Pages

Прв Карате семинар за почетници “ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ’’- Лазарополе 01 до 05 Август 2018

30 ЈУЛИ ; -      Организаторот: Јапан Карате Шото Македонија- Скопје,
- Покровителот : Месната Заедница на Лазарополе,
- Спонзорот: Хотел  “ КАЛИН“ – Лазарополе,
ве покануваат   со некој член од вашето семејство Да земете учество на
Прв  Карате семинар за почетници “ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ’’- Лазарополе
01 до 05 Август 2018 - Хотел  “КАЛИН’’   
Семинарот е бесплатен, за популаризација на спортски активности кај сите возрасти и  во чест на приемот на карате спортот  како олимписки спорт. Со него и спортски се обележуваат Илинденските денови.
Тренинзите  ќе  се одржуваат два пати дневно во презентациската сала во хотелот Калин со површина над 150 квадрати. Некои од тренинзите ќе се одржат и на отворено.
Учесниците треба да бидат во обична  спортска опрема ( на пример долна тренерка и маица)
 и чисти патики  наменети само за тренингот.
Пријава : На семинарот можат да се пријават деца постари од 6 години, младинци и возрасни. За напомена, во повеќето клубови во Македонија , а посебно во најголемиот Карате Клуб “ЈКС Центар Самурај “- Скопје и родители вежбаат со децата .
 Првиот тренинг се предвидува да започне во 10, 30 часот на 1 август . Понатаму: 
- претпладневните тренинзи ќе почнуваат  од 10,30 ч., 
- попладневните тренинзи ќе почнуваат  од 17,30 ч.
Што после семинарот: Децата, младинците па и возрасните кои  за време на нивниот летен престој во  прекрасната природа на висина од 1350 м. на која се наоѓа Лазарополе , земат учество на тренинзите во  почетничката школа на семинарот може и понатаму да продолжат да вежбаат во еден од 22 – та клуба низ Македонија,  членки на ЈКС Македонија, а се наоѓаат во близина на нивното место на живеење. ЈКС Македонија  го практикува Шото карате стилот како член на Јапан Карате Шото Федерацијата од Токио.
Инструктор на семинарот ќе биде:   Дракуловски Живко, 8Дан , ЈКС Македонија Шихан ( главен инструктор).
 Диплома: Секој учесник кој ќе ги посети поголемиот број тренинзи ќе добие сертификат, диплома за учество.
Постари појаси: Ако на летовање во Лазарополе има и каратисти кои веќе имаат некој појас, за нив ќе се организира посебна група. Организаторот ќе обезбеди   ПРИДРУЖНИ РЕКВИЗИТИ ЗА КАРАТЕ,    ФОКУСЕРИ и др.
 Ќе биде обезбедена и  АУДИО – ВИДЕО ОПРЕМА  за забава и за проекција на карате филмови и карате снимки од натпревари  во посебен вечерен термин. 
ЈКС Македонија има 19 годишна традиција на одржување на летен семинар во Охрид и двогодишна во Аспровалта – Грција, како и петгодишна традиција на зимски семинар во Пониква – Кочани.   
Семинарот во Лазарополе за учесниците со појаси и инструкторот  е и подготовка за   септември кога се одржува  : “III Двоен СЕМИНАР на МАСАО КАГАВА“ , 9 Дан , Скопје, Општина Аеродром 12 – 16 09 2018, кој е главен тренер на јапонската национална олимписка репрезентација и Шихан на Јапан Карате Шото Федерација. За повеќе информации за карате вештината во прилог е и флаерот за упис на КК Самурај од Скопје.
За  информации: ЈКС МАКЕДОНИЈА,  Претседател   DRAKULOVSKI ZHIVKO, 8 DAN,  070 268469// Пријава во Лазарополе :Влатко Дракуловски- 071 397966