Pages

ДЕЛ ОД ЦИЦАЧИТЕ ВО РЕГИОНОТ НА ЛАЗАРОПОЛЕ

ЛАЗАРОПОЛЕ E СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ЗАШТИТЕНОТО ПОДРАЧЈЕ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК "МАВРОВО". ОВДЕ ЌЕ ПРЕСТАВИМЕ ДЕЛ (мал дел од поинтересните) ОД ЦИЦАЧИТЕ ШТО СЕ КАРАКТЕРИСТИЧНИ - НАСЕЛУВААТ - ЗА РЕГИОНОТ НА ЛАЗАРОПОЛЕ.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Rhinolophus hipposideros - М а л   п о т к о в и ч а р - English name: Lesser horseshoe bat.На подрачјето на Македонија се познати само осум наоди. Видот е распространет и во источниот и во западниот дел од државата до надморска височина од 1300 m.
Hypsugo savii - С а в и е в   л и л ј а к - English name: Savi's pipistrelle
Населува планински котлини, карпести планини до 2600 m надморска височина, рабови на планински пасишта и шуми. Живее и во населени места. Засолништа наоѓа по шуплини на дрвјата, пукнатини во карпите, куќи или во фасади од куќи.
Erinaceus roumamicus - Еж - English name: Eastern hedgehog
Ги населува листопадните шуми или шибјаци, влажни ливади и пасишта. Се среќава и по дворовите во субурбаните зони, додека во урбаните најчест е по парковите. Ретко го има во иглолисните шуми и во зоната околу горната граница на шумата. Засолништа бара во типот на местоживеењето кое го населува. За време на вегетациската сезона има повеќе засолништа, а во текот на зимата само едно.
Sorex minutus - М а л а   р о в к а - English name: Pygmy shrew
Населува биотопи густо обраснати со вегетација, рабовите на шумите, пасишта и песочни дини. Во јужниот дел од ареалот населува и повисоки надморски височини. Гнездото го прави во вид на мала топка од трева. 
Ареалот во Македонија ги опфаќа само планинските предели во западниот дел од земјата. Многу е почеста од шумската ровка.

Sorex araneus - Ш у м с к а   р о в к а
English name: Common shrew
Ареалот на шумската ровка во Македонија претставува јужна маргина на нејзиниот ареал. Видот до сега е регистриран само во западниот дел од земјата. Широко распространет вид. Преферира густа вегетација, местоживеења обраснати со грмушки и папрат до 2500 m надморска височина во Алпите. Во централна Европа главно ги населува листопадните шуми и влажни места. Гнездото обично го прави под пенушки или користи дупки од други животни. Прави топки од испреплетена сува трева и листови.

Neomys fodiens - В о д н а   р о в к а
English name: Water shrew
Ареалот на водена ровка во Македонија претставува јужна маргина на нејзиниот ареал. Видот до сега е регистриран само во западниот дел на земјата.
Живее главно близу вода. Почеста е по бреговите на брзи водотеци. Повремено населува шуми и пасишта. Гнездото претставува топка од растителен материјал во екстензивно ископана дупка, која оваа ровка ја копа со предните нозе и муцката. Влезот во засолништето може да биде над и под површина на водата. Користи и тунели ископани од кртови.

Talpa caeca- С л е п   к р т
English name: Blind mole
Македонија - го опфаќа само западниот дел од државата 
Talpa stankovici - Р е л и к т е н   к р т
English name: Balkan mole
Ареалот во Македонија го опфаќа само западниот дел од Македонија. 
Myoxus glis - О б и ч е н   п о л в
English name: Edible dormouse
Во Македонија е регистрирана во западниот и во источниот дел од земјат. 
Широко распространет вид во зоната на шума во националниот парк. Чест и во населените места.
Lynx lynx - Р и с
English name: Lynx
Градбата на телото карактеристична за фамилијата на мачките. Труп со „квадратен“ облик, долги нозе и кус опаш, на врвот темен. Главата релативно крупна и со тркалезна форма. Ушите долги, со „перчин„ од влакна на врвовите. Бојата на крзното во основа жолто – кафеава со дамки, кои понекогаш можат да отсуствуваат. Од вентралната страна речиси бела. Крзното е иградено од густо, кратко, фино и меко влакно. Должината на телото со глава изнесува 80 – 130 cm, должината на опашката само 11 – 25 cm. Масата на телото варира во распон од 18 до 25 kg. Половиот диморфизам изразен со поголеми димензии кај машките примероци.
СПОРЕД ОФИЦИАЛНИТЕ ИЗВЕШТАИ РИСОТ ВО БЛИЗИН НА ЛАЗАРОПОЛЕ И РЕДОВНО ЕВИДЕНТИРАН-ЗАБЕЛЕЖУВАН СЕ ДО 1965 година. СПОРЕД КАЖУВАЊА НА НЕКОИ МЕШТАНИ ЗАБЕЛЕЖАН Е ВО НЕКОЛКУ НАВРАТИ ВО 2001 И 2009/10година.
Capreoluscapreolus  - С р н а
English name: Roe deer
Најмал претставник на фамилијата на елените. Телото лежи во иста линија. На него се надоврзува релативно дог врат и глава која, гледано од страна, има триаголна форма. Ушите се мошне долги, односно впечатливо го надминуваат темето. Мажјаците носат роговје со максимум по три парози. Роговјето го отфрла (во зависност од возраста) секоја година во периодот октомври - декември, а до април - јуни новоизраснатото е исчистено од „баст“. Бојата на крзното во текот на летото е црвеникаво-кафеава, а во зима со доминантно сиви тонови. Летното влакно е кусо и меко, додека зимското е изградено од долги и крути влакна. Стомакот и долниот дел од вратот се со бела боја. Половиот диморфизам јасно изразен. Мажјаците, освен роговјето, имаат и поголеми диимензии, додека женките во текот на зимата имаат бела флека на задната страна на бутините. Должина на телото со глава 95 – 135 cm, должина на опашката само 2 – 4 cm. Масата на телото се движи во распон од 16 до 35 kg.
КОРИСНИ ЛИНКОВИ