Pages

LAZAROPOLE. ЛАЗОРОСКА - МИЈАЧКА НЕВЕСТИНСКА НОСИЈА




1. КОШУЛА, "тонка" со "подвевци" (венчаница). Рокавите цели извезени со "синџати" и "кинат" вез.
2. ПРЕПАШКА, горен појас со "киски" - реси.
3. ПОЈАС, се носит под "препашката".
4. КИВЧЕНА БОВЧА, скутина, на обата краја богато украсена со "ал-киски" по која бовчата го добила името.
5. КЛАШНИК ГУВАЛЕСКИ, -долна облека од бела клашна. Преднците подплетени со вишна кадифе, извезени и опточени со срмени гајтани, ширити и бикме. Шарбите се "лоза", д‘лга по крајот опточени со "алосани"-црвени, "чисти"-вишни и "м‘рави"-сини гјатани. Над нив се извезени орнаменти "пулавки" кои и имат 31 на невестинскиот клашник.
6. МИНТАН, долна клашена облека со кадифе, срмен вез "лоза" и сребрени-позлатени копчиња.
7. НАЗОВЦИ, калчини, направени од црвена клашна а стопалата од бела. Наоколу по ивица опточени со "алосани" гајтани и срмено бикме.
8. ЕЛЕК, предниците "свитки"-чова, опточени со срмени кајтани и украсени со сребрени филигрански петлици.
9. ВРЗАНИЦИ, невестински чевли од разнобројна кожа "савтјан" - ишаран со з‘мба.
10. ЧОРАПИ, "алосани" исплетени од в‘лна.
11. ПЛЕТЕНИЦИ, украси за на коса.
12. ПАРТИ, гродник, направен од домашно платно и извезен со орнаментите: "петлиња", "мошаре" и "криваче".
13. СОКАЈ, горен дел, детал од невестинската носија шо се носит на‘глава под драпната-крпата. Направен од алова "свита"-чова и платно. Долниот дел је украсен со срмени ширити и китки.
14. КРС ОД СРЕБРО.
15. ИГЛА, со сребрен накит за на‘глава со 4 синџирчиња поткитени со трепетулки, настреде со позлатени "чапрасчиња".
16. ДРАПНА, бела платнена крпа за на‘глава. Околу по крајот опточена и извезена со "чиста оптока" - бишна оптока и коприна. Ја носит саде невестата.
17. ПАНЅИР, долен дел од сокај, направен од алова свита-чова украсен со срмени ширити, киски, реси, разнобојна монистра, жапки и стари пари. Специален невестински детал што се носи на плеќи.
18. КАЛЕМЌАРИ, в‘лнени шамии за на глава и за на појас.
19. НИЗАЛКА, накит за под појас со три реда синџири, долу поткитен - кован со стари сребрени пари.
20. ЧАПРАЗИ - ПАФТИ.
21. ШАМИЈА СВИЛЕНА СО КИСКИ, украс за под појас.




линк: http://www.soros.org.mk/konkurs/009/22.htm
Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека & придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.