Според многумина етнолози и фолк-музичари, Мајовци го имаат достигнато најдобриот уметнички израз на познатите мијачки ора "Манукот" и "Тешкото" и нивната изведба треба да претставува урнек за свирењето на тие наши ора.
Еден од првите играорци,кој што е познат и кој го донел Тешкото во "Танец" е Рафе Жиковски од Лазрополе, а потоа во "Танец" го водел легендарниот играорец на Тешкото, Дојчин Матевски исто така од Лазарополе.
На Илинден во Лазарополе, печалбарите се враќале масовно од туѓина, се женеле на заеднички свадби и потоа заминувале. Разделбите биле најтешки, мачни. Биле испраќани од блиските до чешмата-Еѓупска ледина, каде и се играло Тешкото, за збогување.