Pages

ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК ЈОРДАНЧО КИЦОВСКИ - ДЕЛА ЗА ЛАЗАРОПОЛЕ

Сработано (изработено) од РОКАТА (раката) на Јорданчо Кицовски. Да, од неговата рока. Роката која го носи генот на мијачките уметници. Зар не е црквава лазоровска, слободно кажано - просто од мене, "црно-бела но сепак жива" ?! Жива е како да ја гледаме од КРАСТИНЦИ, еве ја пред нас!. Ете го и тој, "полукралот" како да е повторно на своено место на ЗИЗДОН (ѕидот) во црквана лазороска. Чиниш роката и умот на Кицоски се соединиле и цртале минато читано од ЕРМЕНИЈАТА (книга во која биле запишувани тајните на зографите) на мијачките уметници, зографи. Сето тоа, видливо е во дела на Кицовски кои се посветени на Св.Стефан и архангелот Гаврил. Жива е таа традиција! Се кадросувале верените момчиња и девојки две недели пред великиот свадбен чин а тоа одамна замининато секојдневие од фотографското студио со уметничка смиреност повторно заживува во делото на Кицо - чиниш старата црно бела фотографија некако се копирала, а младите поминуваат незабележано покрај лазороските куќи и низ лазороските сокаци. 

Другите уметнички дела на Кицовски можете да ги погледате на следиот линк: JORDAN KICOVSKI A.R.T.

Јас што видов? Едноставна фантазија на изразување и творење, на еден млад современ македонски ликовен уметник, на кого покрај совршенството во модерното уметничко изразување "старата" уметничка традициата му е во неговата "проста лазороска душа", во генот.

Црквата во Лазарополе
(Ј.Кицовски)
Ѓурчин Кокалески
(Ј.Кицовски)
икона Св.Стефан
(Ј.Кицовски)
Архангел Гаврил
(Ј.Кицовски)
Момче и девојка од Лазарополе
(Ј.Кицовски)
Лазороска куќа и сокак
(Ј.Кицовски)


ПОВРЗАНИ ТЕМИ


Современо мијачко-лазороско копаничарство

Венценосецот Шаламун изразил желба да го посети Лазарополе

Свечености по повод одбележувањето на празникот Илинден во Лазарополе. 2009г.


©2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).