Pages

ЛАЗОРОВЦИ НА ЛОПУШНИК - ВО ЧЕСТ НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН (13.06.2020)


На ден 13-ти јуни , 1943 година, на планината Лопушник, лазоровски атар (денес под кичевско), и до денес неразјаснети околности, загина Кочо Рацин (роден 1908 во Велес), македонски книжевен деец и активист, главниот двигател на современата македонска поезија меѓу двете светски војни. 
од лево кон десно:
Димитар Тодоровски,
Блаже Поповски,
Коста Ламбевски и
Љупчо Тодоровски;
Лопушник 13.06.2020г.
Во чест на Коста Солев Рацин и овој 13-ти јуни 2020 година на Лопушник беше присутна делегација од Лазарополе која му одаде почит на Коста Солев Рацин. На споменикот на врвот, има букет со свежо ендемско  цвеќе кое цути само во Лазарополе, а Лазоровци го берат рано наутро и тргнуваат за Лопушник. Тие пешачат пет часа низ шумски предели и не трасиран пат, за да му оддадат почит на основоположникот на македонската современа поезија и патронот на нивната Земјоделска задруга, која била прва во Македонија а денес не постои.  Така го исполнуваат аманетот од нивните стари.
факсимил, купопродажен
договор за Лопушник
склучен помеѓу купувачот
Ѓурчин Кокалески и
и османлискиот султан Абдул Меџит I,
од 1842/43 година
откривање на спомен обележјето
на Коста Солев Рацин, 1950г,
Комбинатот - Лазарополе
споменик Коста Солев Рацин
Лазарополе
Тихомир Јосифовски (прв човек на задругата)
со мајката на Кочо Рацин, 1950г. Лазарополе