* ЗА ВОВЕД - од делото „Книгата
за Мијаците” (Македонска библиотека No 12, Софија, 1941)
„Некои од избеганите Мијаци
формирале нови населби поблиску или подалеку од родните огништа. А други се
населиле во старите населби. Значи гратчето Крушево половина на број се Мијаци.
Селото Елховец (Кичевско) е чисто мијачко, 80 куќи, населено во блиското
соседство на Реканско. Историското село Смилево е подалечна мијачка колонија.
Таа се наоѓа во Битолско – Демир Хисар. Најмногу далечни мијачки колонии се:
селата Папрадиште и Ореше во Велешко, местноста Азот. Освен овие иселувања
имало и други, поединечно или групно во разни градови како што се: Битола,
Солун Скопје, каде што ги повикува егзистенцијата стопаните. Не помалку се
иселени Мијаци во Бугарија, кои се сместени во Софија, Лом Видин, Свиштов и на
други места. Мијаци има и во Романија и Србија.“
„Книгата за Мијаците (Македонска
библиотека No 12, Софија, 1941)
** ЕХЛОВЕЦ ВО ТУРСКИТЕ ПОПИСНИ
ДЕФТЕРИ ОД XV-XVI ВЕК
<<< Ехлoвец, дервен, христијaнскo
селo југoзaпaднo oд Кичевo, вo Кичевскaтa нaхијa. Вo 1467/68 гoдинa имaлo 20
семејствa и 2 неженети; вo 1528/29 гoдинa - 42 семејствa, 7 неженети и 1
вдoвец; вo 1544/45 гoдинa - 41 семејствo и 9 неженети; вo 1568/69 гoдинa - 50
семејствa и 11 неженети.>>>
** ДЕРВЕН
Покрај дадените пописни
информации за селото Ехловец даден е податокот дека селото е ДЕРВЕН. Во
податоците за реканските села ќе го сретнете и називот ДЕРВЕН (деренџиско
село). Називот дервен преставува предосманска институција, служба, која што ја
вршеле дрвенџии. Оваа служба ја задржале и турските власти. Службата на
дервенџиите се состоела од чување на одделни делови од патишта кои, во близина
на нивните населби, минувале низ клисури (дервени) и, воопшто, низ тешко
проодни и опасни планински места. Дервенџиската служба претежно ја вршеле
христијани, макар што многу ретко со оваа служба се занимавале и муслимани. Врз
себе ја превземале одговорноста за животот и за имотот на патниците во секторот
од патот што им бил определен за чување. Отпрвин тоа задолжение паѓало врз сето
машко население од дервенските села, а кон средината на XVI век била извршена
реорганизација на службата, со тоа што само дел од жителите на тие села, 30 или
60, а многу ретко 90, па и 120 лица ја вршеле двенџиската служба. На секој
дервенџија му било загарантирано правото од страна на Османлиската држава да
носи оружје. Ова право е само еден дел од малкуте примери каде што христијаните
во империјат имале право да носат оружје.
*** БРОЈНАТА СОСОТОЈБА НА
НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕХЛОВЕЦ ВО ПЕРИОДОТ ОД XV ДО XVI ВЕК
Според дадените податоци за
селото Ехловец, користејќи се со еден историски метод, можеме ПРИБЛИЖНО да
одредиме колку жители броело селото во дадените пописни години. Треба да се има
предвид дека во турските пописни дефтери никогаш не можеме да најдеме вкупна
бројка жители, како на едно село така и на некоја поголема турска
административна област. Во дефтерите редовно е присутен бројот на семејствата,
неженетите и на вдовиците. Но никогаш вкупниот број на лица во едно семјество,
на жители на попишаното-попишаните села, а со тоа и на вкупниот број на жители
на нахијата, казата и тн. За да може врз основа на ваквите податоци да се добие
вкупниот број на лица во едно семјество, што понатаму е основа за пресметување
на демографските состојби во едно село, во еден предел и во целата земја,
потребно е според вообичаените стандарди во историската наука, бројот на
семејствата да се помножи со коефицентот пет и на тоа да се додаде бројот на
вдовиците, помножено со коефициентот четири. Имено, се смета дека едно тогашно
комплетно смејство, маж, жена и нивните деца, во просек броело пет до шест
лица, а вдовичиното (некомплетно) семјство броело еден член помалку (четири до
пет лица). Бројот на неженетите не се земал предвид, бидејќи тие веќе еденаш се
вклучени во комплетното (Дадената бројка на семјства во овој случај ја
множиме со коефицентот 5. Бројот на вдовици го множиме со коефицентот 4. Бројот
на неженети не се зема во предвид при изведување на вкупниот-приближен број на
население. Приближната бројка на вкупното население на селото Ехловец
според пописните дефтери е следна:
1467/68 гoдинa имaлo 20 семејствa
и 2 неженети /// 20x5= 100 жители
1528/29 гoдинa - 42 семејствa, 7
неженети и 1 вдoвец /// (42x5)+(1x4)= 214 жители
1544/45 гoдинa - 41 семејствo и 9
неженети /// 41x5= 205 жители
1568/69 гoдинa - 50 семејствa и
11 неженети /// 50x5= 250 жители
Од сето ова погоре напишано, можеме да заклучи дека селото Ехловец во минатото ја вршело значајната
функција - дервенџиство. Селото Ехловец е едно од постарите мијачки населби кое
постои од 1467 година (може и многу години пред тоа) непрекинато се до
денес. Пописните дефтери од 1467 година се доста интересни. Ако се погледнат
податоците од пописните дефтери и за другите мијачки села ќе се забележи дека
многу од денешните постоечки села во 1467 година се пусти,
ненаселени-напуштени. Ова е последица од востанието на Скендер-бег. За време на
пописот на пошироката дебарска, струшко-дримколска и кичевска област, кој бил
извршен непосредно по нејзината реокупација од турската војска, во 1467 година,
голем број од села од пределските целини (нахии) Горни Дебар, Река и Кичевската
нахија останале пусти (над 30 населби-села, пусти-ненаселени). Карактеристично
е, притоа, што запустените населби обично биле групирани во оделни региони,
како што е случајот со населбите од Мала Река. Тоа секако било последица од
поразот на востаниците на Скендер-бег, со кои турските пацифактори жестоко се
пресметувале. Ова се настани доста одалечени од времето на првичното
навлегување на турската војска во дебарско-реканскиот крај, но добро ги
илустрираат последиците за оние делови од овој крај кои енергично одбивале да
се покорат. Иако Ехловец како населба била на самата периферија од овие настани
и не била “директно” засегната сепак тоа не може да не одалечи од погоре
изнесениот факт дека селото Ехловец е една од најстарите мијачки населби, со
стаж од над 550 години ако не и повеќе.
** дополнителни информации: cпоред податоците од 1873 година, селото имало
32 домаќинства со 125 жители христијани; cпоред податоците на Васил К’нчов од 1900
година, селото имало 475 жители христијани. Според пописот од 2002 година има 20 жители.
Текст на Мојсо Поповски
ЕХЛОВЕЦ ДЕНЕС ВО МЕСЕЦ КОЛОЖЕГ ЛЕТО ГОСПОДОВО 2015-то
ВОДИЦИ ВО ЕХЛОВЕЦ 2015
фотографија од Слободан Блажески |
фотографија од Слободан Блажески |
фотографија од Слободан Блажески |
© 2008-2018 lazaropolee.blogspot. All rights reserved. mojso
При објавување на материјали од блогот lazaropolee.blogspot.com во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е превземен текстот.
поврзани линкови
- "ЛАЗАРОПОЛСКИ ГЛАСНИК"
- 30 јули 1807 година, Св. МАЧЕНИЦА ОГНЕНА МАРИЈА
- Koста Апостолов Солев Рацин
- List of Macedonian American World War I Soldiers
- ЈОВАН ЦВИЈИЌ, "БАЛКАНСКО ПОЛУОСТРОВО И ЈУЖНОСЛОВЕНСКЕ ЗЕМЉЕ" кн.II. СРПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА
- БАЛИСТИТЕ И ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА 1942-1945година
- В. Кѫнчовъ, "Македония. Етнография и Статистика", София 1900. БУГАРСКА ГЛЕДНА ТОЧКА
- ВИДЕНИЕ НА ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОВСКИ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ ВО ДЕБАРСКАТА ЗАНДАНА НА 8 ЈАНУАРИ 1889 година
- Во јуни 1977-ма во Лазарополе имало снег?
- ДОКУМЕНТИ ЗА ЛАЗАРОПОЛЕ И МИЈАЧИЈАТА
- ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА *КОЧО РАЦИН*
- За куќите на кат кај Мијаците, во трудот Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле, Тома Смиљаниќ
- ИГРАОРНА ГРУПА ОД ЛАЗАРОПОЛЕ
- ИЗВАДОЦИ ОД ПРИВАТНАТА ФИЛАТЕЛИСТИЧКА ЗБИРКА НА СТЕВАН САВЕВСКИ ОД СКОПЈЕ
- ИМЕТО МИЈАК-МИЈАЦИ ВО ЛИТЕРАТУРАТА ОД КРАЈОТ НА XIX И ПРВАТА ПОЛОВИНА НА XX ВЕК
- МИЈАЧКА ИЛИНДЕНСКА ЕПОПЕЈА
- МИЈАЧКА КУЌА
- МИЈАЧКИОТ КРАЈ ВО 1902/03, ИЛИНДЕН
- НОМАДСКИОТ ЖИВОТ НА МИЈАЦИТЕ
- Одломка од вториот речник на Ѓорѓија М. Пулевски
- ПАТОПОИС И СПОМЕНИ
- ПОСЛЕДНИОТ БРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА
- Поуките од Лазарополе
- РЕКА / МАЛА РЕКА / МИЈАЦИ / ФОТО МИНАТО
- РЕЧ НА ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОСКИ
- Ракописен лекарственик од 33 листа со 88 рецепти, откриен во струмичкото село Пиперево, а напишан од учителот Ангел Георгиевич од Лазарополе...
- СПЕЦИФИКИ НА ТАЈНИТЕ МИЈАЧКИ ГОВОРИ. РЕЧНИК НА БОШКАЧКИ ЗБОРОВИ
- СПОМЕНИ - ЛУКА ЏЕРОВ
- ТРИ ПАТОПИСИ ОД XVIII и XIX век
- ШТО ПИШУВА ВО КНИГАТА "ГАЛИЧНИК И МИЈАЦИТЕ", 1940 година, АВТОР проф. РИСТО ОГНЕНОВИЌ
-------------------------------