Pages

LAZAROPOLE. ЛАЗОРОСКА - МИЈАЧКА МАШКА НОСИЈА

ЛАЗОРОСКА - МИЈАЧКА МАШКА НАРОДНА НОСИЈА
-----------------------------------------------------------------------

"Зетовска носија", делови:
1. КЕЧЕ - КЕПЕ; Капа од црн сатен.
2. "ЗОБАНЧЕ ЗЕТОВСКО"; Од црна клашна со ќулавка-голема јака, која во дожливи услови се носи преку глава.
3. "МИНТАН ЗЕТОВСКИ"; Од "свита" - чова, потплетена со бело платно. По рабовите опточена со жолти и трвени "туѓели". Предниците и ракавите украсени со коскени "петлици" - копчиња.
4. БЕЧВИ; Од бела клашна, опточени по рабовите со црни гајтани, како и околу џебовите и цеповите. се опачуваат околу колковите, терзиска изработка.
5. ЧОРАПИ; Спелетени од црна волна.
6. ОПИНЦИ "СЕЈМЕНСКИ"; Направени од говедска кожа.

-------------------------------------------------------------------------------------------------


делови:
1. "ТУНОФЕС"; Црвена капа со долга "киска" од модра свила.
2. "ДОЛАМА"; Специјална долга долна облека до под колена од бела клашна со долги ракави, широка и "надулчена" со повеќе "клиње". Од страните на колковите има џебови, а долу цепови. Рабовите сите опточени со зелена оптока. Предниците и ракавите украсени со црни гајтани и бикме. Орнаменти: на лактите од ракавите "колчаци" со "пилајки" на предниците "петлиња" и "криваче".
3. ПОЈАС; Ткаен од "чиста преѓа"-вишна преѓа, проширен со бело на прави шарки. пои краиштата украсен со сукани рески.
4. ЌУСТЕН; Сребрен накит за на гради.
5. ЦИГАРЛАК; Од сребро украсен со килибар.
6. КУТИЈА; За тутун или бурмут, од сребро, украсена со "сават".



линк: http://www.soros.org.mk/konkurs/009/27.htm

Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека & придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.