Pages

КРСТОТ НА ЛАЗОРОСКАТА КАЛАВРИЈА

Многумина ќе се запрашаат што е тоа Калаврија и каде е тоа место во Лазарополе, дали навистина постои. Може да се претпостави од насловот, каде се наоѓа, дека тоа е едно од трите места во селото каде што е подигнат крст. Но два од подигнатите крстови се наоѓаат во месности со познати топонимски називи -  Цуцул и Соколица, но вакво место-Калаврија?! Останува уште крстот, најблизу до Лазарополе, крстот подигнат на врвот од Крастинци. И овој крст можеме да го именувме како "крстот што се наоѓа на Крастинци". Иако е најблизу до Лазарополе и до половина пат лесно може да се "освои", втората пловина е доста тешка за освојување и самото искачување до врвот, над Метеор, каде што е крстот бара поголем напор и трпение.

ктиторски натпис

Но повтрорно нема одговор, зашто "крст на лазороската Калаврија". За да го добиеме одговорот треба да си поставиме прашање зашто, како и кој го подигна овој крст на ова место. Илигден 2007 година, започнува огнометот.  По кратко време над Крастинци, веднаш над самиот врв се појавува црвеникав крст кој лебди над селото. Оваа случка многумина ја видоа и за нејзе можат да посведочат и денес. Некој дури и ја сними... Нормално е секоја несекојдневна случка да биде обвиена со мистерија и разни нагаѓања, од типот на квази наука, квази физика и метеорологија, квази митологија и некоја виша веронаука. Овде ќе расправаме само за тоа дека крстот од секој гледан агол мораше да се направи, за да се остави во аманет на сите. Дека ваков настан се случил, му се допаѓало некому или не. На скептиците, на муабетчиите за сеир, на научниците, на верниците и пред се мораше да се направи за сите оние кои едноставно им смета нешто кога се гради, но и самите одат горе и од секој агол гледаат само недогледна божја убавина... Лазарополе! Ктиторот на овој крст, Мирко Живков Поповски, поради мојот интерес за да се напише текст за крстот на Крастинци, срдечно се согласи да ми прескаже за миговите кога барал изим-дозвола за подигање на крстот.
осветување
02.08.2008
отец Партениј

Сето кажување ми изгедаше како одлична основа за да се подготви текстов, се рабира надополнето од мене со називот "лазороска Калаврија". Назив познат, но подзаборавен за нас. За да се добиела дозвола за градба на ваков "објект" покрај тоа што марало за да се добие зелено светло од државата-општината, ред било, кажува Мирко Ж. Поповски, да се добие дозвола и од сега упокоениот плошко-кумановски владика Кирил (1934-2013). Владиката Кирил го ислушал и на кажаното додал: "Крстот се појавил по прославата и огнометот, на денот и во рацете на Св.Илија. Го штител селото од можен пожар.". Со ове зборови владиката Кирил го дал благословот и дозволата од МПЦ за кревање на крстот кој ќе го штити селото од близу. Лазоровци во минатото, како и сите Мијаци и Реканци, и денс се луѓе од збор. Кога некому нешто ќе ветат тоа мора да се исполни. Но ако се заречеш. ветиш пред своите лазоровци, но и пред Бог е тоа е веќе "тежина" која сакал-неќел мора да биде завршено-исполнето, продолжува чичко Мирко со едно кажување од денот, 02.VIII.2008 година, на осветување на крстот: "Се искачивме на врвот каде што беше поставн крстот. Отец Партениј ми се обрати:


"Искачувањето до местово ми е како да го гледам распетието Христово на ридот Голгота"." Занемев, ми прикажуваше чичко Мирко, а мене ми беше јасно дека текстов ќе биде поголема мистерија од самата причина и градење на крстот, ако го напишам насловлот "лазороската Калаврија"Калаврија е името на ридот над Ерусалим ,кој на нас ни е познат како ридот Голгота, на кој ИСХР е распнат на крстот. Во тие библиски времиња ридот се именувал како Калаврија (покасно по 333г. ридот е именува како Голгота). На латински зборот Калаврија значи "череп". Името е дадено бидејќи камењата од ридот потсетуваат на череп. Заерм не е и нашава Краста, коде шо је крстон, карастине-карпине не не потсетувајет на ерусалимскава Калаврија...

Автор на текстот, Мојсо Поповски



ЦРКВИЧИЊА - ПАРАКЛИСИ ВО БЛИЗИНА НА ЛАЗАРОПОЛЕ


© 2008-2021 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините од
 lazaropolee.blogspot.com ®
 е дозволено доколку се наведе изворот
 со линк од блогот: 
статијата, фотографија или видео  
кое се превземена (максимум 60-100 зборови).