LAZAROPOLE TESKOTO ЛАЗАРОПОЛЕ ТЕШКОТО


Снимено во Лазарополе 1948 година, Јадран Филм. Narodni Plesovi, Jadran Film 1948 production. This version of Teskoto is from the village of Lazaropole, Macedonia.
The Hard One (Teškoto) is considered to be one of the most beautiful and most difficult Macedonian folk dances. A lot has been written and said about it. Geografically, the dance and the costume it is performed in originate from the region of Lazaropole located at Mount Bistra in the north-west Macedonia. In essence, it is devoted to the farevell moments of the Macedonians who were leaving their country to work abroad. The Hard One was danced at the outskirts of the villages, where people made their farewells to their beloved ones before embarking on the road to the unknown hard work abroad. However, over time it developed in a hymn not only of the people who worked abroad, but also of sufferings that piled up in the Macedonian souls through the centuries of subjugation.
ПРИКАЗНАТА НА НАЈТАЖНОТО МАКЕДОНСКО ОРО
На печалба не се заминувало без "Тешкото". Македонското оро "Тешкото" потекнува од мијачкиот крај тоа се поврзува со печалбарството како судбина на луѓето од овој планински предел во Западна Македонија.Орото започнува со удари на тапанот и со пискотот на зурлите , играорците се движат бавно и формираат круг. Ороводецот дава знак со шамивчето и играорците се фаќаат за рацете , со смиреност и достоинство започнува танецот со приказана за мачниот живот на Македонецот.Тоа е "Тешкото" ."Тешкото" потекнува од мијачкиот крај и неговата суштина етнолозите ја поврзуваат со печалбарството како судбина на луѓето од овој планински предел во Западна Македонија. Традицијата ни раскажува дека печалбарите од Лазарополе и другите мијачки села , на верскиот празник се враќале во родниот крај за да учествуваат на свадбите на своите роднини. За време на веселбите " Тешкото" се изведувало со силни емоции, восклици и тага поради скорешното заминување на печалбарите , а често и на младоженците кои во селото си ги оставаат невестите.. Така настанал и опстојувал низ времињата овој симбол на тешкиот печалбарски живот на Мијаците. Приказната за "Тешкото" ја раскажува и "Танец"нашиот професионален државен ансамбл за народни песни и ора. На првата интернационална турнеја на "Танец" во Ланголен , Англија за првпат е изиграно орото пред светската јавност и во таа 1950 година "Танец" во Ланголен ја освојува првата награда . Учесник во првата изведба на "Тешкото" во светот бил и ненадминатиот и неповторливиот Александар Сариевски и тоа како тапанџија во оркестарот на "Танец".. Сега веќе покојниот доајен на македонската народна песна раскажувал дека деветмината играорци кога настапиле во Ланголен биле нервозни и на почетокот имало и моменти на трема се до моментот кога легендарниот и ненадминат ороводец на " Тешкото " , Дојчин Матевски се качил на тапанот . Сариевски кога ги видел лицата на исплашените и пребледнати јунаци , му рекол на Дојчин "Баци ме Дојчине" , тој го бакнал и во тој момент се спуштила тежината од рамењата на младите момчиња , на лицата им се разлеала насмевка и тие го заиграле орото онака како што треба , и така цврсто и достоинствено го истерале докрај. Публиката и жирито биле воодушевени и набрзо им било доделено и највисокото признание на фестивалот. Во образложението на претседателот на жирито , професор Тејлор мегу другото се вели : "Македонската група даде јасно сурова игра , откината од најдлабоките народни пазуви , во која не се препозна никаков допир на индивидуална уметничка рака ... таа игра е доказ дека таму живее народ со висока култура".
ТЕШКОТО МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР И ПРКОС
"Тешкото" најдобро го чувствуваат и го играат лицата по потекло од Мијачијата, од Лазарополе, тоа е нивно оро, орото на печалбарот. Со векови во Мијачијата свадбите и веселбите, испраќањето и пречекувањето на печалбарите, тагите и радостите започнувале и завршувале со бисерот на македонскиот фолклор, со орото кое до ден-денеска го чува приматот - "Тешкото". Во изминативе над шест децении, македонските фолклорни ансамбли, нашите културни амбасадори низ светот го презентираат нашиот фолклор, нашата песна, обичаи и традиции. Не може да се замисли настап на фолклорна група без "Тешкото". Секогаш е услов на организаторот, а публиката откако ќе ја проследи изведбата, повторно ги враќа на бис игроорците да го одиграат оро, уште еднаш да ја почувствуваат убавината на кореографијата, музиката и играта. Тешкото се игра со голема емоција и со големо чуство. Народниот гениј создал оро со кое ги изразил вековните маки на македонскиот народ. Преку играта и покретите се изразува и нашата решеност да се истрае, да се победат маките, надеж да се ослободи од ропството, да се исполнат желбите, да се зачуваат македонскиот идентитет и гордост. "Тешкото" е магија. Нешто свето и чудесно, можеби и неминовност за да се опстои низ суровите премрежиња што ги носеле годините и вековите. Колку што е минато, толку е сегашност, а неговите вредности, како што истакнуваат етнолозите, ќе остане трајна, се’ додека постоиме. Писокот на зурлите и умерениот удар на тапаните го означува почетокот на "Тешкото". Игроорците цврсто фатени за рака, со смирено подигнување на десната нога и подвиткување на коленото започнува македонската приказна на непроболот и маката, а наедно пркосот и непокорот. Сета кореографијата на "Тешкото" е мошне сложена. Од првите чекори на игроорецот, кога започнува орото, па се’ до крај, "приказната" не допира, постојано е во динамика, со изедначен ритам... Највозбудливо е кога ороводецот ќе се качи на тапанот, со што симболично се претставува победата над тешкотиите. Потоа, се убрзува играта, добива убрзан ритам. Секој игроорец за миг е ороводец, го прима марамчето го води орото и го предава на следниот, се’ така додека сите не се изредат. Движењето на нозете, на рацете, на телото, самиот ритам што го создаваат зурлите и тапаните, создаваат еуфорична атмосфера, заигруваат срцата на сите. Чувството кога се игра или, пак, се гледа "Тешкото" не може да се опише, туку тоа само се доживува."Тешкото" најдобро го чувствуваат и го играат лицата по потекло од Мијачијата, од Лазарополе и Гари, тоа е нивно оро, орото на печалбарот, кој го напуштал татковото огниште, најмилите, родната грутка земја, заминува во непознат крај, полн со неизвесности и тешкотии. Сето тоа народниот гениј успеал да го преточи во "Тешкото"."Тешкото" било и останало, не само оро, туку и вечна и неисцрпна инспирација на поетите, композиторите, режисерите, сликарите, занаетчиите. Врз елементите на "Тешкото" се напишани многу песни, раскази, снимени се филмови, создадени се дела на класична музика, новосоздадени народни и забавни песни...
Lazaropole, Macedonian movie "Beli mugri" from 1952 Vardar Film. Вардар Филм, 1952 година, снимено на повеќе локации низ Македонија. Препорака гледајте го до крај филмот.


Фестивал на народни песни и игри Лондон 1962 година, Albert Hall, Танец ТЕШКОТО.Folk Dance Festival - London, 1962. The Macedonian Folklore Dance Ensamble Tanec at the Albert Hall in London 1962 The Ensemble of folklore dances and songs of Macedonia TANEC was founded by the point out of the Government of the people's Republic of Macedonia in 1949, as a need of the Macedonian culture, having it as an aim to collect and cherish the Macedonian folklore treasure; the dance, the song, the instruments, the rich original costumes and to present it in the country and out of her through concerts, festivals and other performances in the cultural field.



ТЕШКОТO, ДОЈЧИН МАТЕВСКИ.

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post