Pages

СВИРКАТА НА МАЈО - Анте Поповски (Провиденија)


Никогаш не сте ја чуле свирката на Мајо?
Не сте чуле ниедна негова езгија?
Не сте го виделе на ниедна свадба?

- Секое дупче од неговата свирка
- гнездо полно славејчиња...

Во недела, пред да се венчаат младите,
Мајо оди на гробишта
да ги поканини мртвите на свадба;
тогај се корнат стеблата, се покриваат карпите,
мртвите стануваат да го слушаат,
земјата престанува да расте...

Си отиде Мајо: во црвен минтан - во црно ќепе...

Не берете гороцвет на мијачка земја,
не прекинувајте ја свирката!
Сега сонцето е само бледа свеќа за неговата свирка.

Провиденија од

Мајовци; зурла Рамче, топан Исак;
Лазарополе 1971 година; фотографија
Neil Folberg.

<iframe width="560" height="315" src="https://www.youtube.com/embed/TQ0hdwr57LY" title="YouTube video player" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture" allowfullscreen></iframe>

МАЈОВЦИ; MAJOVCI

ТЕШКОТО ВО ИЗВЕДБА НА МАЈОВЦИ mp3


АНТЕ ПОПОВСКИ - поетот што нé учеше како се сака татковината


© 2008-2019 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата-текст (само 50 зборови), фотографија или видео.