Pages

На Бош (VI)

На Бош

Откако направи политички излет, времето си го минува во природа.

Во оваа земја најдобро врват оние што се на поминување.

Власта го расипува човекот, ако човекот е расипан.

На лојалните кон власта, обично им оди како подмачкано.

Не очекувај опулени избраници од заслепени избирачи!

Господата се јадат меѓусебе, зашто имаат големи политички апетити!

И кога паѓаат на испитот по демократија, некои од нив си го повторуваат... мандатот!

Лесно го купија беше продадена душа!

Стартувајте со потковани коњи, само така ќе ја добиете изборната трка!

Бидејќи големите партии ја вжештуваат политичката клима, малите испаруваат!