Со македонски песни и ора, учествуваа на Третиот балкански фестивал Трубачите од Костур,а Мајо Исаковски, зурлаџијата од групата, но и директен потомец на Мајовци вели дека е задоволен од настапот... Настапот помина одлично, задоволни сме, премногу задоволни сме. Публиката не прифати добро, многу беше воодушевена имаше голем број на публика. За нас овој настап беше прв во Грција, во Костур. Настапивме со наша измешана музика, со песни и ора. Верувајте дека никој, ниту политички, немаше некој што испровоцира или некој да рече нешто. Политика е тука сосема на страна. Ќе го оставиме тоа за политичарите.“ – објаснува Исаковски. ВЕСТА Е ПРЕВЗЕМЕНА OД КАНАЛ 5