СПОМЕНИ - ЛУКА ЏЕРОВ

Спомени - Лука ЏеровБорба со арнаутските угнетувачи на народот. Првите две чети во Кичевско. Џеров и др. во затвор. Од Смилевскиот конгрес Џеров назначен за реонски началник во Кичево. Вооружување за востание.
... Во тоа време четата го отепа зулумџијата-Арнаутин Ремко, од селото Солб. Тоа е арнаутско село, населено со Арнаути, доселени од Дебар и познати по тоа што во 1840 година востанале против султанот, па селото им беше уништено. Тој Ремко економски беше заробил многу села и во Демир Хисар и во Кичевско. Тој веќе ја имаше намирисано нашата Организација. Се чини дека беше и поткупен од Србите, зашто советувал да се купуваат српски книги. Тој беше итар, но не убиваше христијани и постапуваше со итрина. Убиството предизвика претреси по околните села - имаше затворени, измачувани, но ништо не се откри. Ремко беше отепан во близина на селото Малкоец, Кичевско. …… Во истата 1899 година, кон крајот на јуни, беа убиени дебарските бегови и аги: Абдураман бег и други 4 првенци од Дебар. Четата избрзала, без да добие дозвола од началството. Абдураман бег, исто како и Ремко, беше ги заробил мијачките села - Лазарополе, Галичник и др. Беше речено четата да чека до есента со убиството, и ако може жив да го фати, за да се земе потоа голем откуп за комитетот. Четата избрза: разбрале дека Абдураман бег ќе оди да купува чифлик во Прилеп и дека со себе ќе носи 2000 лири. Го отепаа на граница меѓу Кичево и Дебар, но нашле само 150-160 лири. Дебарските власти, за да се оправдаат, велеа дека го убиле кичевските комити, а пак кнчевскиот кајмакам одлучно негираше дека има комити во неговиот реон. И така во Кичевско не беше никој затворен. Но Арнаутите се сетија дека убијците се комити, зашто нашите жртвите ги заклале со ножеви, а на тој начин Арнаутите не убиваат. Се помисли дека ги отепал дебарскиот разбојник Рамдука, кој два дена пред тоа минал покрај Лопушник, местото на убиството. Арнаутите почнаа да се одмаздуваат во Лазарополе и Душегубица, зашто меѓу тие две села се случи убиството. Го отепаа прво кметот на Лазарополе Боско, потоа уште 6 момчиња. Ги отепа Рамдука. Истиот Рамдука, заедно со околу 100 души, во текот на ноември 1899 година го нападна Душегубица, го запали и изгоре 40 куќи, отепа 1 старец, 1 жена, 1 момче на 11 години. Имаше наши четворица со комитетски пушки: излегоа, фатија позиција и ги избркаа. Истата година ме затворија мене и уште 12-13 души, меѓу кои главни беа ѓакончето и ѓаконот Тома, архиерејскиот намесник во Кичево, кичевските учители и др. Еден од нашнте работници во пијана состојба кажал некои тајни иа Организацијата и затоа не затворија. Лежевме околу 8 месеци во кичевскиот, потоа уште пет во битолскиот затвор. Немаше други сведоци, па со поткуп и со пријатели, излеговме. Еден Турчин, полјакот од Бигор-Доленци, по име Бекир, се заколна дека ние сме чисти, а всушност сведочеше лажно, и тоа не за пари. Српските агенти беа многу задоволни, зашто имавме преземено здрави мерки да ја запреме српската пропагавда во Поречието, а откако не затворија нас и најдобрите селани кои работеа со нас, населението се исплаши. Србите тогаш го беа поткупиле и кајмакамот. Со нас беше затворен и селанецот Анастас од селото Манастирец, седиштето на србоманите во Поречието. Тој Анастас беше со нас; тој беше богат и мошне влијателен. Кога го пуштија од затвор заедно со нас, го отепаа Арнаути, поткупени од Србите, пред неговата куќа. Тоа убиство го вознемири населението и тоа почна да ја губи надежта дека ќе се извлече од србоманите кои работеа со Турците. …
… На 17 август, околу 500-600 души аскер, откај Дебарско се обиде да го нападне селото Душегубица, но селаните ја пречекаа војската подготвени и сами ја задржаа околу 4 часа. Женнте беа храбри - на борците на позицијата им носеа патрони и вода. Ние почнавме да се собираме за помош: јас со селаните од Лафчани стигнав порано и аскерот го нападнав од лево, а другите села - Иванчица, Ехловец, Попоец, Кленоец ја нападнаа војската од десно, па со здружени напори го одбивме нападот. Жртви немавме, а ранети беа неколкумина. Аскерот избега. Офицерот во брзањето ги беше заборавил биноклот и наметката. Идниот ден, на 18 август, повторно се зададе аскер. Но, ние бевме подготвени, спиевме на позициите и уште в зори фативме подобра позиција - подалеку од селата, во Дебарско. Имаше наредба да се остави аскерот, за кого претпоставувавме дека ќе дојде, да се доближи до 100 чекори. Местото се вика Думовица, на врвовите на Бистра. Кога наближи аскерот на 600 чекори, пукна пушката на еден невнимателен четник. Аскерот веднаш се врати назад без да испука ниеден патрон. Ние залудно пукавме во неговиот грб. Бидејќи аскерот не покажа никаков отпор, решивме да се вратиме во селата, зашто беше тешко за храна на голема оддалеченост.На 19 август не се појави никаков аскер, а околу 1 часот на пладне, стаса известување од Лазарополе дека два табора аскер стигнале во ова село од Дебар и д
ека другиот ден сакале да не нападнат. Тогаш брзо се организиравме - му пишав на војводата Арсо да го блокира патот кој оди од Кичево кон нашиот реон. Им пишав на селата Добреновец, Јаворец, Кнежино истата вечер да тргнат кон месноста „Два камена", каде заедно со 20 души стари четници и со селаните од Лафчани - вкупно 75 души - чекав да пристигнат уште истата вечер. Им напишав и на селата Малкоец, Кленоец, Попоец и Иванчица да одат во Душегубица, а востаниците од Ехловец да го чуваат преминот Јама. Но известувањето во селата стасало приквечер, па тргнувањето сите го одложиле за утрото следниот ден. Истата вечер кај „Два камена" стасав само јас со Лафчани. Аскерот, за чудо, од Лазарополе тргнал уште ноќта и пред зори се најде пред нашите позидии. Ние веднаш се подготвивме да пружиме отпор, бидејќи се надевавме на брза помош. Во тоа време аскерот се подели на две колони - едната тргна кон Душегубица, а другата против нашата позиција и по патот за Лафчани. Но, душегупчани, изморени од неспиењето и гладот и без патрони, ги напуштиле позициите, избегале и се упатиле кон Кленоец. Патем ја сретнале помошта од селата и се упатиле кон Кленоец. Аскерот влегол во Душегубица, го запалил селото, го изгорел целото и продолжил да ги брка до Кленоец. Но бил песретнат со силен оган и одбиен. Восганиците имаа и еден дрвен топ (12 педи), кого го испразниле 4 пати (полнет со ситни шајчиња и желевца). На тој начин аскерот беше запрен. Другите восганици, кои се мачеа да го запрат напредувањето на аскерот кај „Два камена" со надеж дека ќе им дојде помош,залудно се спротиставуваа. И јас бев таму и заповедав да се отстапи. И отстапивме кон Лафчани. Едновремено зад нас стаса и војската. Селото беше меѓу нас и Турците. ...

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post