Pages

РАСЕЛУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД РЕКАНСКИОТ КРАЈ ВО XVIII ВЕК

Населението од Река* во XVIII век започнува интезивно да се иселува од своите матични предели и да формираат нови населби. Така денес постојат повеќе населби во повеќе други македонски региони основани од Реканци, неколку села во  областите Азот и Торбешија - Скопско, дел од населението во селата од Демир Хисар, како и самиот град Крушево кој бил основан од сточари Мијаци**.
Овде ќе преставиме кратки податоци забележани од страна на македонските историчари и етнолози, добиени со истажувањата извршени во 50-те и 60-те години од XX век, а се однесуваат за потеклото и настанувањето на македонските села и градови низ вековите. Издвојуваме значајни-интересни информации за родови и населби-села кои биле формирани или во нив се доселиле родови од реканскиот крај (исклучок село Ехловец - посебна карактеристика).

ЕХЛОВЕЦ Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Зеревци, Голибеговци, Ѓурчевци и други. Брачните врски најмногу ги одржувале со блиските малорекански села (Лазарополе, Гари, Осој и други). Од селото имало иселувања. Од селото имало иселувања. Родот Жежовци се иселил во демирхисарското село Смилево. Родовите Степановци (10 к.) и Голибеговци (3 к.) се иселиле во село Лазарополе.
СМИЛЕВО Гулугаровци (2 к.) и Печипајковци (8 к.), доселени се од Лазарополе; Спасевци (2 к.), Калинци (1 к.) и Трампевци (11 к.), доселени се од Лазарополе; Милошовци (3 к.) и Корлевци (7 к.), доселени се од Лазарополе; Крстевци (1 к.), доселени се од Лазарополе; Пејчиновци (6 к.), Топчевци (1 к.), Бојанинци (1 к.) и Чаловци (1 к.), доселени се од Галичник; Трошевци (3 к.), Лековци (1 к.), доселени се од Лазарополе; Ковачи/Ковачевци (14 к.), доселени се од Галичник; Соклевци (4 к.), доселени се од Гари; Парталковци (2 к.) и Чиклевци (1 к.), доселени се од Галичник; Филковци (2 к.) и Стамболџиовци (5 к.), доселени се од Лазарополе; Чурановци (3 к.), Сиљановци (3 к.) и Макриовци (4 к.), доселени се од Гари; Кромидаровци (2 к.) и Мирчевци (3 к.), доселени се од Галичник; Гајдаровци (3 к.), доселени се од Галичник; Граматковци (4 к.) и Мерковци (2 к.), доселени се од Лазарополе; Туфевци (2 к.), Узуновци (1 к.), Картаровци (2 к.) и Чипуровци (1 к.), доселени се од Лазарополе. Стари деленици со Мерковци; Гарци или Егуменовци (5 к.), доселени се од Гари; Бандевци (5 к.) и Костадиновци (2 к.), доселени се од Крушево. А таму припаѓале на Мијаците; Жежовци (6 к.), доселени се од Лазарополе; Волкановци (3 к.), доселени се од Галичник; Галовци (2 к.), доселени се од Гари; Поповци (3 к.), Матлиовци (1 к.) и Костревци или Кокиновци (16 к.), доселени се од Лазарополе. Ја знаат следната генеологија Спиро (жив на 70 г. во 1952 година) Коле-Илија-Деспот, кој се доселил; Николовци (2 к.), доселени се од Лазарополе; Касаповци со Лумбарковци (2 к.), доселени се од Тресонче; Дарковци (2 к.), доселени се од Галичник; Шутевци (4 к.), Грујовци (4 к.) и Поповци со Доневци (1 к.), доселени се од Лазарополе. Има и целосно иселени мијачки родови.
ПАПРАДИШТЕ (Азот - Велешко)
Првите мијачки доселеници дошле на крајот на XVIII век. Претците на останатите родови се доселиле наскоро после нив. Од тие претци потекнуваат родовите Лопатаровци (11 к.), Симоновци (11 к.), Николовци или Калинци (10 к.), Ѓушеровци (10 к.), Галевци (10 к.), Марковци (10 к.), Чуповци (5 к.), Еленинци (5 к.), Китановци (4 к.), Тасевци (4 к.), Ќулафковци (2 к.), Стојанчевци (2 к.), Петковци (1 к.), Волашовци (1 к.) и Василковци (1 к.). Наведените мијачки родови дошле право од малореканскиот крај со исклучок на родот Лопатаровци кој е доселен преку познатото мијачко село Смилево во Демир Хисар. Еден брат од родот Лопатаровци, доаѓајќи од Смилево, се населил во македонското муслиманско велешко село Мелница. Од него таму потекнува поисламениот род Јашаровци. Славите на наведените родови се различни: Свети Никола, Воведение, Атанасовден, Митровден и Ѓурѓовден.
ОРЕШЕ (Азот - Велешко)
Селото Ореше во целост е населено само со население кое е мешавина од доселеници од малореканскиот и поречкиот крај.
Во текот на заедничкото живеење тие се изедначиле според начинот на живот и обичаите: преовладале особините и цртите од мијачкиот крај. Македонски родови во Ореше се: Јанковци (30 к.), Далевци (30 к.), Џиковци (25 к.), Китановци (25 к.)  и Ѓорѓиовци (15 к.) имаат мијачко потекло. Доселени се од тамошните села Гари и Лазарополе пред некаде 170 до 220 години. Во родот Џиковци се знае следниот родослов: Наце (82 години во 1966 г.) – Петко-Арсо-Танаско-Џико, најстариот предок кој се доселил. Коруновци (15 к.) се со потекло од поречкото село Крапа каде живееле на потегот кој денес се вика Грмада. Миленковци (20 к.) основач на родот бил Дамјан Дервиш, а точното место на старината не го знаат. Старецот Коста (81 година) во 1966 година ги набројувал таткото Петре, дедото Матеја и прадедото Нове. Имињата на далечните претци не ги знае. Сепак според овие имиња кои се чести кај Мијаците во Река, најверојатно и овој род има мијачко потекло. Слави на споменатите родови се: Свети Никола, Свети Ѓорѓи „зимен“ и Пречиста.
МЕЛНИЦА (Велешко)
Мифтаровци, Салиовци, Алиловци, Левеновци, Билевци, Камберовци, Адемовци, Ќоревци, Шопевци, Абдиловци, Шпиртовци и Исмаиловци. Секој род во просек имал по 10 куќи. Населението е доселено кон крајот на XVIII век од реканскиот крај. Највеќе се доселени од селото Жировница.
ДРЖИЛОВО (опш.Сопиште)
Балевци (8 к.), Љутвиовци (3 к.), Сејфовци (8 к.), Арифовци (4 к.), Суљовци (2 к.), Беадиновци (3 к.), Далиповци (2 к.), Јајовци (13 к.), Бејтовци (6 к.), Сеферовци (1 к.), Јакуповци (1 к.), Љатифовци (1 к.), Бајрамовци (10 к.), Асановци (16 к.), Салиовци (8 к.), Аметовци (4 к.), Таир (1 к.), Адемовци (3 к.), Исаковци (4 к.) и Алиловци (3 к.) сите наведени родови потекнуваат од четири семејства кои се доселиле во втората половина на XVIII век од реканското село Жировница.
БРЕЗОВО (Демир Хисар)
Гаревци (22 к.), доселени се од село Гари, ја знаат следната генеологија Ванчо (жив на 80 г. во 1951 година) Анѓеле-Стојан-Трајан Гаре, кој дошол во селото.
ГОЛЕМО ИЛИНО (Демир Хисар)
Велковци (14 к.) и Рапевци (9 к.) доселени се од малореканското село Гари. Во првиот род се знае следната генеологија Паун (жив на 60 г. во 1952 година) Ѓоргија-Најде-Велко, кој се доселил.
ДОЛЕНЦИ (Демир Хисар)
Андревци (6 к.), доселени се од некое село во малореканскиот крај. Ја знаат следната генеологија Исијан (жив на 58 г. во 1951 година) Лазар-Насте-Андре, кој се доселил.
ЖВАН (Демир Хисар)
Каравиловци (33 к.), се делат на Пецовци, Стевановци, Гроздановци, Кузмановци, Калевци и Филиповци, доселени се од село Галичник. Ја знаат следната генеологија Мице (жив на 95 г. во 1951 година) Вилип-Миленко, дошол таткото или дедото на Миленко.
ЗАШЛЕ (Демир Хисар)
Аризовци (5 к.), доселени се од некое село ??? во малореканскиот крај.
МРЕНОГА (Демир Хисар)
Мијаковци (2 к.) доселени се од мијачкото, малореканско село Лазарополе. Ја знаат следната генеологија Вељан (жив на 40 г. во 1952 година) Насте-Јоан-Стојко, кој се доселил.
РАДОВО (Демит Хисар)
Мијаковци (4 к.) основачот на родот дошол како домазет од некое село ??? во мијачкиот крај, ја знаат следната генеологија Толе (жив на 65 г. во 1951 година) Блаже-Јанкула, дошол некој дедо негов.
СЛОЕШТИЦА (Демир Хисар)
Трајановци (7 к.) доселени се од село Галичник.
ЛУКОВО (Дебарски Дримкол) Јанчевци (6 к.), Бојовци (1 к.) и Бојковци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од реканското село Јанче пред околу 270 години.
ПЛЕВЕЊЕ (опш.Чашка, селото е во близина на Велес)
Лопатари (12 к.) доселени се од Азот, село Папрадиште. Овде се доселиле тројца браќа, Никола, Стојан и Цветко. Подалечно потекло имаат од мијачкиот-малорекански крај.
ЦВЕТОВО (опш.Студеничани) Скендеровци (17 к.) доселени се од реканското селото Жировница. Ја знаат следната генеологија Садик (жив на 83 г. во 1950 година) Муртезан-Мустафа-Нуредин-Скендер, кој се доселил во селото пред околу 240 години; Рамчевци (20 к.) доселени се од реканското селото Ростуше; Ибраимовци (6 к.) гранка се од родот Рамчевци; Рамбовци (15 к.) доселени се исто така од селото Ростуше, ја знаат следната генеологија Абаз (жив на 40 г. во 1950 година) Мурат-Раман-Љатиф-Раман, кој се доселил; Шундевци (10 к.) имаат потекло како и родот Скендеровци (Жировница); Шабановци (14 к.) и Исовци (18 к.) доселени се исто така од селото Ростуше.
ЕЛОВО (опш.Студеничани)
Шабановци (7 к.), Баовци (9 к.), Рамановци (10 к.), Рашитовци (8 к.), Аметовци (6 к.), Селимовци (9 к.), Селмановци (8 к.), Џаферовци (3 к.), Имеровци (7 к.) Ѓуловци (14 к.), Орлевци (2 к.), Шабановци (7 к.), Абдијовци (2 к.), Ејуповци (3 к.), Таировци (10 к.), Зендовци (4 к.), Џаферовци (5 к.), Фејзовци (2 к.), Ибраимовци (2 к.), Алиловци или Ѓулафковци (6 к.), Јашаровци (1 к.), Амет-Фета (2 к.), Мемедовци (3 к.), Арифовци (4 к.), Ќеримовци (7 к.), Исовци (1 к.), Еминовци (2 к.) и Салиовци (2 к.) сите се доселени од села во Долна Река во текот на XVIII век.
ПАГАРУША (опш.Студеничани)
Јуцовци со Селмановци и Оручовци (15 к.) доселени се од селото Жировница во Долна Река. Ја знаат следната генеологија Заим (жив на 38 г. во 1950 година) Узеир-Зејнел-Јонуз-Реџеп, се доселил неговиот татко; Аџовци (12 к.) доселени се од Долна Река, мислат дека се од Жировница; Чалмовци (11 к.), Суљовци (7 к.), Зулковци (6 к.), Чумуровци (5 к.) и Османовци (3 к.) доселени се од Долна Река.
ЈАБОЛЦИ (опш.Сопиште)
Костовци (9 к.) доселени се од селото Волковија во Горна Река. Основачот на родот бил Коста по кој го добиле името. Тој во Волковија имал убава жена, но неа ја нападнале и убиле качаци. Потоа Коста се решил да се иселат од Волковија. Во Јаболци тој ги добил синовите Кољо, Илко и Спасо. Од нив потекнува денешниот род. Ја знаат следната генеологија Зафир (жив на 61 г. во 1950 година) Милош-Кољо-Коста, кој се доселил. 

* Рекански регион може да се издвојат неколку целини и тоа: Горна Река, Долна Река, Голема Река,Малорекански крај.

** Патописот на Јохан Хан од 1858г. (А. Матковски, Македонија во делата на странските патописци 1850-1864г., Мисла-Скопје 1992г, стр.290)
"... СЕ ДЕЛИ НА ДВЕ КЛАСИ, НА СТАРИ ГРАЃАНИ, КОИ СЕ НАРЕКУВААТ МИАКИДИ (изопачено од Мијаци М.П.) КОИ СЕ ДОСЕЛИЛЕ ТУКА (во текстот се зборува за Крушево) ОД ПОДРАЧЈЕТО НА ЛАЗАРОПУЛА (изопачено од Лазарополе М.П.) И ГАЛИЧНИК И ОВДЕ СТАНАЛЕ ГРАДИТЕЛИ НА КУЌИ - И ДОЈДЕНИОТ ПЛЕБС ОД СОСЕДСТВОТО, КОЈ НЕ СКИТА, ТУКУ СЕ ИСХРАНУВА ОД ГРАДСКА РАБОТА. ...".


© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

КОРИСНИ ТЕКСТОВИ

ДЕЛА И ДОКУМЕНТИ ЗА ЛАЗАРОПОЛЕ И МИЈАЧИЈАТА