Pages

Промоцијата на фото-монографијата „Лазороска“.

Својот повеќемесечен престој во Лазарополе, во периодот од 2020 до 2022 година додека траеше корона лудилото, го документирав со фотографии на пејзажи, за кои велат дека го одземаат здивот. 
Издадов фото-монографија под наслов „Лазороска“.
Монографијата на 100 страни има 64 фотографии од Лазарополе, од сите годишни времиња. Почнува со зима и завршува со зима.
Промоцијата на фото-монографијата „Лазороска“ ќе биде поткрепена со изложба на 24 фотографии од зимскиот период на Лазарополе.
Фото-монографија под наслов
„Лазороска“
Игор Цветковски