Pages

На Бош (V)

На Бош

Единствени што кај нас работат со жар се скараџиите.

И во пазарната економија едни продаваат станови, други продаваат книги, а трети ни ја продаваат татковината.

Дајте му на народот леб ако сакате да си легне на брашно.

За да се реши проблемот на седење крај празна трпеза, организираме тркалезна маса.

Кај што се користи религијата како опијум масите се како дрогирани.

Оние што лежат во дебела сенка законите ги носат а народот стенка.

На оние што се вртатат како сончогледи се им оди како по масло.

Кога видоа дека е зелен, го скинаа.