Pages

ЛАЗАРОПОЛЕ ФОТО МИНАТО 68

Фотографии, панорами и куќи од Лазарополе, од перидот помеѓу 
1950 и 1960 година. 
Фотографиите се само мал дел од богатата архива на почитуваниот господин Томо Черепналкоски од Галичник (голем број на стари фотографии од и за Галичник). 
Ви препорачувам да ја посетите неговата ФБ група.

Лазарополе; црква; 50-60г. од ХХ век
Лазарополе од Горно Маало; поглед кон Оралишче и Крастинци (маало), 50/60г. од ХХ век
Лазарополе поглед од патот пред Комбинат,
50/60г. од ХХ век.
куќи; Чупоско Маало
Колоската куќа и Горна Чешма; 50/60г. од ХХ
Попоската - куќата на Васил Икономов; денес
Алкушоска куќа; 50/60г. од ХХ век

„...примитивната куќа сега е заменета со куќата на душеме (на кат). До вакви куќи дошле Мијаците кога се оддале на ѕидарскиот занает; можеби како ѕидари сами дошле до неа и понатаму ја пренесувале. За да подигнат куќа на кат тие не ѕидале ѕидови од сите страни, туку само од две или од три страни. Кровот некогаш бил покриван со слама, а денес со камени плочи. Подот во ‘куќата’ е од набиена земја и за тоа таму се најдебели подниците (гредите). По другите одделенија подот е од шчица (штица). Денешната куќа кај Мијаците во приземјето има трем за затворање на стоката и клед за чување на најразлични потребштини, облека, мрс, овошје, зеленчук. Исто така, во кледот секопа и скривница, која е вешто прикриена. Кледот е многу мрачна просторија и таму младите ја поминувата својата прва брачна ноќ. Во тремот се наоѓа амбарот за чување на житото, а исто така, таму се икаците. Во ѕидовите се сретнуваат четвртасти вдлабнатини, камари. Во тремот прозорците се мали и преку него се оди на спратот со помош на скали кои што се прицврстени. На горниот кат најголеми одделенија се ‘куќата’ и чардакот. Во ‘куќата’ има две врати, голема и мала, кои се свртени една спрема друга, обично на јужната и на северната страна. Малата врата служи за комшилук и за бегство кога ќе влезат арамии во куќата, и понекогаш е наместена повисоко наѕидот, а големата врата, пак, претставува официјален влез во куќата. Пред големата врата се простира дворот, а од малата врата се оди или во мало дворче или директно на улица. Чардакот е најголемиот дел од куќата и служи за пречекување гости и за најразлични веселби. ‘Куќата’ служи за кујнски работи. Во дното, на средината, се наоѓа огништето, вдлабено и округло, порабено со роб“. (МИЈАЧКА КУЌА "Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле", Тома Смиљаниќ)

ЛАЗАРОПОЛЕ ФОТО МИНАТО

Се извинуваме доколку при именувањето на одредени слики се поткраднат и определени грешки, Ве уверуваме дека тоа не е сторено со намера, туку од незнаење. Воедно ги замолуваме сите Лазоровци, особено оние кои што потекнуваат од луѓето и фамилиите кои што се на сликите, оние кои што имаат добра волја и можност да ни испратат слики од нивните семејни албуми, при проследувањето на сликите да ни испратат и одредени податоци за нив. Кои личности се наоѓаат на фотогарфиите (или за кои семејства се работи)и доколку е можно да се определи нивниот временски период. Сметаме дека тоа во многу ќе придонесе за средување на овие наши заеднички „Лазороски албуми“, како и да им ја искажеме нашата почит на нашите предци, со внесување на што е можно по прецизни податоци за нив.
Однапред Ви благодариме на сите.


© 2008-2019 lazaropolee.blogspot
All rights reserved
Превземањето на © 2008-2019 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата-текст (само 50 зборови), фотографија или видео на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата-текст (само 50 зборови), фотографија или видео