Pages

ДВЕ СТОЛЕТИЈА ОД РАЃАЊЕТО НА ДИЧО ЗОГРАФ ОД ТРЕСОНЧЕ

Здружението на граѓани "Брзовец" од Тресонче на 31 Август 2019 година го обележува раѓањето на најголемиот наш зограф Димитрија Крстев Перкоски - Дичо Зограф.
фрагмент од икона
Дичо Зограф
1856г.
По тој повод, две столетија од раѓањето на Дичо Зограф, ќе се отвори спомен собата на големиот зограф во кругот на црквата Св. Петар и Павле во Тресонче во присуство на видни личности, свештеници и добронамерници .
Чествувањето за Дичо Зограф ќе биде обележано и со низа спортски настани: трка во планинско трчање, кружна трка со планински велосипеди за Куп на Македонија како и со традиционалниот Маратон по падините на Бистра.
фрагмент од текст
1841г. црква Св.Ѓорѓија Лазарополе
со името и презимето на зографот
"зограф смирениј Дичо от Треснче Перкоски"
Тресончани и здружението на граѓани "Брзовец" од Тресонче Ве канат од (собота) 31.08.2019 - 01.09.2019 (недела) година во Тресонче, заедно да прославиме две столетија од раѓањето на ДИЧО ЗОГРАФ.


ВИДИ ЛИНК - СЕ ЗА ТРЕСОНЧЕ

ПОВРЗАНИ НАСЛОВИ ОД БЛОГОТ ЛАЗАРОПОЛЕ ЗА ТРЕСОНЧЕ