Бонбонџилницата „Жунгул“
Во 1916 година, од Лазорополе, во Скопје се доселува Пане Донев Жунгулоски (од родот Куновци) (негов татко е Доне Стаматов Жунгулоски, а мајка му се викала Крста/на) заедно со жена му Евгенија Трпкова Маноска од Селце, со која што имал четири деца Живко-Жунгула, Кузман, Димитар и ќерката Милица. По доаѓањето во Скопје се населиле во Маџир маало, а тој заедно со брат му Генадие - Гене, започнале да се занимаваат со слаткарство, поточно со изработка на бонбони.
Првата бонбонџилница на семејството Жунгуловци се наоѓала спроти тогашната железничка станица, а потоа Пане и Генадие Жунгулови отвориле бонбонџиски дуќани-гостилници во старата чаршија. Фирмата „Жунгул“ почнала со работа во 1918 година и најнапред се наоѓала во чаршијата, под Даут Пашиниот амам. Во нивна близина била и работилницата „Европа“ (тоа е денешната фабрика „Европа“) Овие две работилници во тоа време биле лути конкуренти.
Работилницата имала машини и казани од бакар со шамотни цигли за правење локум, каде што се топел шеќерот кој потоа се обработувал со валјаци и се ставал во калапи за бомбони кои биле направени од месинг во браварската работилница на Димче која се наоѓала кај Мала станица. Локумот се лиел во дрвени калапи. Тоа била технологија на изработка на ваков вид на слатки, која се користела низ целиот Балкан.
Во работилницата работеле, освен Пане Донев Жунгулоски уште и неговите синови Живко-Жунгула, Кузман, Димитар, како и уште два работника и еден мајстор, којшто се грижел за изработката на слатките. Инаку, асортиманот на оваа слаткарска работилница-бонбоџилница се состоел од разни видови на бонбони (свилено лесни бонбони, роксови карамели, ментол карамели, валцови кисели бонбони), потоа чоколади, тогаш познатиот локум „ратлук Жунгул 305“, разни видови на напивки (мајска напивка), фондан лејан, овошна „шам“ алва, а произведувале и малечки чоколадца со сликички на јунаците на Волт Дизни Мики Маус, Шиљо и останатите, како и разни видови на шеќерни табли.
Во 1926 година, Живко-Жунгула со својата сопруга Нада, изградила нова куќа, во центарот на градот, на тогашната „Позоришна“ улица, подоцна „Престолонаследников“ (тоа е денешната улица „Максим Горки“). Куќата на долниот кат имала дуќани, на горниот кат живеел таткото Пане, додека во поткровјето братот Димитар.
Во 1928 година, синот Живко-Жунгула се вратил од ислужување на воениот рок, завршил Трговска академија, француска дописна школа и започнал посериозно да се зафаќа со семејната работа. Во работилницата го вработил тогаш познатиот мајстор Бојко, со кого осмислувале и произведувале ненадминливи рацепти на слатки.
Во 1935 година, таткото Пане Донев Жунгулоски починал, а целиот фамилијарен бизнис го наследил Живко-Жунгула, како најстар син во семејството. Тој во секој поглед го развивал овој бизнис, преку внесување на иновации во изработката, нови креации на слатки производи, особено се внимавало на дизајнот и пакувањето на производите (бонбоните биле завиткувани во светкави книвчиња и ставани во тегли и во кутии), во пакувањето на чоколадцата биле вметнувани сликички, биле организирани наградни игри (децата купувале т.н. „рекорд“ чоколадца во кои имало бројчиња, откако ќе се собереле сите се добивала слатка награда од бонбонџилницата), биле првите кои започнале со каталошка продажба на своите производи и благодарение на тоа станале познати и низ целото тогашно кралство Југославија.
Во периодот на започнувањето на Втората Светска војна, производството започнало да опаѓа, а целиот бизнис се соочувал со последиците кои ги носи една војна (сиромаштија, недостаток на суровини за производтсво и сл.)
Во 1947 година, дуќанот и работилницата се национализирани од страна на новата комунистичка власт, така што со тоа и завршува приказната на лазороските индустријалци во Скопје.
изработил Слободан Шошкоски

извори:
http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c17/c17industrija.html#_ftnref11
Број 2674 сабота, 18 март 2006 ДНЕВНИК интернет издание
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2674&stID=48272