Pages

БОШКО ПЕРИНСКИ

БОШКО ПЕРИНСКИ
(1950-2008)


"Времето во деншниот ден речиси целосно ќе го потрошам за конечно дообиколување на мојата најнова книга, афоризми и епиграми со работен наслов "Просто мнозинсво". Оваа книга, всушност, содржински се надоврзува на моите две претходни книги: "На бош" и "Човек на човека му е пратеник"." ... "Денот ми почнува на чист воздух, во опкружување на остатоците од последниот снег и пролетното сонце врз Лазарополе. Тука го минувам викендот, заедно со моите најблиски, и се разбира, нема да ја испуштам множноста нешто да забележам во нотесот, каде што ги пишувам импресиите што ги внесувам во мојот најнов литературен ракопис. " (Утрински Весник, бр.1736, Што прават денес, 16 октомври 2006г.)

Бошко Перински, роден 1950 година во Ла
зарополе. Неговиот краток но плоден период завршува во 2008 година во Скопје. Од 1983 година почнува да објавува афоризми во Остен, Студенски збор, Вечер, на програмите на МРТВ. Неговите афоризми се преведувани и објавувани во словачки (гласило на словачките писатели "Литературен неделник"), српски ("Јеж") и бугарски ("Стршел") списанија за хумор и сатира. Во Бугарија, Габрово, 1997 година на 13-то интернационално биенале во куќата на хумор и сатира во уметноста го освојува 3-то место за книга. Неговите афоризми ги има и во "Антологија на балканскиот афоризам" составена од нашиот сатиричар Васил Толески, кој е прогласен за "Екселенција на сатирата". Добитник е на првите награди на фестивалот за хумор и сатира "ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС".
* 1993 година прва награда во категорија Aфоризми;

* 1994 прва награда во категорија Епиграми;

Во 1994 година ја објавува својата прва книга "На бош" а во 1996 година ја објавува и својата втора книга "Човек на човека му е пратеник ".
Зад себе има оставено и уште многу не објавени ракописи, афоризми, епиграми, сценарија за драми како и многу сатирични приказни кои тој ги нарекува "Врутоци".

Со дозвола на неговото семејство, благодарение на неговиот син Ламбе Перински, од сега натаму, на блогот ќе објавиме 50-тина афоризми на Бошко Перински од неговите книгиги "На бош" и "Човек на човека му е пратеник".

НА БОШ