Pages
(Move to ...)
Home
▼
СПАСОВДЕН ВО ЛАЗАРОПОЛЕ
Галопот на коњите или по лазороски "бодинање на коњите" е музичка композиција изведувана од Мајовци за време на празникот "Спасовен".
Спасовден, Св. Спас - Празникот на Христовото вознесение - спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.
На овој празник во Лазарополе се одвивала "трка" со коњи јавани од млади момчиња. Истовремено додека траеле дневните подготовките за трката Мајовци ја изведувале оваа композиција, обидувајќи се музички преку зурлата и топанот да го престават тропот на коњскиот галоп и забрефтаниот "извик" на изморените коњи.
Во некои делови од Река оваа мелодија се свирела за време на пеливанските игри.
‹
›
Home
View web version