Radika and ordered the building of the monastery in 1020. After a Turkish raid in the XVIth century, only a small church was preserved; the icon miraculously disappeared and came back when peace was restored. The whole monastery was rebuilt in 1743 by Jermonarch Ilarion, who served as the first Igumen of the refounded Bigorski monastery. The famous icon shows St. John with three hands; the saint's additional hand is believed to be blessed and helpful for the families wanting to have a child. The legend says that in the XVIth century an Albanian bey worshipped the icon and got a child the next year; he transfered all his goods to the monastery and supplied the monks with olive oil all his life long. The masterworks of the monastery is the woodcarved iconostasis made in 1829-1835 by local artists - Petre and Marko Filipov from Gari, Makrarij Frcovski from Galičnik, Avram, Filip and Vasil from Osoj.

Where is Lazaropole?
The closest airport is OHD - Ohrid, located 39.8 km south of Lazaropole. More nearby airports include TIA - Tirana Rinas 82.4 km west, SKP - Skopje 90.5 km north east, PRN - Pristina 118.6 km north, KSO - Kastoria Aristotelis 130.8 km south, places near Lazaropole, Macedonia, The Republic of ::
// 3.4km to
Rosoki // 4.0km to Gari // 3.7km to Tresonče // 4.4km to Selce // 4.2km to Osoj // 5.9km to Mogorče // 7.3km to Galičnik // 7.9km to Janče // 10.4km to Ehlovec [all distances 'as the bird flies' and approximate]
coordinate (WGS84) :: Latitude (lat): 41°32'10"N; Longitude (lon): 20°41'38"E
On a plateau at Mount Bistra, surrounded by beech and oak forest, at 1,350 m altitude, is situated one of the highest settlements in Macedonia, the village of Lazaropole, the second largest in the region of Mijach. There are about 400 houses in the village. The older ones reveal the traces of the Mijach highland building style. The village was the birthplace of numerous Macedonian authors, educators, carvers, teachers, fresco and icon painters, and constructors. Especially picturesque are the village church of St. Giorgi, built in 1838, and the small churches in the forests near the village.
A visit to Lazaropole will adorn the soul with an unusual peace and calmness, will fill the eyes with the view from Sokolica of the summits of Krchin, Korab, and Stogovo. It will make you sense the odours of the mountain flowers of Koritnik and it will clean your lungs with the unpolluted crisp air of Bistra. It is wonderful to visit Lazaropole in June, when the whole area is filled with the narcissuses' odours, or in September, when the entire forest is bathed with the rainbow colours of yellow, brown, reddish, green, pink... Or in winter, wit the icicles glittering from the village's roofs.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
"Божја убавина"
Посеаната "Божја убавина" е мијачкото село Лазорополе во вишините на планината Бистра, на работ од една висорамнина, на надморска височина од 1.350 метри. Тоа е една од највисоките населби во Македонија, можеби и на Балканот. Во Лазарополе тече Лазароска река, која пред да се доближи до селото - понира. Од Лазорополе кон висорамнините на планините Бистра, Стогово и кон врвовите на Кораб и Крчин се простираат прекрасни видици од кои застанува здивот.
Надморската височина од 1.350 метри, медицински, е најпожелна за запирање на стареењето и можеби поради ова долговечните лазорополци ги паметат шумолењата на вековите што ги толчеле. Ако патувате со автомобил од Скопје, преку Тетово и Гостивар, потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на Радика кон Дебар, поминувајќи крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски. Доаѓате до крстопатот наречен Бошков мост, на неколку километри од Дебар. Тука се упатувате влево, по добар асфалтен пат. По околу 5 километри почнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве носи во планинските висини на Бистра.
По веќе создаденото чувство дека сте на небо, како маѓепсана книга пред вас се отвора необична населба и по својата локација и по своето сместување. Лазорополе пред вас се појавува како село од народните приказни - на карпесто издигнување се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трикатни, навидум расфрлени, но во строг ред наредени една над друга, со голема црква сред нив. Куќите се бели, градени од камен и најчесто потсетуваат на мали средовековни тврдини. Имате впечаток дека архитектонската организација на куќите наликува на "јато бели галаби" што секој момент се стреми да се вивне во небесната синевина што толку расипнички се истура над селото. Селото е заградено со букова и дабова шума, која го опкружува како венец создавајќи му ореол на венценосец на пејзажот. Кога чекорите по околните ливади, постојано стапнувате на природен килим од трева и разновидни планински чаеви кои околу вас шират опоен мирис. За Лазорополе постои занимлива легендата за постанокот на името: по некоја локална војна, збеснатитите турски јаничари пустошеле по мијачките села. Кога наближиле кон Главино село стражата поставена на карпите во Соколица им јавила на селаните дека им се заканува погром. Главатарот и селаните имале разработен заштитен систем - како и многупати дотогаш во знак на опасност селаните се засолнувале во блиската голема пештера, чиј отвор го знаеле само тие. Но, за жал, биле поткажани. јаничарите го пронашле тајниот отвор на пештерата и пред него запалиле влажно сено, та од чадот се задушиле селаните. Само еден селанец, по име Лазар, успеал да се пробие низ пештерата, да излезе во месноста дупчиња и да засели ново село кое било наречено според неговото име - Лазарополе, како што официјално се води. Но, старите лазарополци своето село не го нарекуваат Лазарополе туку - Лазорополе. Д-р Бл
аже Смилевски, познат публицист кој владее со историографијата на своето село, нуди друго етимолошко објаснување. Поимот "лазор" на старословенски означува голем простор, оголен и истребен од шуми, а токму такво е Лазорополе. Лазарополе е мијачко село со зачудувачки долга историска традиција. Прв пат се споменува во историските документи што датираат од втората половина на 15 век и тоа во Кодиката (Дародавница) на манастирот во село Слепче. Во 1582 година се сретнува во пописот како дервеняиско село со 60 домаќинства и 44 неженети христијани. Му припаѓало на вилаетот Река, Дебарска каза и на својот спахија му носел годишен приход од 3 000 акчиња. Задачата на дервенџиите била да го чуваат блискиот пат од арамиски банди и зулумќари кои ги ограбувале карваните и патниците што минувале. Кога престанала дервенџиската должност на лазорополци не се знае точно, но Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека во средината на 19 век Галичник броел 500 куќи, а Лазорополе 250. Според Стефан Веркович, во 1889 година Лазорополе имало 1 278 жители. Според Н. Кчев, во 1900 година селото броело 2 640 жители. Тогаш Лазарополе било мало гратче кое имало дури и свој фотограф - Евстатие Јолески. Во 1832 во Лазорополе година е направена црква, прва во мијачките села на Мала река, чиј ктитор бил Ѓурчин Кокалески - Лазоровец, истакнат претставник на македонската трговска буржуазија и автор на првата македонска проза. Црквата била ѕидана без дозвола 6 години, се до 1838 година кога Ѓурчин Кокале бил на аудиенција кај Султанот барајќи и добивајќи ферман за градба на црквата. Црквата Свети Ѓорѓија била завршена и осветена во 1841 година. Ентериерот го работеле повеќе зографи, меѓу кои бил и зографот Михаил кој бил пазарен и доведен дури од Света Гора, но поради неморално однесување бил заменет со славниот Дичо Зограф од Тресонче. Камбанаријата била завршена во 1857 година, како дар од синот на Ѓурчин Кокале, Дамјан, кој го исполнил заветот на својот славен татко. Првото училиште во мијачкиот крај е изградено во Лазорополе во 1841 година во кругот на црквата, а за прв учител бил поставен Мартин Хаџи Поп Теофилов. Во списанието "Вести" од 1906 година кое излегувало во Цариград, пишува дека во црковниот двор била изведена театарска претстава, трагедијата "Криворазбраните мајка и син" на учителот И. Алексиев, по која следело хорско пеење и комедијата "Заслужено накажан" од истиот автор. Основното училиште "Димитар Влахов" работелo се до крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Лазарополе е можеби најдобар показател за типичниот пример за подемот и падот на македонското село соодветно на економско-политичките турбуленции на кои бил безмилосно изложен. Во 1948 година во Лазорополе е формирана метереолошка станица, која е најглавна синоптичка станица за временската прогноза во нашата земја. Климата во ова високогорско село е со куси и свежи лета и со студени зими. Најниската забележана температура е евидентирана во 1954 година и изнесувала - 23 целзиусови степени, а највисока температура од +31,5 степени целзиусови во 1965 година. Првиот мраз се јавува во почетокот на октомври, а вистински денови со мраз се вкупно 134. Температура над 5 степени целзиусови почнува од 10 април и трае до 6 ноември. Под снежна покривка Лазорополе е просечно 92 дена, а има 80 просечно ведри денови во годината. Во Лазарополе сточарството било исконска стопанска гранка, бидејќи тоа несебично го нудат природните услови. Од добитокот Мијаците произведувале волна, месо, млеко и млечни производи не само за нивните потреби туку и за продажба. Сточарството се пренесувало од колено на колено. Секое семејство, дури и најсиромашното, располагало со неколку овци и коњ. Забележано е оти на падините на Бистра на почетокот од 20 век имало стотица илјади овци, а само во Лазорополе имало 14.000 грла крави. Најмалку десетмина лазарополци имале по 7 000 овци. Тие биле ќаји, а секој ќаја вработувал низа овчари, шилегари, фичури, котаряии, одаяии, молзачи, сирењари, урдари, бачовци, параќаи, итн. По Втората светска војна во селото е формирана задругата "Кочо Рацин" која законски ја стекнува традиционалната, селска сточарска дејност, бидејќи семејствата по закон не смееле да имаат повеќе од 10 овци! И така подложни на традиционално иселување, лазарополци почнале забрзано да се иселуваат во градовите, најчесто во Дебар и во Скопје, но и во странство. Дополнителен услов за миграцијата од мијачијата била и личната и материјалната несигурност загрозена од разноразни арамиски и зулумќарски банди која се протегнува веднаш по доаѓањето на Турците. За овие планински предели, и воопшто за Македонија, во периодот на турското поробување. Печалбарството се сметало како - специфичен вид стопанска гранка. Лазарополци печалбарите ги нарекувале "туѓоземјани", додека "домашари" биле нарекувани занаетчиите кои останувале да работат во селото и околината. На печалба заминувале наесен, а секогаш се враќале пред Илинден. Печалбарите најчесто заминувале во тајфи (дружини), а најпознати тајфи-лазарополци биле резбарите, зографите, ѕидарите-градители и кирајџии. За печалбарите од мијачијата постои и занимлива изрека: "куц мијак на печалба стигнува до Солун, а со две нозе - до месечината". Но, по Втората светска војна следувала лавинска миграција на населението, со што селскиот живот на Лазарополе дефинитивно завршува. Со отселувањето на последното семејство во седумдесеттите години од минатиот век, Лазорополе преминува од селска - во туристичка населба. Во Лазарополе се уште жилаво стопанисуваат задругата, со името на поетот "Кочо Рацин" која брои 7 000 овци кои се напасуваат во далечните околни пасишта, со овчари под наем, потоа задружен дом со фурна, кафеана и една самопослуга која го опслужува целото село. Но, ако побарате да купите јагнешко месо, сирење или овчо кисело млеко веднаш ќе добиете одговор дека - нема. Во Лазарополе нема ниту една кокошка, се врволка само по некое куче. Луѓето купуваат млеко тетрапак, кисело млеко во пластични канчиња, сирење и смрзнато месо од задружната самопослуга... Единствено селската задружна фурна нуди вкусен домашен селски леб. Овците од задругата ги чуваат платени овчари кои не се Мијаци. Денес во Лазарополе доминантен проблем е оддалеченоста од главните магистрални патишта, неизграденоста на патот што минува низ пределот јама а го поврзува Дебар со Кичево. Како последица на тоа се слабата снабденост на населбата, повремен или никаков дотур на дневен печат и репетиторски сигнал само за двете програми на МТВ. Во последните години од изминатиот милениум во Лазарополе е изградена пошта со автоматска телефонска централа со околу 150 телефонски броеви. Моментално во Лазарополе има над 300 обновени куќи, феномен кој е за почит - денес повеќето лазарополци се враќаат на своите исконски огништа и ги обновуваат своите домови. Разурнатите куќи се претвораат во модерно дизајнирани селски куќи, снабдени со сите градски удобности. Се белеат сателитски антени, најмодерни автомобили и џипови стојат паркирани пред домовите или на полјаните пред нив. Кога шетате низ стрмните и кривулести калдрмисани улички, имате чувство дека се наоѓате во мало туристичко гратче. Речиси пред секоја куќа има градина со цвеќе. Лазарополци плаќаат комуналии и струја, а водата им е бесплатна. Разурнатите куќи сй уште ги има и грубо го нарушуваат архитектонскиот спокој на селото-гратче. "Тоа се куќи на деленици кои не можат меѓусебно да се усогласат кој колку треба да вложи за да се изгради нова куќа", се жалат лазарополци. Се градат куќи дури и од немијачки тип, бидејќи некои доселениците доаѓаат директно од европската заедница. Денешните лазарополци не чуваат во своите софистицирани куќи - овци. Ниту пак знаат да се занимаваат со сточарство. Лазарополе било и непресушно извориште за еминентни личности во македонската национална историја. Најеминентни лазарополци се отец Митрофан, кој бил игумен во најтешкиот период на манастирот Свети Јован Бигорски; архимандритот Анатолиј Зографски, автор на првото македонско букварче; архимандритит Теофил Жунгуловски, водач на црковно-просветното движење во западна Македонија; Ѓурчин Илија Кокалески, "човек ѕвездалија", лидер на Лазарополе и цела дебарска каза; Васил Икономов, учител кој го објавил "Зборникот на старонародни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско"; Исаија Мажоски, кој од императорот Николај Втори и Светиот Синод на Руската православна црква добил две камбани за лазарополската црква; Аџи Симеон Жунгуловски, игумен кој бил погребан во манастирот Света Пречиста, Стамат Лалчевски го изградил водоводот; Ташко Грујовски, народен пратеник, заслужен за изградба на мијачката стратешка ифраструктира. Од поново време познати лазарополци се писателите: д-р Симон Дракул и академик д-р Анте Поповски.
Како куриозитет од минатите системи, во Лазарополе се уште опстојува "вилата на Лазо Колишевски" која се наоѓа на пристојна оддалеченост од населбата. За време на неговото владење другарот Колишевски доаѓал во неговата вила со својата свита, се одморал и одел на лов на дивокози на карпите околу блиското село Тресонче. Вилата денес стои празна и пропаѓа, бидејќи е дадена под наем. Економскиот стремеж на Лазарополе поради природните убавини на планината Бистра диктира развој на сточарство во пределот. Каков стопански развиток треба да се реализира во сегашните и идните економско-политички услови? Кон ова веднаш се надоврзува туристичкиот подем. Самите лазарополци се враќаат и го обновуваат своето убаво село, но живеат или како пензионери или како сезонски туристи кои во зимскиот период го напуштаат селото.
Дојдете во Лазарополе, ако не дојдете ќе бидете осиромашени за една несекојдневна убавина, осиромашени за една питомина на пејзажот што смирува, разгалува, опушта, ја плени душата.
Текстот е превземен од www.kralimarko.org.com .
-------------------------------------------------------------------------------------------------
Најмалиот тунел во Европа остана во минатото
Тунелот што се наоѓа на регионалниот пат Дебар - Маврово, кај селото Скудриње, веќе не постои. Според некои статистички податоци, овој тунел беше најмалиот на европскиот континент. Со неговото минирање и уривање, во историјата заминува и легендата која велат дека е стара со векови. Според легендата, тука животот несреќно го загубила невеста, па како сенка се' уште излегува во ноќните часови, но само во летниот период. Во нејзина чест по некое непишано правило жителите од поширокиот регион кога со возило минуваа низ тунелот секогаш свиреа по трипати. Инаку, деновиве забрзано се работи на реконструкција и проширување на делницата Бошков Мост - Дебар, во должина од дваесетина километри. Досегашната широчина на патот од пет се зголемува на шест метри, а на одделни места, за да се ублажат честите и остри кривини, патот ќе биде широк и до девет метри.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
"ШКОЛОТО"
(1934-1970-2008г.)
Училишната зграда во која беше сместено основното училиште-народната осмолетка "Димитар Влахов", замина во минатото. Со почеток на изградбата се започнало во 1932 година и изградбата траела до 1935 година, кога и започнува првата учебна година, 1935-1936 година. Треба да се напомене дека пред изградбата на ова училиште (1935г) во склоп на лазоровската црква од 1844 година до 1934-35 година работело училиште каде што младите лазоровци го стекнувале своето знаење. Училишната зграда која започнала со работа во учебната 1935-36година и народната-осмолетка-училиште работи се до учебната 1969-1970 година, по што училишната зграда потполно од селото и самата држава е оставена да пропаѓа, поради една и единствена причина, престана да ја врши својата работа-замина под стечај. Нека се туруват, нека гниет. Во ова основно училиште-оваа зграда во една учебна година знаеле да ја "посетат" од 250 до 300 ученици (се разбира во времето пред да започне т.н. миграција село-град; покрет напред марш, трчечим кораком сви у град!), деца-ученици, нашите родители, од Лазарополе, Тресонче, Гари, Осој, Могорче, Росоки, Селце и Косоврасти. Училишната зграда (Димитар Влахов) замина во минатото октомври месец 2008 година, може и поарно зашто оваа зграда која некогаш давала знаење како да се снајдат младите во суровиот живот не дозволи да се претвори во кобна трагедија, зашто ние и другите млади знаевме времето од нашиот летен одмор во Лазарополе да го минуваме во таа "туреница", во/околу ШКОЛОТО.


-------------------------------------------------------------------------------------------------

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post