АРХИМАНДРИТ аџи ТЕОФИЛ АВРАМОВ ЖУНГУЛОСКИ (1838-1884)
Тој е значајна личност кој се јавува со немилосрден и жесток отпор против сите туѓи влијанија во Македонија, која можело да биде скршена само со негово физичко ликвидирање. Неговиот животен пат бил многу бурен, трновит и трагичен, а воедно и многу плодотворен и значаен за Македонија и македонскиот народ. Тој бил еден од ретките од овие простори што во тоа време го стекнал своето високо образование на катедрата за филозофија во Цирих и Виена. Врзувајќи се со Димитар Робев, Коста Групчев, Васил Икономов, Димитар Чулев и други македонски дејци и револуционери, тој смело и решително војувал против грчката патријаршија и бугарската егзархија, а всушност се борел за осамостојување на македонските епархии и нивно обединување во единствена црковна институција што би се потпирала на старите македонски црковни традиции и изворишта. За таквата своја заложба Теофил Аврамов Жунгулоски платил со својот живот.литература, исто, стр. 19-20.
Текстот е на Слободан Шошкоски. Докажан културно-просветен и духовен деец, учен ерудит, еден од челниците на антипатријаршиското-грчко влијание во западна Македонија, учител-реформатор, единствен словенски владика во Дебар поставен со султански берат, пламенен борец за обнова на Охридската архиепископија, полиглот кој зборувал грчки, влашки, албански, турски, српски, бугарски, француски, германски и руски јазик.Роден е во Лазорополе на 18 јули 1838 година (според други тој е роден во 1851 година), во еден од најмоќните родови во селото Жунгуловци. Негов татко е Аврам Кунов Жунгулоски богат ќеаја (5000 овци и 400 коњи) кој се занимавал и со трговија. Мајка му е Риста Жунгулоска, една од ќерките на легендарниот Ѓурчин Кокале. Тој имал уште тројца браќа: Нестор, Марко и Јосиф и една сестра Елена.Основното образование го стекнал во селското ќелијно училиште, во црквата Св. Ѓорѓија, формирано од архимандритот Анатолиј (Жунгулоски) Зографски (прадедо на Теофила) во 80-тите години на 18 век. Негов учител бил поп Мартин Димкоски (најверниот соработник на Ѓурчина).На 12 годишна возраст, образованието го продолжил во манастирот Св. Јован Бигорски. По две годишна работа во манастирската препишувачка школа, Теофил заедно со својот вујко Пејко Жепчески (во тоа време еден од најбогатите луѓе во Дебарско) пошле на аџилак во Ерусалим, посетувајќи го Божјиот гроб. На враќање тие пропатувале во арапските земји Иран, Ирак, Јордан, Сирија и Египет (Каиро и Александрија)Вујко му аџи Пејко, кој високо ја ценел интелигенцијата на Теофила, без знаење на неговиот татко го запишал во машката гимназија во Серез. Уште тогаш Теофил зборувал грчки, влашки, албански и турски јазик. Додека учел во Серез, Теофил истовремено работел во копаничарската тајфа на Ѓорѓи Донев од Гари, каде го изучил овој занает. Заради квалитетот на изработките што ги правел, тој во 1852 година добил едномесечно патување по Грција и Турција. Во Серез тој се запознал со Стефан Веркович (познат фолклорист), како и со македонските преродбеници Глигор Прличев и Димитар Миладинов.
Од Серез, Теофил школувањето го продолжил во грчката машка гимназија во Солун, каде што бил под непосредна грижа и старателство на архимандритот Иларион (Чупоски) Зографски, (дедо на Теофила). Во гимназијата се истакнувал со своето познавање на старогрчкиот јазик, а особено другарувал со Рајко Жинзифов од Велес, со соселанецот Димо Ажиески и со Ташко Цветков од Сушица. Уште таму, тој заедно со другите свои пријатели и соученици пројавувале идеи за автономија на македонската црква и просвета, а за што бил и накратко отстранет од гимназијата поради антигрчко однесување. Во Солун го научил францускиот јазик.По завршување на гимназијата, Теофил кратко работел како учител во училиштето на Аргир Трпков Дебарлијата, во Солун. По предлог на својот вујко-мецена аџи Пејко, Теофил го продолжил своето образование во Швајцарија (есента 1862 год.) каде што се запознал со српскиот социјалист Светозар Марковиќ, со кого што одржувал писмени контакти. По шестмесечен престој, тој од Швајцарија заминал за Австрија, каде се запишал на Виенскиот универзитет, студирајќи филозофија, естетика и природни науки. Таму го научил и германскиот јазик. Во Виена тој се дружел со хрватскиот писател Август Шеноа и со српскиот писател Јован Јовановиќ Змај, со кој особено се спријателил.По завршување на образованието, Теофил од Виена се враќа во Лазорополе, каде започнал да работи како учител, заедно со Василко Икономов. Веднаш се вклучил во организираното црковно-просветно движење, кое се борело против грчкото влијание што се ширело од страна на грчкиот митрополит од Дебар, владиката Калиник (подоцна го заменил омразениот Антим). Еден од водачите на ова движење бил Димо Ажиески, соученикот од солунската гимназија (инаку негов роднина). Со своето образование, ораторска вештина и организациските способности Теофил за кратко време станал омилен кај народните првенци, не само во Лазорополе, станувајќи еден од најактивните борци за духовно-просветна слобода. Теофил во Лазорополе учителствувал две години (1866-1867), каде што заедно со Василко спровеле реформа во училиштето, преобразувајќи го дотогаш ќелијното училиште од манастирски тип во световно модерно училиште со настава поблиска до учениците. Биле исфрлени книгите од црковен карактер и заменети со посовремени предмети буквар, читанка, свештена историја, сметање, земјопис. Биле воведени клупи-скамлии, а исфрлени физичките казнувања. На крајот на секоја учебна година, учениците пред своите родители биле јавно испитувани. Целата настава се водела на народниот мијачки дијалект.Кон крајот на 1867 година Теофил заминал да учителствува во Дебар, каде што исто како и во Лазорополе го реформирал училиштето, поставувајќи го на световна основа. Воедно, таму ја продолжил и борбата за отфрлање на грчката црковна власт и обнова на Охридската архиепископија. За таа цел тој патувал низ селата од Долни Дебар (денес во Албанија) организирајќи ги во антипатријаршиското движење. Со негова помош во Дебар била реоформена црковно-училишната општина, укината со доаѓањето на грчкиот владика во градот, било започнато возобновувањето на црквата Св. Богородица, а во црковниот двор било изградено училиште.Аџи Теофил во пролетта 1869 година од Дебар, заминал да учителствува во Охрид, во училиштето во маалото Кошишта, каде продолжил со своето дејствување против грчката патријаршиска пропаганда и влијание. Тој се залагал за исфрлање од употреба на грчкото писмо (кое имало широка употреба во градот, заради грчкото влијание) и негова замена со кирилицата. Бил организатор и ученик во формирањето на црковно-училишната општина во Охрид (24 август 1869 год.) која себе си сñ се нарекла Охридска архиепископија. Оваа еднострано прогласена Охридска архиепископија, ја зела во свои раце целата црковна власт во градот и започнала меѓу народот од Охрид, Битола, Ресен и пошироко да агитира од турската власт да се бара возобновување на укинатата Охридска архиепископија.Ја посетил Битола и битолско, Струга, Кичево, со единствена цел да го организира антипатријаршиското дејствување и да се координираат залагањата за возобновување на Охридска архиепископија која би била одделена како од Патријаршијата, така и од сеуште неформираната Бугарска Егзархија, која била во зародиш и која од страна на турската власт била третирана како решение на црковните спорови што постоеле и во Македонија.Аџи Теофил во Солун учествувал во формирањето на т.н. Национален комитет кој на ниво на координативно тело се залагал за обнова на Охридска архиепископија.Откако со посебен султански ферман било објавено постоењето на Бугарската Егзархија, на секоја православна епархија ñ било оставено правото да се изјасни кон која црква сака да припаѓа (кон грчката Патријаршија или кон бугарската Егзархија). Не мирејќи се со таквиот развој на настаните, аџи Теофил како и поразбудените македонци продолжиле да работат за единствената правилна цел возобновување на Охридска архиепископија. Тој бил иницијатор и потписник на неброени петиции, жалби и молби адресирани до турските власти со кои се правел обид да се објасни дека овие турски поданици не се ниту грци, ниту бугари и дека сакаат своја сопствена црква и богослужба на мајчиниот јазик.Во мај 1871 година аџи Теофил заминал за учител во кичевскиот манастир Пречиста, во Крнино, кое што по угледот на другите училишта каде што учителствувал, го реформирал. Во Кичево формирал и посебен црковен одбор, кој подготвил детален план за систематско отстранување од црквите и училиштата на туѓата, особено грчка црковна и просветна литература. На нивно место започнале да се употребуваат книгите на нашите преродбеници и учебникари Анатолиј Зографски, Партение Зографски, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулески и др.Аџи Теофил ги поддржувал и штотуку формираните вооружени чети, чија што цел била заштита на населението од грабежи, но и пресретнување и заплашување на грчките свештеници и особено на грчкиот владика Антим, а кои што всушност преставувале првите никулци на вооружената борба на македонскиот народ за свое национално ослободување.Следејќи ги своите внатрешни пориви за ширење на својата света мисија, да работи за духовно и национално ослободување на својот народ, аџи Теофил отпатувал во Србија. Таму, тој заедно со своите истомисленици Ѓорѓија Пулески и Цветко Поповиќ, држеле пламени говори меѓу македонските печалбари, барајќи од нив да се вратат во Македонија и на било кој начин да се вклучат во борбата против национално-верските пропаганди и турското владеење.Во својата извонредно богата активност, аџи Теофил неколку пати се среќавала со солунскиот валија Митхат паша, кој прв од страна на официјалната турска власт, го признавал постоењето на македонскиот народ, го земал под заштита и се залагал за праведно решавање на македонското црковно прашање.Во постојаната борба за добивање на црковна самостојност, а откако станало јасно дека тоа нема да се постигне преку бугарската Егзархија, македонското црковно движење својот спас го побарало во Унијатството. На тие позиции се наоѓал и аџи Теофил. Тој заедно со своите соработници архимандритот Козма, Коста Групчев, поп Томо, Василко Икономов и Вело Топалоски, во септември 1874 година одржале состанок во Кичево, на кој се донесло решение охридската, кичевската и дебарската црковна општина да стапат во Унија со Римокатоличката црква, следејќи го примерот на солунската, дојранската, кукушката, струмичката, малешевската и ениџе-вардарската црковна општина. Но, за жал и овој обид за создавање на Охридска архиепископија не успеал, благодарение на превртливоста на одредени водачи на движењето.Во декември 1874 година аџи Теофил се вратил во Лазорополе, каде повторно работел како учител, заедно со неговиот пријател Василко Икономов.Во борбата околу црковното прашање, аџи Теофил воспоставил контакти со руските конзули Максимов во Битола, а потоа и со Иван Ст. Јастребов во Призрен, со кого станал близок пријател и кој некоку пати доаѓал во Дебар и Лазорополе, како негов гостин.Благодарение на големата популарност што ја имал аџи Теофил, во периодот 1875/76 година, неколку пати бил наговоруван да прифати да биде поставен за владика на Дебарско-Кичевската или на Охридската епархија. Но, Теофил ги одбивал таквите предлози, зашто сметал дека тој како учител не бил подготвен за таквата свештеничка должност.На 28 август 1878 година, на празникот Успение на Св. Богородица, во Гари се формирал нов Епархиски одбор на Дебарско-Кичевската епархија. Во неговиот состав влегол аџи Теофил, а од Лазорополе како членови биле избрани уште и Василко Икономов и Аврам Голибегоски. Претседател на одборот бил архимандрит Михаил игуменот на манастирот Св. Јован Бигорски.На 29 август 1878 година, заседанието на Епархискиот одбор продолжило во манастирот Св. Јован Бигорски, каде по предлог на Галичани, било донесено решение црковно-просветното движење во Дебарскиот крај да се вика Мијачка христијанска секта т.е. Мијачка секта. За претседател на сектата бил избран аџи Теофил, а за потпретседатели првенците аџи Пејко и Тодор Томоски.По долгото и упорно настојување, од страна на народните првенци, но и од самиот народ, конечно аџи Теофил попуштил и се согласил да биде запопен. Тој чин се случил на празникот Ѓурѓовден 9 мај 1879 година, во манастирот Св Јован Бигорски, во една свечено-празнична атмосфера, на која што присуствувале над 3000 луѓе и сите видни првенци. Од страна на своите соплеменици Мијаци, тој бил наречен поп со сила, бидејќи самиот против својата волја се жртвувал за доброто на својот народ, очекувајќи дека овој чин на црковно-просветното движење ќе му даде дополнителен импулс за остварување на зацртаните цели создавање на Охридска архиепископија.Поп Теофил во својата беспоштедна борба за народното добро, имал составено концепти за буквар и земјопис, кои биле во ракопис и кои нестигнал да ги отпечати. Овие книги во ракопис, биле чувани кај неговиот син Коста Попоски сé до 1912 година, кога српската полиција влегла во неговата куќа и ги запалила, заедно со куп други документи од неговата заоставнина; како и документи и матријали кои што самиот Коста ги собирал и пишувал. Воедно, по запопувањето тој започнал интензивно да преведува и препишува црковни книги и молитви од грчки на народен јазик, мијачки дијалект. Благодарение на неговите лични контакти со рускиот конзул во Битола, од Русија била носена црковна литература, која што се растурала низ целиот Дебарски крај. Се знае дека 13 руски книги ñ биле подарени на црквата Св. Ѓорѓија во родното Лазорополе.Поп Теофил во есента 1881 година, преку Киев и Москва, а во придружба на лазоровецот Спасе Самарџија и стружанецот Димитар Кочо, пристигнал во Петроград, каде се запишал на познатата Свештена семинарија, со цел да се стекне со потребното знаење за неговата свештеничка должност. При престојот во Москва тој воспоставил контакти со студентите-македонци од познатата Македонска дружина. Во Петроград Теофил, освен со студирањето, започнал да подготвува студија за неговиот познат соселанец Анатолиј Зографски (според некои, тој му бил дедо на Теофила). Ракописот имал 126 страни, но и тој заедно со сета друга оставнина бил уништен од српската полиција во 1912 година.На 12 април 1882 година во Цариград пристигнал Теофил Аврамов Жунгулоски, сега веќе носејќи го чинот архимандрит. Тој бил лично примен од великиот везир на турската империја Хасан Фехми паша, кој му издал берат (заповед) со кој на Теофила му било дозволено да раководи со Дебарско-Кичевската епархија, со што тој станал прв македонец кој добил берат од Високата Порта без покровителство ниту на грчката Патријаршија, ниту на бугарската Егзархија. Официјално тој бил именуван како словенски владика. Колкава била големината на тој преседан зборува и фактот што официјално во турската империја постоеле само две православни цркви, грчката Патријаршија и бугарската Егзархија. Дебарско-Кичевската епархија која дотогаш, официјално-формално се наоѓала во владение на грчкиот владика Антим, сега добила втора црковна власт прифатена од населението, а олицетворена во словенскиот владика Теофил.Заради остварувањето на својата главна цел возобновување на Охридската архиепископија, архимандрит Теофил, заедно со црковното движење, решиле да ги затоплат односите со бугарската Егзархија, надевајќи се дека нивниот сон полесно ќе го остварат преку нив. Самата Егзархија, пак, уште од поодамна сакала кон себе да го привлече арминадритот Теофил, како авторитетна фигура во црковната дејност во западна Македонија. За таа цел арх. Теофил, бил повикан во Цариград, од страна на Егзархот Јосиф I. На 19 февруари арх. Теофил бил произведен во протоерејски чин, всушност станувајќи заменик митрополит за Македонија и Одринско.Архимандрит Теофил, заедно со Епархискиот одбор, организирал општо-народен црковен собор, којшто се одржал на Иванден (7 јули) 1884 година во манастирот Св. Јован Бигорски. Овој собир се нарекува уште и Словенски конгрес. На него учествувале околу 3000 поклоници и претставници на месни црковно-народни одбори, народни првенци и видни личности од централна и западна Македонија, како и од Албанија. Главната цел на овој собир било координирањето на активностите на црковните одбори за натамошен прогрес на црквата и просветата.Заради преземањето на овие активности на арх. Теофил, кои биле спротивни на интересите на грчката Патријаршија, тој бил наклеветен кај турските власти, по што бил повикан во Битола. По неговото доаѓање, тој бил веднаш затворен. Но, по огромниот притисок што го направиле бројните македонски делегации од цела западна Македонија, како и по интервенцијата што ја направил рускиот вицеконзул од Битола, Теофил набрзо бил ослободен.Грчкиот владика Антим, од каде што доаѓале сите злоби и непријатности, знаел дека арх. Теофил можел да се запре само со убиство. Тој веќе подолг период го клеветел кај дебарските муслимански првенци дека тој е руски агент, кој подготвувал востание во Македонија и дека работел за доаѓање на руските војски во овој дел од турското царство. Овие, поверувајќи на таквите измислици, се собрале на таен состанок на кој била договорена ликвидацијата на арх. Теофил. За таа цел од страна на грчкиот владика биле поткупени личните телохранители на долгогодишниот Теофилов пријател Селим Рус бег. Теофил наоѓајќи се во Дебар (каде што бил намерно повикан) на ден Илинден 1884 година, на денот на селскиот празник, кога во самото село биле закажани повеќе венчавки и кои сите го чекале Теофила да ги благослови, тој морал да се врати во Лазорополе. Тој од Дебар заедно со доделеното „обезбедување“ кое се состоело од сејмените на Селим Рус бег, Сул Кроса, Зини Шабан и Ајрадин Баула, тргнал напладне на Илинден. Кога дошле кај месноста викана Клакови, во близина на селото Долно Мелничани, Дебарско, архимандрит аџи Теофил бил погоден од куршумот од пушката на Ајрадин Баула, бил мртов на самото место. Незадоволувајќи се само со убиството, Ајрадин Баула, му ја отсекол главата на арх. Теофил и крадејќи му го златниот крст од градите, се упатил во Лазорополе, каде во тој момент се наоѓал грчкиот владика Антим, кој безуспешно се обидувал да влезе во селската црква, за да го извести и да си ја земе наградата од 100 турски златници. Останатите двајца сејмени го чувале мртвото тело на Теофила. По некоја случајност од тоа место поминувал лазороскиот ќеаја Мицо Дојчиноски, кој и го открил мртвото тело на архимандритот Теофил. На чинот на пренесувањето на мртвото тело на Тофил, кое се случило попладнето на Илинден, присуствувале над 1200 луѓе од сите околни села. Самиот чин на закопот бил одржан на 3 август напладне, со сите црковни почести, на него присуствувале над 5400 луѓе, опело одржале архимандритите Софроние и Михаил во сослужение на 25 свештеници од Малореканскиот крај. Посмртен говор одржал Василко Икономов, неговиот верен пријател и соборец против грцизмот, а од него се простиле сите видни првенци со кои што соработувал целиот свој живот. Самите лазоровци, својот сакан поп и митрополит, во знак на длабока почит и признание за неговата дејност, го погребале во дворот на црквата Св. Ѓорѓи, веднаш зад олтарот, до гробот на легендарниот лазоровец Ѓурчин Кокале и учителот Мартин Димкоски.

АЏИ ПОП ТЕОФИЛ И САМОВИЛА КРЧИНСКА
Зора зорит, ден се раѓатот врв високите гори.Одејќи, трчајќипо река Радика.И згрмеје клети пушки,от јасна месечината убије наши брати,наши брати, аџи Теофила,во негови бели гроди.Падна смирен, аџи Теофиле,падна смирен на зелена трева.Офкат, пишчит, гора се лулејет,тамо немат никој да го видит.Го дочула Крчин-самовила.Си облече манастирски дрехи,манастирски дрехи, мртовечки,па си викна од врв Крчин.„Погледај ме, как се моча,ќа те мола, ќа те клна,да ми одиш Мала Река,Мала Река, Радика,Кичевија и Копачкаи цела Дримска околија.Да повикаш мои браќа,да се зберет, да ме кренет.“Ми отиде самовила,ми повика мили браќа,ми слегоје во Радика,во Радика, Мелничанска,една рока го развива,друга рока рани врзва.Го запраша Самовила,Самовила, Крчиноска:„Гледаш ли ме мили брате,аџи поп Теофиле?Кој те тебе мили брате,луто прелога ... ?“Одговори аџи Теофил:„Не ме прашај Самовило.Не скоревај лути рани.Ја си идеф од град Дебор,си беф тргнал в наше село,да си венча мили внука,да истера кир Владика ...!“Проклет да е тој кир Антим,шчо натера Арнаути,да пукајет в бели гроди ...!“
Архимандритот аџи Теофил како свои наследници, заедно со својата жена Цвета Дојчиноска (која починала во 1881 година) ги оставиле тројцата синови Аврам (ум.1899), Коста (1878-1940) и Анте и една ќерка Ќира (р.1881)