Pages

ДАЛИ МИЈАЦИТЕ ИМАЛЕ СВОЈ ЕДИНСТВЕН ПЛЕМЕНСКИ БАЈРАК

Зборот бајрак во македонскиот јазик е дојден од турскиот збор bayrak (османотурски بیراق што значи знаме.
Знамето односно бајракот преставува широко парче платно со определена боја или комбинација на бои и со одредензнак (обично прицврстено на стап или на копје) што претставува симбол на држава, народ...
Од турскиот збор bayrak во македонскиот јазик изведена е формата бајрактар (bayrakdâr) што значи знаменосец, прв со бајракот и слично. Во османлиско време терминот бајрак се употребувал за помала воена единица, која ги штитела  везирите и беглербеговите.
Денешното знаме
на мијаците
преставено од Трајчев 
Во овој текст нема да се занимаваме со значењето-симболиката на денес за нас познатиот, таканаречен, СЕОПШТ МИЈАЧКИ БАЈРАК. Овде ќе се обидам да ја објаснам "проблематиката" која не втурнува во неосновано тврдење за некакво сеплеменско-колективно знаме на мијаците, и за некаков континуитет на истото. Историско-етнолошките карактеристики на населението од Мала Река се обработувани и документирани во многу дела. Сите се интересни, но интересни се само оние дела кои обработуваат немитологизирани факти. Денес многу теми од нашето минато се преувеличуваат. Слободно можам да кажам дека и темата за мијачкиот бајрак е една од многуте преувеличени приказни, едноставно  искривен митолошки приказ на вистинските историски настани. Претераното цитирање, пред се немањето историски факти извори, на легендите не води до градење на митот за мијачкото сеплеменско знаме. Едноставен пример за современ мит.
Првичната престава на
мијачкиот бајрак
од 1995г. Тресонче

Многу учени го прифаќаат непроверениот и недокументиран извор кој што говори дека мијаците ИМАЛЕ КОЛЕКТИВНО "знаме кое што било старо колку и нивниот род", и потоа продолжуваат дека тоа знаме " им било дозволено повторно да го истакнуваат од страна на Турците одкако мијаците застанале на нивна страна во војните против Австријците". Овие тврдења се застапени во бугарската и српската литература во првата половина на ХХ век. Во ниедно од многуте дела не се наведува било каков извор или пак некакво временско датирање на тие тврдења, дека мијаците имале свое знаме. Паушалното тврдењето дека знамето е старо колку што е стар и нивниот род предизвикува пак неосновано тврдење меѓу македонските учени денес, кои се занимаваат со "проучување" на мијачкото минато, дека тоа знаме ги влече своите корени уште од антиката. Ова тврдење  се базира на вештачкото откритие за "античката старост на мијаците"  и на еден археолошки наод од антиката во кое се "споменува" мијачкото име!?
Овде треба да се наведе и дадениот запис од страна на Исаија Радев Мажоски кој во своите СПОМЕНИ (Софија 1922г) на страниците 18-19 издвојува, (без да ги именува Мијаците), дека по падот на Македонија под римска власт, Рим дозволува на дел од западните македонски Словени да ги користат нивните дотогаш воени знамиња само на свадби. Поврзувањеото на Словените од Македонија во време на македонско-римските војни е неосновано - последните две војни 172-168г.п.н.е и / 150-148г.п.н.е. Некои современи научници денес би го искористиле овој податок но и некои други делови од СПОМЕНИТЕ за креирање и надоградување на нивните тези за некаков непречен континуитет, на населението од антиката и средниот век до денес. Мажоски понатаму во делот за знамињата на овие Словени дополнува, и при тоа детално ги опишува "висината на дрвото била 2 метри а дебелината 4 до 5см... должината на платното 1,5 метар а ширината 1 метар. ... Знамињата имало црвена боја на рабовите и внатрешноста била бела... Знаковите-симболи на различните знамења биле: мечка, лав, плимесечина и рака. Тие знамиња сеуште постојат во Македонија, но денес се зачувани само во дебарскиот крај и кои со старите обичаи се користат на свадби. Се користат во селата: Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари, Осој, Јанче, Велебрдо, Битуше, Косоврасти и Мелничани.". Мажовски наведива дека слични знамиња до пред 100 години имало и во други краеви од Македонија пред се во Костурко, но биле уништени од османлиските власти. Понатаму Мажоски го опишува адетот за врме на свадбата кај Мијаците кога се истакнува знамето-бајракот како и песна која се изведувала за време на овој свадбен мијачки адет (види подоку во текстот). Посебно интересно за нас е наводот дека реканските села ги користеле, како што вели, ЗНАМИЊА (множина) но нигде ЗНАМЕ - едно и единсвено. Во својот опис Мажоски нигде не го споменува крстот како симбол на знамињата. Крстот како симбол е доминантен на досега за нас познатите семејни бајраци. Покрај немањето на податок за кртстот како симбол на знамињата, Мажоски наведува неколку за нас интересни симболи, кои на досегашните семејни бајраци не ги среќаваме, а тоа се мечката и раката како симболи во неговите знамиња.
Мијачкито знаме
како дел
од рубриката
историски знамиња
од МКД
иако ова знаме
како такво
е "усвоено"
 за мијачко
по 1995г.
Ех да би било барем нешто од ова вистина...
Бајракот се наведува како една од пелменските карактеристики на мијаците, кој што ги оделувала од останатите жители на Балканот и Македонија.
Историски факт е дека мијаците имале свое знаме-бајрак, но тој симбол не бил колективен племенски - семијачки бајрак.
На некому веќе долго време во нашата литература, сето тоа препишувано од постари дела - српски и бугарски, му годи, понесен од литературен романтичен занес, постојано да го крие фактот дека тој бајрак-знаме не треба да го преставува како еднина. Таа еднина е дел од поголемата множина, која не може да се разделува. Тоа "делење" на едниот бајрак ги засенува другите бајраци - постарите и поново документираните.
Мијците имале свои РОДОВИ-СЕМЕЈНИ БАЈРАЦИ но никогаш еден единствен. Родовите бајраци ги имало во секоја малореканска населба. Централен мотив на скоро сите досега познати и документирани СЕМЕЈНИ МИЈАЧКИ БАРЈАЦИ е крстот. Поради преставата на крстот овие родови бајраци се познати и како КРСТАТ БАЈРАК/ци. Денешното таканаречено мијачко знаме во некои неиздржани дела се нарекува и МИЈАЧКИ КРСТАТ БАЈРАК.
Епитетот мијачки бајрак, денешното познато мијачко знаме го добива во деведесетите години од ХХ-от век, поточно на 150-ет годишнината од изградбата на црквата Св.Петар и Павле. Во 1923 годин го имаме првото документирано мијачко знаме кои се однесува на повеќе мијачки населби, но е далеку по карактерот на традиционалните семејни бајраци. Денешното мијачко знаме за прв пат е преставено на Петровен 1995 година во Тресонче. Развеано во дворот на гореспомената црква. Години пред ова овој бајрак се чувал во кругот на еден тресонечки род. Како семијачки е од 1995 година, поради немањето доволно понова стручна литература за новите сознанија и новите семејни бајраци во овој период на забрзано на национално самостојно будење на Македонците. По 1995 година скоро сите населби во Мала Река започнуваат да го истакнуваат ова знаме на селските слави во кругот на нивните цркви.
Еден од оригиналните
 симболи
од бајракот
Неговата појава и денешна употреба не е во никој случај спорна. Спорно е тврдењето дека овој бајрак во некои историски четива се прикажува како ВЕКОВЕН СИМБОЛ на мијците. Неговата мијачка карактеристична особина не е спорна. Бајракот е крстат родов бајрак, и негирањето на родовата карактеристика е негирање на сите други денес познатини и непознаати мијачки бајраци. Овој бајрак е документиран и обработен, различно, и на многу места претерано увеличен, заедно со многу други семејни бајраци.
Вистина, од сите бајраци овој бајрак е најубав и е најубаво изработе и сочуван.
Од првата јавна престава од 1995 година во Тресонче како семијачки симбол овој бајрак претрпува неосновани корекции во однос на боите и намерното бришење на дел од придружните симболи преставени на аглите.
Оригинални
бои од 1995г.
Првата престава од 1995г беше верна и автентична копија на оригиналот од тресонечката црква. На бајракот доминираа само две бои, белата како основна боја и симболите исцртани со црвена боја. Покрај овие две бои денес се повеќе се впишува и жолтата во некои делови од знамето - внатре во кругот по рабовите. Вметнувањето на ж'лтата боја не одалечува од суштината а нејзината појава треба според мене да се бара во доближивање на семијачкото знаме до националните бои од државното знаме на Македонија. Уште пострашно е пополнувањето на средиштето на двоглавиот орел и другите симболи со црвена боја. Со ваквото пополнување се бега повторно од оригиналот, а со тоа се бега од некој реален-издржан историски факт - намерно или ненамерно. Со сите измени кои овој бајрак ги има претрпено по 1995 година можеме да се пофалиме дека имаме барем "десетина"  нови и уште понови семијачки бајраци - не негови варијанти туку "ненамрни" нови бајраци.
Нова варијанта
со жолта боја.
Пополнување на внатрешноста
од симболите со црвена боја
Едно треба да ни е јасно! Секое бегање и преставување на ова знаме како знаме кои датира негде од XIV век непрекинато како семијачко симбол е неосновано. Мијаците имале свои симболи но тие симболи биле поединечни симболи на мијачките родови-фамилии. Фактот дека мијаците не вееле знамиња од окупаторите на македонската земја на своите црковни слави (црковни знамиња и литии) и свадбени веселби (крстат бајраци) е издржан  факт, барем за периодот од ХIX до триесетит години од ХХ век. Но не секогаш опстојувале во својата самосвет, понекогаш и тие паѓале под тупаницата-пропагандата на окупаророт и вееле туѓо државно знаме (досега необјавен документ *ЦДИА, ф. 394...* - во врска со овој документ и други досега необјавени док.за и во блиско значење за Лазарополе и малореканскиот предел во друга објава).
Ова знаме како единствен мијачки симбол е преставен во 1995 година, но никако пред тоа, и како таков и треба да се негува - единствено во неговата изворна форма.
Се поставува и прашањето, основано, дали ова треба да се нарече и мијачки-колективен бајрак бидејќи мијаци на нивната територија веќе нема. Или пак е само обичен бајрак кој се вее на дел од една општина каде што живееле мијаците непрекинато до 1970 година.
Одговорот би бил - ова знаме се вее во нивната дедовина, во денешните нивни викенд населби и со него понекогаш се "евидентираат" луѓе со потекло од тие краишта и кои барем малку се гордеат со историско-културните достигнувања на своите
дедовци.
Една од оригиналните варијанти на бајракот;
се чува во лазоровската црква

ИЗРАСЛЕ МИ ЕСЕНИ ЈАСЕНИ

Изрaсле ми есени јaсени.
Не ми биле есени јaсенк,
тук ми биле дo три 
пoбрaтими:
првиoт е терзијa вo oдaјa
втoриoт е мaјстoр нa кaфчијa
треќиoт е млaди кувенжијa.
Тoј шo беше терзијa вo oдaјa,
дa сoшиет крстaтa бaјрaкa;
Тoј шo беше мaјстoр нa кaфчијa
дa нaпрaвит сoрoк нa бaјрaкoт;
Тoј шo беше млaди кувенжијa
дa нaпрaвит крстoт нa бaјрaкoт.

Најнова варијанта автор
Аврам Аврамовски.
https://tresonche.wordpress.com
1. Фрагмент од семејна фотографија (свадба)
приказ на родов мијачки бајрај
2.Фрагмент од семејна фотографија (свадба)
приказ на родов мијачки бајрак

ПЕСНА ЗАБЕЛЕЖАНА ОД ИСАИЈА МАЖОСКИ ВО ВРСКА СО СВАДБЕНИОТ АДЕТ  - КИТЕЊЕ НА БАЈРАКОТ. 
pо истрелот на пушката се пеело: 

"Што е врева во јунакови дворови,
се кренале високи бајраци
над широки и високи чардаци,
дал јунак на војна ќе одит,
ил се готвит мома да си земат...
Моме ми се болно разболело,
..."

Текст на Мојсо Поповски
текст во изработка - простете за правописни и граматички грешки

© 2008-2018 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата-текст (само 50 зборови), фотографија или видео  кое се превземена.

НАДВОРЕШЕН ЛИНК

ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ

МИЈАЧКИОТ КРСТАТ БАЈРАК - ЗНАМЕ


АДЕТИ И ПЕСНИ КАЈ МИЈАЦИТЕ ЗАПИШАНИ ОД ПАНАЈОТ ГИНОСКИ И ВАСИЛ ИКОНОМОВ

/////////////