Pages

Фреска, Св Стилијан Пафлагониски, црква Св.Ѓорѓија-Лазарополе

Црква Св Ѓорѓија Лазарополе, Страшниот суд, правоаголна бордура, фрагмент од фреска, зограф - Дичо Зограф, Св.Стилијан со неговиот атрибут в рака - дете во повој. 

Ликот на Св Стилијан, познат пафлагониски свештеник, заштитник на децата, во македонските цркви и манастири не е традиционално самостојно прикажуван. 

Познати се досега само две самостојни престави на Св.Стилијан во Македонија, фреската во лазоровската црква (1836г.) и втората самостојна претстава е фреската (1740г.) во Богородичната црква во Крушево.

Св.Стилијан, фреска,
црква Св.Ѓорѓија
Лазарополе