Loading...

LAZAROPOLE JANUARY 2012






















LAZAROPOLE JANUARY 2012 PHOTOS BY KATE ANGELOVA & FILIP GLIGUROVSKI

LAZAROPOLE PHOTOS 2011


LAZAROPOLE PHOTOS 2010


LAZAROPOLE PHOTOS 2006/2007/2008/2009

Мајовци познати изработувачи на зурли и тапани

Освен по музицирањето, познатата дебарско-мијачка група Мајовци се и едни од најдобрите изработувачи на зурли и тапани.
Mузичките тајфи кои музицираат на дебарските зурли и тапани се познати не само во нашава држава туку и пошироко во светот, но многу познати во Дебар се и мајсторите кои ги изработуваат зурлите и тапаните. Во Дебар има неколку познати мајстори кои ги изработуваат овие музички инструменти, а тоа се членовите на познатото дебарско семејство Мајовци.
Петрит Исаковски е познат зурлаџија, но и еден од најдобрите изработувачи на дебарската зурла. Тој во својот дом има работилница во која со задоволство изработува зурли.
Дебарската зурла се разликува од другите зурли по тонот кој се добива, но и од должината на инструментот. Оваа зурла е долга 52 сантиметри, додека другите се многу пократки.
„Дебарската зурла се изработува од дрво - дива цреша. Дрвото треба да отседне повеќе од една година, а потоа тоа дрво се буши и се бара соодветниот звук. Следи дупчење на дупките и изработката на славецот кој се изработува од зеленика и шимшир. Потоа се прави писката. Дебарската зурла се разликува од другите зурли по тонот кој се добива, но и од должината на инструментот. Оваа зурла е долга 52 сантиметри, додека другите се многу пократки“, објаснува 43-годишниот член на семејството Мајовци.
Зурлите што тој ги изработува, денес покрај другото ги има и во многу домови во повеќе градови од земјава, кои се чуваат како сувенири.
Мемет Бајрами има 52 години и е внук на семејството Мајовци. Тој е најдобар изработувач на тапани. Над 20 години изработува тапани со познатите карактеристики на дебарско-мијачкиот регион.
„Каснакот од тапанот се изработува од костен или, пак, од ореово дрво. Карактеристично е тоа што дрвото, по направениот избор, се поставува во ѓубре од лисја и таму стои до два месеца. Потоа започува процесот на виење на каснакот, за да добие еластицитет и боја. Следи изработката на обрачот, кој се прави од дрво леска. Кожата на тапанот е од коза или, пак, од младо теле. Пречникот на дебарскиот тапан е 62 сантиметри“, објаснува Мемет.
Петрит и Мемет изработуваат зурли и тапани и за многу други музички тајфи од дебарскиот регион. И двајцата овој занает го имаат научено од нивните родители, кои исто така беа познати музичари и изработувачи на народни инструменти. Опстанокот на нивните семејства, Петрит и Мемет го обезбедуваат како од свирење на свадби и други манифестации, така и од заработката од продажбата на изработените зурли и тапани.

види линк: РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА

МАЈОВЦИ; MAJOVCI


ТЕШКОТО ВО ИЗВЕДБА НА МАЈОВЦИ mp3

Тешкото во изведба на Мајовци

МАЈОВЦИ mp3 / MAJOVCI mp3 / Traditional Macedonian songs and dances with 2 drums & 2 pipes (zurla)

Тешкото
Манукот-зетовското
Тргна моме на вода


Тешкото, неговите корени, рожбата



Од вековите што прелетаа, што останаа зад нас, преживеаа единствено културните настани, односно нивните творби. Од нашето скриено ковчеже се изнедри, се ослободи само креативниот дух што го имаат создадено делата како што е орото „Тешкото“, таа духовна светлина што непрекинато зрачи.

Никој досега не пројавил интерес да ги побара корените, рожбата орото. Барем јас не сум сретнал пишување во кое би биле забележани иследувања за рожбата, односно потеклото, местото времето, луѓето и се друго што би било од интерес за постанокот на орото. А напишани се безброј анализи, искажани се многу толкувања за тоа што претставува овој танц. Меѓу другото дека е тоа оро кое со движењата на игроорците ни ги доловува најсложените сфери на човековата душа.

тешкото е една состојба на внатрешна напнатост, чувствата да се соопштуваат со помош на знаци, движења на ногата и телото, вклучувајќи го и темпото на тие знаци.

Во играта „Тешкото“ се вткаени многуслојни стилски можности. А познато е дека е добар секој стил што вистински пренесува некоја внатрешна состојба и не прави грешки во врска со знаците, со нивното темпо, со изразите, всушност, со сите закони на периодиката кои спаѓаат во уметноста на изразот.

Напишани се и стихови за орото кое и овозможи на нашата фолкорна уметност невидена популаризација дури и надвор од нашите граници. Висок дострел како дејност, што активно ја продолжува духовната традиција, кај милионската публика, не создаде како еден балкански (ако не и светски) центар на создавачи (творци) на секогаш присутниот исчекор кон светлината.

Тешкото се родило и живеело во Мијачијата. Тоа ги одразува погледите врз животот на Мијакот кој го создал, го играл, повторувал, разраснувал и одржувал до денешни дни. Кога ја слушам мелодијата на „Тешкото“ (но онаа во записите на Мајо, Ишлам и Исак) имам чувство дека ја доловувам душата на Мијакот.

Проблемот за рожбата на „Тешкото“ се разбира е премногу сложен за да биде можно да се претстави дури и во најкуси црти. Мораме значи да се ограничиме и да покажеме само неколку аспекти на таа загатка.

И при првата помисла да пишувам за корените на „Тешкото“, без свесен дека ќе се сретнам со многу спорна задача. И покрај тоа ја ставам на увид мојата теза: постанокот на „Тешкото“ како мелодија, како оро е во селата на Мијачијата. Или уште поконкретно: во Лазорополе или Гари.

Мојата претпоставка признавам, е лизгава, повеќе заличува на легенда и има мала историчност.

Очекувам повеќемина да тврдат дека „Тешкото“ е обичајна мелодија и оро од векутума, длабоко забележано во традициите и обичаите на поколенија мијачки семејства. Или ќе речат дека едноставните луѓе Мијаци не сакале од него да се одвојат, да се разделат. Го негувале и усовршувале како најмил, најсакан свој производ.

Многу нешта не се запишани. Се пренесуваат преку усната традиција. Или, поинаку кажано, со народните кажувања се создава извесна, определена усна традиција со изразити фолклорни особености. И токму таа традиција денеска е тешка за дешифрирање, затоа што е натрупана со факти и творби на народната фантазија. Има луѓе коишто со задоволство фантазираат и измислуваат за да го облагородат својот и животот на своите роднини, пријатели и другари, давајќи му со тоа длабоко значаење.

Усната традиција толку често измамлива, нема и не може да има вредност на категоричен доказ. Затоа и нашата хипотеза за авторот на „Тешкото“ повеќето ќе ја сметаат за сомнителна. Но ред е да ја раскажам.

Во сега веќе далечната 1964 година како млад лекар службував во моето родно место Лазорополе. Имено како стипендист на тогашната Мавровска Општина имав обврска три години да се оддолжам со работа во родното место. Тогаш селото имаше сеуште многу жители. Имаше осмолетка.

Се раѓаа деца. Мојата помош при породувањето (од што најмногу и се плашев) се случуваше во оваа година. Но, имав слободно време на претек. Често знаев да ги посетам и да помуабетам со моите пациенти и во нивните домови.

Беше убава доцна есен. Лазорополе тогаш е најубаво. Боите на лисјето на шумата просто ме викаа да прошетам кон Горно Маало.

А таму седнат на едно столче троноже, го сретнав мојот редок пациент Огнен Ичкоски. Имаше убава старечка возраст, но и болест на нозете. Поради заболување на периферните нерви имаше петлов од. Тешко се движеше. Го поздравив и за да заподенам разговор му велам:

- За на оро веќе не ќе можат да те служат.

- Ја и никогаш не сум бил игроорец. Но моите далечни претци биле одвеани играорци и ковачи. - И приказната почна. Лазоровци празнуваат еден необичен празник. Тоа е Огнена Марија, се паѓа секој пат на 30 јули. Тогаш не се работи, се одмора. А еве зошто: Многу одамна (на 30 јули 1807 година) настанал пожар во селово. Изгореле 57 куќи ржаници. Меѓу нив и куќата на циганските ковачи. Можеби од нивната колиба и се проширил пожарот. Го напуштиле Лазорополе и се отселиле во Ложани, Прилепско. Мојот прадедо останал сам со ковачкиот занает, учен недоучен кај ѓупците и со меракот за играње оро практикуван со нивното свирење на зурли и тапан. Едно летно попладне, по Илинден во педесеттите години од 19 век селскиот коџобашија Ѓурчин Кокалески (залежан во постела од старост) ги поканил тогаш младите ковачи Перо и Јуфуф, ѓупци од Гари, едниот зурлаџија, а другиот тапанџија. Нарачал да му исковет за едно цело ергеле потковици и неколку узенгии за седла.

По добро завршениот пазар Перо и Јусуф не можеле а да не засвират со своите инструменти зурлата и тапанот. Перо ја одбрал најубавата писка. Отсвириле една права свадбарска езгија. Можеби тогаш токму пред прочуениот ќаа со над 12 илјади овци и неколку стотини коњи, пред прочуениот селски коџобашија кој бил дури кај турскиот цар во Истанбул ја свиреле најубава песна за Бистра, за кроткото јагне што цицало од две мајки, за младоста која одминува и не се враќа, за убавите мијачки девојки и невести... И не заборавиле да побараат дозвола од коџобашијата одново да се населат како ковачи и зурлаџии во Лазорополе. Ѓурчин им го озоможил тоа. Им дал селска утрина за градба на куќа, градина и ваковски ливаѓе за користење.

Но им поставил само еден услов. Во Лазорополе можат да живеат само две еѓупски семејства колку што барале Перо и брат му Јусуф. А кога семејството на Перо се зголемило со 4 синови: Мајо, Исак, Амид и Ракиб, двајца од нив се иселиле во Дебар. Останале во Лазорополе само Мајо како зурлаџија и Исак како тапанџија.

И занаетот ковачки заедно со нив.

Повторно Илко Ковачески иако остарен можел да го практикува и игањето оро и ковачкиот занает.

Прашањето на годината на настанувањето на „Тешкото“ е сложено. Иако тоа не е безначајно, како што се чини. Зашто, степенот на веродостојноста на историското дело треба да се оценува зависно од тоа кога орото било за прв пат одиграно, или кога за прв пат наследници на Перо и Јусуф (Мајовци) го отсвиреле. Ова е важно и заради толкувањето базирано врз неодредени усни преданија, како и врз измамливата човекова меморија.

За жал целата оваа аргументација, навидум толку несоборлива, има многу конструкциски слабости. Пред се таа не ги зема предвид во правосудството познатите тешкотии на сведоците. Познато е дека меморијата дури и на интелегентниот човек не е сигурна кога станува збор за реконструкција на видените детали дури и од поблиското минато. Особено ако човекот сведочи под ментална пресија на средината во којашто живее и доколку е во состојба на интелектуална еуфорија и егзалтација. Расчекорот меѓу историската вистина и фантазирањето си останува во кругот на своите верувања, преисполнети од убавините на своите надземски восхитувања и копнежи. Да се вратиме сепак на вистинската тема и да се обидеме да одговриме на прашањето: кој прв го одиграл „Тешкото“.

Секоја народна творба е плод на инспирација на едно лице во даден момент предизвикан од неговиот материјален живот. Еднаквите животни услови кај луѓето предизвикале кај нив и едкакви, или барем слични претстави и зфаќања за да бидат преточени во оро. Непознатиот автор Мијак прв го одиграл „Тешкото“ и потоа го пуштил на еден непрекинат ретуш на идните поколенија. Тие го стилизирале, усовршувале и така придонесувале за негово разубавување.

Секој ороводец го интерпретирал „Тешкото“ на свој начин, го менувал и дотерувал по свој сопствен вкус, манир и разбирање. „Тешкото“ што се играше во Лазорополе има многу варијанти. Или поубаво е да се напише дека секој од познатите ороводци од Лазорополе оставил трага во создавањето на „Тешкото“.

Доградувањето на „Тешкото“ заврши во педесеттите години од минатиот век. Кореографската постановка што ја направи прочуениот ороводец Дојчин (Лонза) Матески, лазоровец, во штотуку оформениот Ансамбл за народни песни и ора „Танец“ е дефинитивна. Оттогаш „Тешкото“ се игра насекаде исто. Во сите културно-уметнички друштва, клиширано.

Од книгата Тешкото од Лазорополе од Блаже Смилески, 2006 г.

ХЕ Бошков / HPP Boskov Most

ХЕ Бошков мост се предвидува да се изгради на Мала Река, блиску до градот Дебар и магистралниот пат Скопје-Дебар-Охрид.
Предвидена е изградба на брана и акумулација со зафатни градби на сите притоки на Мала Река, деривациони канали, главен доводен деривационен тунел, цевовод и машинска зграда.
На крајот на доводниот тунел е лоциран цилиндричен водостој. Водата од водостојот се води преку два цевоводи до машинската зграда.
Техничката документација е на ниво на Главен проект.

Основните карактеристики на ХЕ Бошков Мост II се:
Просечен проток 5,75 m3/s
Просечно производство 117,54 GWh
Конструктивна висина на брана 44,40 m
Геодетска висина на брана 33,80 m
Дијаметар на доводен тунел 3,00 m
Инсталиран проток 22,00 m3/s
Број на агрегати 2
Инсталирана снага 68,2 MW
Номинален пад 357,00 m
Тип на турбина Францис
Тип на генератор Трифазен синхрон
Инвестициона вредност 70.000.000 EURO
Време на градба 4 години

ЛАЗАРОПОЛЕ - АЛФА ТВ

Илинден - прзник на духовно и национално торжество!
повеќе види линк: http://www.bigorski.org.mk
170 години од осветувањето на црквата "Св. вмч. Георгија Победоносец" во Лазарополе (02.08.2011)

Иже...

Трисагија

Химна на доксологија

ТВ Галерија - Анте Поповски, Живот и дело. (ТВ ОРБИС - Битола)

„Живот„ посветена на Анте Поповски, на ТВ Алфа

Clip from Jadran Film 1948 production. This version of Teskoto is from the village of Lazaropolje

Povratesko,s. Lazaropole

Road Lazaropole-Boskov Most 1/ Пат Лазарополе-Бошков мост 1

Road Lazaropole-Boskov Most 2/ Пат Лазарополе Бошков Мост 2

Lazaropole intermeco

lazaropole winter 2009

Blagoja Grujovski - Lazaropole - Filizo mome

Naum Petreski -- Lazaropole tamu najgore

Lazaropole ARDF-ARG "ILINDEN 88" DEL 1

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

Ресторан Три Круни

Ресторан Три Круни
Три круни нека биде место за вашиот семеен ручек, но и катче за дружба со пријателите и деловните партнери. Во мирниот дел на Дебар Мало вашето слободно време нека биде исполнето со гурманско задоволство од нашето мени. За резервации +389 78 502 502. Локација на ресторанот:Благој Давков бр.1, Скопје

РЕКЛАМИРАЈТЕ СЕ НА efair4u

РЕКЛАМИРАЈТЕ СЕ НА efair4u
http://www.efair4u.com

KOSMOPRINT

KOSMOPRINT
ул. Христо Смиленски 11; Phone: + 389 2 3245 157

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com