Св. Ѓорѓија - Ѓурепи и Крстот на Цуцул

Св. Ѓорѓија - Ѓурепи и
Крстот на Цуцул
Малата црквичка посветена на Св. Ѓорѓија се наоѓа недалеку од селото во правец на исток, југо-исток, на патеката која што води до блискиот врв наречен Цуцул и претставува вистинска можност за добра прошетка и посета и на двете месности. За да се стигне до нив, се поминува низ прекрасни ливади окружени од букова шума, која и во најтоплите летни денови ја задржува утринската свежина. Патеката за пешачење воопшто не е напорна и претставува задоволство и за повозрасните посетители. Откако ќе се поминат овие ливади се навлегува во шумата, каде што веднаш ќе ве пречека малото камено мостче (реплика на Елен Скок) кој го изгради Јосиф Јосе Дракулоски, а кое самото по себе претставува скулптура во просторот давајќи му на самото место карактеристика на бајковидност.
На стотина метри од мостчето се наоѓа чешма со исклучително студена вода, која тече во текот на целата година. Се верува дека оваа вода е лековита. Токму за ова чешмиче се врзува и преданието кое му претходело на добивањето на името на ова место. Имено, некоја жена од Лазорополе, покрај трите девојчиња што ги имала í се родило и машко дете кое го крстиле Ѓуре (тоа е изведено нагалено име од Ѓурчин т.е. Ѓорѓија), но тоа било многу болежливо и немало апетит. Нејзината свекрва ја советувала да го шета детето во околината на селото и да го напива од студената вода од чешмичето, во надеж дека тоа ќе му го поврати апетитот на детето. Загрижената мајка секојдневно го шетала Ѓурета и на крајот од прошетката го носела на чешмичето непрестајно молејќи го: - Пиј, Ѓуре. Ѓуре пи, Ѓуре пи!
По извесно време детето заздравело, му се повратил апетитот и почнало да напредува. Оттогаш, селаните чешмичето го нарекле Ѓурепи, а самата месност станала ваковска, односно црковно-селска.
Самата чешма според натписот што стои на неа е обновена од Јован Слзданоски - Чаруга за здравје во 1995 година.
Според паметењето на постарите жители на селото црквичката е изградена кон крајот на 19 век од страна на Косто Цунца и неговиот син Блаже. Каменот за изградбата на оваа црквичка го носеле од блиската месност Цуцул. Над самата влезна врата на црквичката постои натпис, кој за жал со текот на времето станал нечитлив, а кој несомнено давал повеќе податоци за годината на градбата, како и за самите градители. Во осумдесетите години на 20 век, црквичката од страна на тогашниот црковен одбор е препокриена со лим, за да не прокиснува. Токму пред влезот на црквичката, на зарамнетото плато постојат две клупи за одмор на посетителите. Глетката на шума што ве заобиколува од сите страни, самата по себе го зголемува визуелното доживување и задоволство што го чувствува секој гостин намерник, кој дошол да го посети црквичето.
За потполно заокружување на оваа прошетка ви препорачуваме да продолжите уште малку по патеката која што се гледа и која што продолжува недалеку од црквичката Св. Ѓорѓија, со цел да се стигне на врвот наречен Цуцул, каде што е подигнат крст кој се гледа уште со самото приближување на Лазорополе. Иако за некого ова искачување можеби ќе биде малку напорно, Ве уверуваме дека напорот што ќе го вложите, потполно ќе Ви се исплатува, благодарејќи на восхитувачката глетка која што ќе ја видите од ова место. Панорамскиот поглед што се пружа пред Вас, го опфаќа како целото село, кое се гледа како на дланка (инаку местото е идеално за фотографирање на панорамска слика на селото), така и неговата околина, давајќи ви чувство на надмоќност и интензитет на доживувањето како по одлично завршена работа.
И Ве уверувам дека не сте погрешиле, бидејќи посетата на волку моќни места е секако одлично завршена работа и тоа лично за Вас и за Вашите спомени.
Пријатна забава!
Текстот е на Слободан Шошкоски

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post