Свети Спас - Соколица и големиот Крст

Св. Спас - Соколица и големиот Крст
Да се дојде во Лазорополе, а да не се запознаат излетничките места, црквичките и видиковците е само половично искуство, коешто можете да го добиете во ова место кое е најблиску до рајот. Ги охрабруваме сите добронамерници да се впуштат во сопствено откривање на убавините на селото, но и на неговата околина. Едно од многуте места кое никако не смеете да го испуштите е и црквичката Свети Спас, сместена на впечатливата карпа Соколица.
За да се стигне до ова место постојат две почетни патеки од селото, во зависност од тоа на која страна од селото се наоѓате и од каде Ви е подостапно за пешачење. Првата патека води преку местото Горни Ливади, кое откако ќе го поминете започнувате да се искачувате по веќе постоечка патека, која се наоѓа на страната на ридот кој Лазоровци го нарекуваат Краста и којшто всушност претставува дел на самото село на кое се наоѓаат повеќе куќи, меѓу кои и лазоровската метеоролошка станица. Тој дел којшто всушност сеуште претставува дел од селото се минува низ камена патека сè до пред влезот во шумата кон која што Ве води патеката што ја следите. До ова место, пред самиот влез во шумата води и втората патека. Имено, доколку тргнете од населбата Задел, преку новоизграденото црквиче Св. Архангел Михаил во месноста Богчедол, продолжувате да се искачувате и повторно доаѓате на патеката што води кон шумата, само што сте се искачиле од другата страна на ридот. По влезот во шумата, самата патека Ве води низ неа, одејќи речиси целиот пат по сенка, што претставува вистинско освежување доколку сте решиле да го посетите ова место во текот на летото. Патеката е рекреативна и не претставува никаков напор одењето по неа, дури и за повозрасни рекреативци. Во зависност од временскиот период кога го посетувате ова излетничко место, по патеката можете да сретнете разни видови на печурки, планински цвеќиња, желади, папрат. На две третини од патот до Соколица и црквичката Св. Спас, се наоѓа Трпкова чешма, која повторно од зависност на временската сезона има повеќе или помалку вода. По ова продолжувате по патеката која што ќе Ве доведе до местоположбата на црквичката Св. Спас. Мораме да напоменеме дека целата патека што води до црквичката и понатаму до големиот осветен крст на повеќе места е внимателно обележена со знаци (црвен круг со бела точка во средината) коишто оваа пешачка патека ја прават достапна и за случајните гости намерници.
Во непосредна близина на денешната локација на црквичката Св. Спас, според сведоштва на стари луѓе во дамнешно време се гледала некаква светлина. Ова дало повод оваа локација да се смета за свето место. Не поминало многу време и на тоа место била поставена икона, а луѓето што минувале покрај неа, започнале да оставаат по некое конче од својата облека или пак ситни пари. Во тоа време, кога селото било живо и се извршувале разни свечености поврзани за црковните празници, било обичај на Спасовден пред пладне, ергени и младина со потседлани коњи на тоа место да се веселат. Веселбата завршувала со бодинање (јавање) на коњите со кои се враќале откај месноста Дупчиња. На поле ги чекале селани со тапани каде се продолжувала веселбата.
Пред почетокот на Втората Светска војна од страна на оние Лазоровци кои што имале свои дуќани во Сараево, постоела извесна иницијатива за изградба на црквичка на ова место, но започнувањето на војната ги одложило нивните планови. По ослободувањето, новата комунистичка власт го воспоставила ново општествено уредување кое што било атеистичко и не гледало благонаклоно на ваквите иницијативи. Во `60-тите години на 20 век селото го зафатил процес на забрзано иселување. Затоа целата таа идеја била одложена за некои други, подобри времиња.
По смената на општественото уредување во `90-тите години на 20 век, на карпата Соколица од страна на лазоровци – ентузијасти е поставен осветен крст.

Со ангажирање на селскиот црковен одбор, во 1999 година на Соколица е изградено црквичето Вознесение Христово – Св. Спас, кое е осветено на празникот Св. Спас 23 јули 2000 година. Таа претставува мала црквичка, која кога ќе се излезе од шумската патека која што води до неа, Ве ѕирка од една чистинка близу до карпата од каде што започнува длабока провалија. Мора да се забележи дека таа е вешто вклопена во природната убавина со која е целосно опкружена. Вистинското задоволство е откако ќе се посети црквичката, да се продолжи по патеката и да се види осветениот голем крст кој стои на самиот врв на карпата Соколица. Од тоа место се гледаат прекрасни природни пејсажи кои откако ќе ги видите, ќе ја сфатите сета големина на природните убавини и на сопствената маленкост во споредба на грандиозноста на глетката. Вистинско уживање кое понатаму долго ќе го носите во сопствените спомени, од посетата на ова моќно место.

Ви препорачуваме задолжително носење на фотографски апарат или камера!
Слободан Шошкоски

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post