Pages

Свечености по повод одбележувањето на празникот Илинден во Лазарополе. 2009г.

Свечености по повод одбележувањето на празникот Илинден во Лазарополе

Селскиот црковен одбор на црквата Св. Ѓорѓија во Лазарополе, по повод селскиот и националниот празник Илинден им додели Благодарница на своите постари членови Душан Пашоски и Сотир Шошкоски заради нивната долгогодишна активност во работата на црковниот одбор.

Месната Заедница на Лазарополе, на својот соселанец Мирко Илиевски, му одадде почест заради неговата богата спортска и фудбалска кариера и затоа што направи сите да се гордееме со него. За Ф.К. ВАРДАР има одиграно вкупно 325 натпревари (191 првенствен натпревар во тогашната југословенска фудбалска лига - со сите куп натпревари). Противничката мрежата ја тресел вкупно 89 пати носејќи го вардаровиот дрес. Фудбалската сезона 1960/61 година, со Ф.К. ВАРДАР го освојува ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ КУП (познат и како Купот на Маршал Тито). На финалниот натпревар во Белград против ВАРТЕКС (полувреме 0:0) Илиевски го постигнува првиот гол на натпреварот (второ полувреме-краен резултат 2:1);(литература: Четири децении ФК Вардар, Ск.1988г.).

На сите нив им посакуваме долг живот и мирен и долг пензионерски престој во Лазарополe

---------------------------------------------------------------------------------

Изложба на фотографии со еколшка содржина на Јана Манева- Чуповска

Јана Манева- Чуповска, познат уметник и моден дизајнep, на 2 август 2009г. ги изложи своите фотографии на интонираната изложба “Добре дојдовте во Лазарополе” во хотелот Калин во Лазарополе. Темата на изложбата беше заштита на природата од загадувањето на човекот - преку 30 фотографии кои ги претстават убавите, но и помалку убавите страни на познатиот преродбенски и туристички центар од Западна Македонија – Лазарополе. Изложбата ја отвори Блаже Смилески. Јана Манева-Чупоска работи како доцент на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет во Скопје. Досега самостојно изложувала во Скопје, Охрид, Прага, Париз и Њујорк, а ова и е прва изложба во Лазарополе, кое го посетува секогаш кога има слободно време.