Pages

IN MEMORIAM ТОМЕ ПЕРИНСКИ

IN MEMORIAM
ТОМЕ ПЕРИНСКИ
(1953 - 2010)
Почитувани Лазоровци и почитувачи на селото. Во овие тешки денови се збогуваме од човекот кој не задолжи сите нас. Тој направи повеќе за селото од многумина пред него и остави свој личен печат во душите на сите што го знаевме. Не научи како со личен пример можеме да покажеме како се сака селото и како се почитува традицијата на нашите дедовци. Човек секогаш отворен за разговор, пријателски расположен и подготвен да помогне. Помагач на многу настани поврзани и за селото и надвор од него, љубител на културата и уметноста, афирматор на мијачката култура и мијачките обичаи. „Калин Хотел“ е слика и прилика на неговите заложби за заживување на Лазарополе.
Нека му е вечна слава на нашиот Томе. Ние знаеме дека него постојано ќе го наоѓаме пред хотелот, на Горни, како се шета по атарот лазороски, зашто тоа е рајот што тој го заслужи.
Томе поздрави ни ги сите наши од „другата страна“ и Ѓурчина и Мартина и Анатолија и Илариона и отец Митрофана и Теофила и Василка и Антета и Симона и сите знајни и незнајни великани, зашто ти се нареди до нив.
Бог да го прости и нека му е вечна памет.