Pages

ДОЛАМА - МОШКО ОБЛЕКЛО (фотографии)


1. "ТУНОФЕС"; Црвена капа со долга "киска" од модра свила; или КЕПЕ; Капа од црн сатен.
2. "ДОЛАМА"; Специјална долга долна облека до под колена од бела клашна со долги ракави, широка и "надулчена" со повеќе "клиње". Од страните на колковите има џебови, а долу цепови. Рабовите сите опточени со зелена оптока. Предниците и ракавите украсени со црни гајтани и бикме. Орнаменти: на лактите од ракавите "колчаци" со "пилајки" на предниците "петлиња" и "криваче".
3. ПОЈАС; Ткаен од "чиста преѓа"-вишна преѓа, проширен со бело на прави шарки. пои краиштата украсен со сукани рески.
4. ЌУСТЕН (ќустек или ќостек) ; Сребрен накит за на гради.
5. ЦИГАРЛАК; Од сребро украсен со килибар.
6. КУТИЈА; За тутун или бурмут, од сребро, украсена со "сават".

Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека и придаваат достоинствен и господарствен изглед.

НАРОДНА НОСИЈА



© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).