Pages

ИЗВЕСТУВАЊЕ - МЕСНА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ


Месната заедница на село Лазарополе во врска со информациите кои што се пласирани во медиумите во врска со изградбата за викенд населба во село Лазарополе ( Заштитена зона во Национален Парк) се чуствува должна да го даде следното известување.
МЗ на село Лазарополе по добивање на информации за овој проект, кој што е започнат уште во август 2013 година со донесување на Извадок на Нацрт – записник на седница на Влада на Р. Македонија одржана на 20.08.2013 година каде што е разгледана и прифатена информацијата за објект Лазарополе ( Заштитена зона во Национален Парк), веднаш превзема активности за стопирање на целиот проект.
Одржани се повеќе седници на советот на МЗ, одржани се два собира на граѓани на Лазарополе со цел за да се информираат за настанатата ситуација. Воедно се преевезмени активности преку директни контакти со институциите надлежни за спроведување на проектот со цел да им се презентира целата фактичка состојба и последиците кои што би ги имале доколку се реализира еден таков проект.
Стапено е во контакт со Влада на РМ, - одржан е состанок со претставници на Владата на Р.М.
Стапено е во контакт со Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие и шумарство и водостопанство, одржани се два информативни состаноци со Агенцијата за просторно планирање, одржани се состаноци со Општина Маврово Ростуше.
Испратени се дописи во форма н а Приговори до сите институции кои што се должни за спроведување на постапката. ( истиот е даден во прилог ). Претседател на Р Македонија, Влада на РМ, Претседател на Собрание на РМ, Министерство за транспорт, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопнаство, Агенција за просторно планирање, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Слукжба за општи и заеднички работи, Агенција за планирање на просторот, Агенција а катастар на недвижности, Биро за судски вештачења, Општина Маврово Ростукѓа и Националниот Парк Маврово.
Од одредени институции се добиени одговори но дефинитивно се изјаснуваат за ненадлежни ( Претседател на РМ, Служба за заеднички работи и Министерство за транспорт и врски).
Се до донесувањето на Одлуката за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно земјиште и нејзиното објавување во Службен весник бр. 16 од 03.02.2015 година потпишано од страна на М-р Зоран Ставрески во име на Заменик претседател на Владата на РМ, ние како МЗ верувавме дека овој предмет е стопиран и дека институциите ја имаат увидено грешката за реализација на истиот проект како и да ја имаат увидено незаконитоста ( се прекршуваат многу закони кои што ја покриваат територијата која што е предмет на оваа одлука).
Месната заедница Лазарополе , продолжува со активности се до целосно стопирање на проектот изградба на викенд населба Лазарополе ( Заштитена зона во Национален Парк).
За сите поконкретни информации може да се контактираат Андо Стојковки 077 588 208, Арсо Глигуровски 070 451 007,

Скица

СРОДНИ ЛИНКОВИ