ПОЗНАТИ И ПРИЗНАТИ ДЕЈЦИ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ
ЃУРЧИН Илиов КОКАЛEСКИ (1775-1863)
Овој деец е познат како Ѓурчин Кокале. Тој се истакнал како знаменит човек не само во своето родно Лазарополе, туку и во целата Мијачија, па и пошироко. Рано останал без татко (татко му Илија бил убијен од арамии). Изгледан е и изведен на пат исклучиво од неговата мајка. Најнапред се оспособил за терзија, потоа станал кираџија и трговец. Подоцна станал сточар, запоседнувајќи ја шумата Лопушник, како и повеќе пасишта. Сам за себе напишал и оставил живопис што е уникатен пример во Македонија. Во него меѓу другото пишува: "Фала Господу и на другите светители што ми дадое прво ум и разум а после и јунаштво. Пред мене не може да излезе никој, ни со занат, ни со пушка, ни со коњ бинеклија. Скакав 55 нози на три поти, 25 одеднуш, коњи прескакав шест. Со десет оки камен, фрлав 50 нозе. "
Тој со помош на Мартин Димковски Попоски го имаат задолжено Лазарополе со убавата селска црква.
Во својот живопис има оставено и порака до своите синови и внуци која гласи: " Да се молите Господу, да гледате сиромаси, да најадувате гладни, да одите смирно, да не чините гордост и фодулок, руба и пусат, туку со срце !"

Ѓурчин Кокале е познат и како еден од првите наши преродбеници. Неговото големо дело е познато и по тоа што христијанте од цела Деборија, ги држел во слога за да не се разединат и бидат лесен плен на Турците. Од султанот добил дозвола да носи оружје и со него да го штити населението од насилници. Бил истакнат коџабашија на селото од 1807 до 1863 година. Бил пријател со повеќе турски великодостојници и со фрман од султанот добил право да го штити својот крај и да учествува во покраинскиот меџлис (собрание), каде што заседавале беговите од целата Деборија.Литература: Сотир Шошкоси и Васко Попоски, "Лазарополе во подалечното и поблиското минато", Скопје, јуни 2003г., стр.16-17.
ПОВЕЌЕ, Текстот е на Слободан Шошкоски.
Човек звездалија - како што го нарекувале лазоровци. Богат сточар - ќаја, ктитор на црквата во Лазорополе, коџабашија на селото од 1807 до 1863 година, заштитник на христијанското население, прв човек во Македонија кој зад себе оставил пишана автобиографија „Ѓурчиново наказание“, претставник на мијачкиот крај во Дебарскиот покраински меџлис (собрание). Зборувал турски, албански и грчки јазик.
Роден е во Лазорополе во 1775 година, од татко Илија Кокале и мајка Кала Жунгулоска. Уште на едногодишна возраст останал без татко му Илија, кој бил убиен во 1776 година. Ѓурчин минал тешко детство, заради тешката материјална состојба во која што се нашло семејството по татковата смрт. Заради сиромаштијата на Ѓурчина му умреле еден брат и една сестра.
Во 1785 година, неговиот постар брат Силјан се оженил, а десетгодишниот Ѓурчин бил даден од страна на мајка му да слугува во Дебар, кај некои бегови, само за да може да се прехрани и да научи јазик. Тој во Дебар останал две години до 1787, каде што успеал да научи турски и албански јазик, кои што понатаму ќе му бидат од голема корист. Во истата 1787 година, една од сестрите (две што ги имал) се омажила за Илија Коштрески, терзија во Лазорополе; а тој заедно со брат му Силјан заминале на печалба во градот Катерино (сега во Грција), каде што ги усовршил јазиците и започнал да учи грчки јазик. Таму останал само една година, по што се вратил во Лазорополе и станал терзија кај својот зет Илија Коштрески, кој освен на занаетот го научил да пишува црковно словенски. Тоа всушност било првото Ѓурчиново описменување. Со терзискиот занает во селото се занимавал две години 1788-1790 година, совладувајќи го потполно. Потоа отишол во Воден 1790-1792, каде го усовршил терзискиот занает, но не се збогатил, како што претпоставувал, туку си останал сиромав.
Честопати, покрај со терзискиот се зафаќал и со други занаети: бил анџија, кираџија (пренесувал стока на коњи во Дебар, Прилеп, Елбасан), бојаџија, но од ништо не се збогатил. Сепак, и тогаш, според физичките карактеристики личен, висок, тенок, но многу повеќе според елегантната облека (која што самиот си ја шиел), вооружен со туфек-пушка, а подоцна и со јатаган, личел на богат Албанец или Турчин, а знаењето на овие јазици само му помагало да си го пробие патот понатаму.
Во 1798 година, Ѓурчин се оженил со Ѓурѓа сестрата на селскиот свештеник поп Мартин, ќерка на Петре Димкоски од познатиот род Димковци, староседелци во селото. Од тогаш започнал да се богати и од оваа година тој наполно му се посветил на сточарството, напуштајќи го анот што дотогаш го држел целосно отстапувајќи му го на својот ортак Стамат. Ѓурчин купил овци и ги оставил на презимување во Прилепско Поле. Ѓурчин подоцна своите овци секогаш ќе ги испраќа на зимување во околината на Солун. Таму закупувал кшли (земја, ливада каде се правело трло и каде што овците презимувале), особено се знае дека Ѓурчин вакви кшли имал во близина на селото Лубаново, Солунско. Извесно време параќаја (заменик на ќајата, кој раководел со целата работа околу овците) на Ѓурчина му бил Стамат Димкоски.
Како што се зголемувало богатството на Ѓурчина, така се зголемувал и неговиот авторитет не само во селото, туку и во целата Мијачија, па и пошироко. Негови лични пријатели станале тогашните моќници Али-паша Јанински и Лобуд-паша од Солун. Деловни пријатели му биле беговите од Воден, Костур, Бер и Дебар. Овие врски и контакти Ѓурчин ги користел не само за лични цели, туку и за заштита на мијачкото население.
Во 1807 година, Лазорополе биле зафатено од силен пожар и речиси целото било опожарено (од тогашните 60-тина куќи, биле опожарени 53). Куќата на Ѓурчина не страдала во пожарот. Во таа година за коџабашија на селото (еден вид на селски кмет) бил избран Ѓурчин Кокале, која што должност ја извршувал бесплатно до крајот на својот живот, а која што активност била богата со настани и случувања. Веднаш по изборот за коџабашија на селото, Ѓурчин заминал на поклонение на Света Гора, верувајќи дека со овој аџилак ќе ги исчисти гревовите на своите соселани за да не им се случуваат такви трагедии во иднина. На Света Гора во Зографскиот манастир се сретнал со својот соселанец Анатолиј Зографски и уште тогаш заедно со него размислувале на кој начин да издејствуваат издавање на ферман за изградба на голема црква во Лазорополе (во тоа време градбата на нови цркви била возможна само со издавање на ферман од Султанот). Но и двајцата заклучиле дека тоа ќе мора да почека некои подобри времиња.
Следните години Ѓурчин продолжил да се збогатува од сточарењето, но и не само од него. Тој се занимавал и со:
¨лихварство (како што правеле и сите во тоа време што имале вишок готови пари),
¨закупувал кшли по цени што нему му се исплателе (заради пријателствата што ги склучувал, редовно ги закупувал по пониски цени), а потоа ги давал во подзакуп за реалното чинење на кшлите;
¨се бавел и со трговија - кога на пролет се враќало стадото, тој во Лазорополе носел сол, тутун, маслинки, маслиново масло, јужно овошје, занаетчиски производи, па дури и накит - односно сé она што сметал дека можело да се продаде во селото. Тој дури имал и свој дуќан во селото. (според кажувањето на неговиот внук Ефто Кокалески - види кај Д-р Александар Матковски, Ѓурчин Кокалески (1775-1863), ИНИ, Скопје, 1959, 133)
¨ја преработувал волната. Имено, тој на жените од Лазорополе, но и од околните села им давал волна, која овие ја преработувале (переле, пределе, сновеле, ткаеле, бојадисувале) за од неа да изработат разни волнени производи: шајак, чоја, аба, долами, бечви, појаси, престилки, минтани и разни гајтани, за кои што Ѓурчин им плаќал, а потоа ги продавал најмногу во Дебар и Елбасан.
¨изработувал сапун и лоени свеќи од пцовисаните или болни овци, кои потоа ги продавал по локалните пазари.
Иако, Ѓурчин бил современик на востанијата во Србија (1804-1813) и Грција (1821-1829) тој не учествувал во нив. За Негушкото востание самиот оставил неколку редови во својата автобиографија. Благодарение на својот пријател берскиот ага Каилоџија, кој го известил навреме, Ѓурчин се вратил во Лазорополе, засолнувајќи се од бесот на турската војска, која што можела и него, како богат човек-христијанин да го зафати. По поразот на Негушкото востание, биле заробени многу луѓе, кои Турците ги продавале како робови. Ѓурчин овие несреќници ги откупувал по пазарите и ги ослободувал. Тој исто така во своите трла штител и хранел секакви разбојници. Ги помагал и немирните Албанци од Дебарско, воспоставувајќи со нив пријателски врски, заштитувајќи го на тој начин Лазорополе од пљачкосување.

Во 1821 година, Ѓурчин веќе бил толку богат што ја купил целата планина Луковец зашто му била потребна за летни пасишта.
Во 1822 година богатството на Ѓурчина се ценело на 1000 овци, 25 коњи и 25.000 гроша (огромна сума за тоа време)
Од 1823 година, Ѓурчин започнал почесто да останува во Лазорополе, а на зимување со овците ги пуштал своите синови, на тој начин упатувајќи ги во сточарскиот живот. Тој особено се грижел на своите деца да им ги пренесе своите знаења, но и деловни контакти. Уште како помали, сметајќи дека неговите синови мора да бидат писмени за да бидат понатаму подготвени за водењето на работите, тој лично ги описменил (бидејќи во Лазорополе тогаш сеуште немало училиште) и ги научил на турски, албански и грчки јазик.
Во 1826 година се случил двобој меѓу Ѓурчина и одметнатиот јаничар Алија, чија што глава била уценета од страна на турската власт. Имено, Алија му наредил на еден поп од Солунско, да му ја донесе својата убава ќерка во шаторот. Но, наместо тоа, тој ја скрил ќерка си во Ѓурчиновото бачило. Кога Алија разбрала за тоа, тргнал да ја граба. Во дуелот, што се одвивал на коњи и со јатагани, Ѓурчин, иако ранет успeал да го убие Алија. Му ја отсекол главата и заедно со парите што тој ги пљачкал од народот и со јатаганот, отишол во Солун, кај својот пријател Лобуд-паша. Овој го пофалил, му го оставил целиот плен, а освен тоа му го исплатил и износот на кој што била уценета главата на разбојникот. Ѓурчин особено бил горд на ново добиениот јатаган од кој не се делел до крајот на животот. По смртта на Ѓурчина овој јатаган, кој го нарекувале „Ѓурчинова сабја“ ја чувале како селска реликвија со која лечеле од уплав, за лесно породување и за лесна смрт. Како последица на повредата што Ѓурчин ја добил во овој двобој, тој подоцна во староста се парализирал.
Во извршувањето на својата обврска како селски коџабашија, Ѓурчин особено се трудел даноците со кои што било задолжено селото, самиот да ги собира и да им ги носи на турските власти во Битола. Не сакал под изговор дека собираат даноци, во селото да влегуваат турци и да го тормозат населението. Тоа Ѓурчин не го дозволувал. Главната девиза со која се раководел Ѓурчин за време на својот коџабашилак била „Колку сме повеќе, толку сме посилни“… За секое новородено машко дете во селото, како мушчилок давал еден златен наполеон и двапати едно по друго пукал со својот туфек од прозорецот на куќата; за новородено женско дете давал една бела-меџидија (сребреник) и пукал еднаш од пушката. Така целото село разбирало дека Лазорополе има принова. Така во селото, но и во Мијачија се создавал култ кон многудетните семејства. Сиромашните во селото ги помагал, водејќи се од својата христијанска милосрдност. За таа цел, за потребите на селото тој дал 400 кози, за да имаат сите млеко. За него, долго по неговата смрт било задржано сеќавањето дека каде и да минел ја хранел сиромаштијата. Особено му се спротивставувал на печалбарството и се трудeл да им најде работа на сите, за да не се осипе селото. Женел и мажел сираци и ги помагал секако. Го посинил Јован наречен Ќоле (на турски - роб) кој се наоѓал кај дебарскиот бег Мухамед Бербер Оглу, заедно со неговата мајка Стефана Мутафчиќ и сестрата Сара, која што пак ја омажил за својот син Мино. Ги одвраќал луѓето од пијанства, кражби, разврат и сл. Откупувал христијански робови по пазарите, а некои од нив и ги носел по мијачките села. Барал од селаните да бидат писмени, чисти и да носат убави алишта. Со својот авторитет ги смирувал скараните, го делел имотот меѓу браќа и ортаци, недозволувајќи да се оди по турски судови. Во селото организирал каси, во кои што ќаите вложувале пари во текот на годината, а кои што се користеле како помош на оние кои настрадале од турски зулум или пак биле ограбени од арамии. Подоцна често пати овие средства се користеле за општествени цели: за поправка на цркви, манастири, училишта, патишта, за плати на селските учители и попови, за помош на сиромашните во селото, како и за други заеднички селски расходи. Така на пример со овие пари Ѓурчин ја подигнал „Горна чешма“ која уште ја викале и „Кокалеска чешма“. Во Долно маало ја подигнал „Долна чешма“, која била долга 12 метри и била покриена.
Голема била желбата на Ѓурчина во Лазорополе да се изгради голема црква. Тој тоа го сметал за своја обврска, бидејќи се сметал за миленик на Бога, заради тоа што бил коџабашија и сакал на селото да му остави свој траг, но и заради истакнување на своето стекнато богатство. Сметајќи дека неговиот авторитет е веќе толку голем, а Лазорополе толку оддалечено од турските власти, решил да ја гради црквата и без да посетува султански ферман. Ѕидањето на црквата било започнато на 15 април 1832 година. Таа се градела со пари на Ѓурчина, но и на другите селани во Лазорополе, а ја граделе сите. Како селско предание се раскажува дека иако селото било богато со коњи и тие можеле да го пренесуваат каменот потребен за изградба на црквата, тие тоа го правеле сите сложно, пренесувајќи камен „од рока на рока, за да се паметуват“. Се претпоставува дека на чинот на започнувањето со градба учествувал и дал свој благослов и лазоровецот Анатолиј Зографски (подоцна архимандрит, кој имал пријателски однос со Ѓурчина Кокале), но, за тоа колкава била неговата улога околу изградбата на црквата, досега во историската наука постојат нејаснотии, иако се претпоставува дека ако ништо друго, тој за црковните потреби на своето село испратил од Русија црковна литература.
Градењето на црквата во селото се одвивала нелегално се до 1838 година, кога Ѓурчин, по добиената препорака од својот пријател Лобуд-паша, успеал да биде примен на аудиенција кај Султанот Махмуд II. На таа средба Султанот на Ѓурчина му врачил орден заради ликвидацијата на разбојникот Алија; но главната намера зошто Ѓурчин ја барал оваа аудиенција била можноста лично од Султанот тој да побара ферман за градење на црква. Во оваа пригода, стравувајќи дека би можел да биде одбиен од Султанот за такво нешто, тој дипломатски изразил подготвеност воедно да изгради и џамија во селото Лубаново, Солунско. Кога тоа го слушнал Султанот, ги дозволил и двете работи. Ѓурчин на оваа аудиенција побарал дозвола за постојано носење на оружје, како и тоа лично тој да го претставува својот крај во Дебарскиот покраински меџлис (собрание) - и тоа му било дозволено. И последното негово барање било да се издаде ферман со кој би се назначило кои давачки населението треба да ги плаќа, за да не би дошло до идни недоразбирања. За овие три барања, биле изготвени и три фермани.
По оваа аудиенција кај Султанот и по добивањето ферман за градба, изградбата на новата селска црква била продолжена без никаков страв. Ѓурчин за изградба на црквата ги дал сите пари што ги нашол кај разбојникот Алија, како и парите што ги добил како награда за неговото убиство. Тие пари не ги сакал, затоа што тоа биле „крвави пари“. Но, бидејќи црквата веќе била готова и немало потреба од тие пари, тогаш со поп Мартин Димкоски се договориле овие пари во еден ѓугум да бидат закопани под олтарот и од нив понатаму да се испрати еден Лазоровец на аџилок на Светиот гроб, за да побара од името на целото село прошка за гревовите.
Конечно црквата била готова и во негова чест од страна на сите лазоровци било решено таа да се вика Свети Ѓорѓија, иако желбата на Ѓурчина била таа се посвети на Свети Илија, бидејќи неговиот татко се викал така. Таа била осветена на Илинден 1841 година, со голема општонародна веселба, на којашто присуствувале и други Мијаци од околните села. Од тогаш празникот Илинден во селото се празнува како селски празник.
Како благодарност за изградбата на Лазороската црква, Ѓурчин во црквата добил посебно, почесно место изрезбарен стол наречен уште и „Ѓурчинов престол“ на кој што (откако во староста се парализирал) бил седнуван кога доаѓал во црквата, за да ислуша богослужба.
Со Ѓурчинови финансиски средства во работилницата на браќата Бота, во Вршац (тогашна Австрија) била излиена камбана во 1856 година, која била наменета за црквата во Лазорополе. Овој факт добива на тежина ако се знае дека тое е всушност четвртата камбана во цела Македонија во тоа време.
Уште и пред воопшто и да биде црквата готова Ѓурчин Кокале заедно со својот пријател поп Мартин, се грижеле неа да ја снабдат со потребни црковни книги. Како докажани дејци кои се противеле на употребата на грчкиот јазик во црковната богослужба, настојувале црковните книги да бидат на разбирлив словенски јазик. Книгите се купувале од Русија и преку трговци и печалбари се носеле во Лазорополе.
По изградбата на црквата во самиот црковен двор била подигната една зграда, која што всушност била првото основно училиште кај Мијаците. Тоа било подигнато на иницијатива на Ѓурчина Кокале и поп Мартин Димкоски, кој бил и првиот учител. Се учело од црковни книги на мијачки дијалект. Ова училиште било основано со единствена цел да ги описмени најпрво децата на ќаите, кои ја наследувале работата на нивните татковци. За поуспешно водење на работата неопходно било да знаат да читаат, пишуваат и сметаат. Училиштето било селска сопственост (основано 1841 година) и за него, како и за исплатата на учителот се грижеле побогатите ќаи во селото.
Ѓурчин Кокале честопати ги помагал како манстирот Свети Јован Бигорски така и манастирот Света Богордица Пречиста Кичевска. Овој манастир често бил пљачкан и опожаруван од албански арамиски банди. Ѓурчин, заедно со другите мијачки првенци Сарџо Брадина од Тресонче и Тодор Томоски од Галичник, како и со помош на сите Мијаци, го обновиле манастирот. Само од Лазорополе во 1850 година биле собрани 500 гроша за да се направат нови конаци во манастирот.
Ѓурчин лично ја помагал и изградбата на црквата во Росоки, која почнала да се гради во 1836 година.
Како борец и заштитник на христијанското мијачко население тој, благодарејќи на својот, но и на авторитетот на неговиот пријател галичкиот првенец Томо Томоски, успеале да ги вратат во христијанство неколкуте исламизирани галички семејства, со што го зацрстиле своето влијание меѓу останатото население, но и меѓу локалната турска администрација.
Тој заедно со својата жена Ѓурѓа Петрева Димкоска ги имале децата Риста (1798-1905), Дамјан (р.1799), Мино (1800-1870), Елена-Чола (1807-1892), Пера, Нико, Доста, Пенда, Аврам и посвоениот син Јован-Ќоле. Починал во 1863 година и сè до крајот на својот живот, иако парализиран, останал да биде селски главатар, благодарение на огромниот авторитет што го имал. Тој по барање на народот бил погребан во црковниот двор крај олтарот. Кога се разбрало за неговата смрт во Лазорополе за да му оддадат последна почит дошле многу луѓе, официјални претставници на тогашната турска власт, дебарските бегови кои биле негови пријатели и кои го сметале за рамен на себе, од Албанија дошле неговите роднини Кокаите, како и сите мијачки првенци. Погребот бил извршен со повеќе свештеници, на чело со игумените од манастирот Свети Јован Бигорски и Света Пречиста Кичевска, како и со верниот сомисленик попот Мартин Димкоски. Колкава била големината на овој човек се гледа и од фактот што дури и по седум години од неговата смрт грчките владици не се ни осмелувале да влезат во селото, за да одржат богослужба на грчки јазик. А пак каков печат оставил тој во народната меморија на секој Мијак, а особено Лазоровец, можеби највпечатливо зборува и тоа што и многу години по смртта на Ѓурчина, кога некој Лазоровец ќе починел луѓето го испраќале довикнувајќи му: „Да ми го поздравиш Ѓурчина!“.
Д-р Александар Матковски, Ѓурчин Кокалески, ИНИ, Скопје, 1959.Во 1822 година богатството на Ѓурчина се ценело на 1000 овци, 25 коњи и 25.000 гроша (огромна сума за тоа време)

АРХИМАНДРИД аџи СИМЕОН СЛЗДАНОСКИ
(1795-1895)
(1795-1895)
Текстот го состави Слободан Шошкоски.
Роден е во Лазорополе, во пролетта 1795 година, од татко Кузман Слзданоски и мајка Велика Жунгулоска (ќерката на Жунгула зачетникот на еден од најмоќните родови кои што се доселиле во Лазорополе). Уште како дете бил испратен во манастирот Св.Пречиста Кичевска, познат порано и како Крнински манастир. Овој манастир, заедно со Св. Јован Бигорски, биле најважните културно-просветни центри, од каде што се ширела словенската писменост, во цела западна Македонија. Тоа било средиштето каде што талентираните деца се подготвувале да станат свештеници и учители. Токму во оваа средина се подготвувал и аџи Симеон Слзданоски, каде и што се замонашил.
Не е јасно кои биле должностите што ги извршувал аџи Симеон во манатирот. Ниту пак е јасно кога бил во посета на Господовиот гроб, за од тој аџилак да ја донесе титулата аџија. Но, со сигурност се знае дека тој станал игумен на манастирот Св. Пречиста Кичевска. За време на неговото игуменствување, кое што траело подолг период, лазоровци, овој манастир уште го нарекувале и „нашиот манастир“. Во него, во неговите конаци најубавата централна одаја, секогаш била резервирана за селаните од Лазорополе. Но, ваквата почест лазоровци самите ја заслужиле. Имено, познато е дека овој манастир низ историјата честопати бил разурнуван, опожаруван, пљачкан и запустуван од албански арамиски банди. Така и по четвртото опожарување на манастирот, кое се случило во 1848 година, а кое го извршиле разбојници од селото Другово, агилниот игумен аџи Симеон повторно започнал да го обновува. Но, покрај желбата која што била голема кај игуменот, потребни биле и средства кои што тој ги немал. Затоа, тој му се обратил за помош на авторитетниот Ѓурчин Кокале коџабашијата лазороски и првенецот мијачки, но и на другите мијачки првенци Сарџо Брадина од Тресонче и Тодор Томоски од Галичник. Тие им наредиле на селаните, со своите коњи да носат камен-бигор од Тресонче и Добреновец во манастирот, секогаш кога одат на пазар во Кичево. Покрај ова, по иницијатива на овие првенци, селата за овој манастир давале колективни прилози. Така во 1850 година, Лазарополе дало 500 гроша, за да се направат конаци („одаи“). Благодарение на залагањата на аџи Симеона, се знае дека во овој манастир работело и манастирско училиште и книговезница.
Познато е дека аџи Симеон Слзданоски, во 1869 година, од некој постар ракопис препишал текст насловен како „Наши поученија“, а којшто бил напишан на македонски говор, мијачки дијалект. На почетокот на овој ракопис, на неколку страници се наоѓала Пофалба на Пресвета Богородица и неколку молитви. Вториот дел се состоел од осум поглавја во кои се расветлувале познати настани од минатото на Дебарско-Кичевскиот крај. Првото поглавје започнувало со легендата за постанокот на неговото родно село Лазорополе, а потоа по систематизиран ред, хронолошки, била презентирана историјата за постанокот на градовите и поголемите села во Дебарско-кичевската епархија. Во второто поглавје биле опишани честите разурнувања на манастирот Пречиста, кои биле вршени од лошите турски и од арамиските банди од северна Албанија. Во третото поглавје аџи Симеон ја опишувал борбата што ја воделе верниците од Дебарско-кичевската епархија против Грците и гркоманите, со единствена цел да се зачува словенската црковна култура и традиција. На крајот од овој ракопис, тој им давал упатства на учениците како најлесно да научат да читаат, пишуваат и сметаат. Овој ракопис во времето кога што бил направен нашол голема примена во народните училишта во Кичевско.
Делови од ракописната книга „Наши поученија“, за која што не се знае ништо поконкретно за судбината на оригиналот и преписите, познатиот учител и летописец Коста поп Теофилов Попоски, видел и во Поменикот на манастирот Пречиста, напишана од раката на еромонахот, аџи Симеон Слзданоски. Содржината на овој запис, тој ја препишал во 1900 година, кога учителствувал во манасторот Св. Пречиста Кичевска.
Аџи Симеон Слзданоски од позицијата игумен на манастирот Св. Пречиста Кичевска, водел остра борба против грцизмот. Тој својата борба ја кооординирал со веќе нараснатото антипатријаршиско движење, кое било раководено од лазоровецот аџи Теофил Аврамов Жунгулоски. Токму заради своите докажани антипатријаршиски позиции аџи Симеон Слзданоски уживал голем углед меѓу луѓето вклучени во црковната борба.
На 26 август 1874 година во селото Орланци, Кичевско, се одржал состанок на Координационото тело на македонското црковно движење, на кое присуствувале сите видни личности на црковната борба од реонот на западна Македонија: аџи Теофил Аврамов, Васил Икономов, Димитар Робев, Коста Групчев, Коста Плевнеш, поп Томо, поп Трпе Симоновски, Вело Топалоски и Димитар Бојажиев. Идејата на овој собир била самите да истакнат свој народен кандидат за владика на Дебарско-Кичевската епархија, дискредитирајќи ја грчката црковна власт и прогласувајќи ја епархијата за „словенска и автономна“. Меѓу кандидатите биле: архимандритот Козма, архимандритот аџи Симеон Слзданоски, архимандритот Михаил, игумен на манстирот Св. Јован Бигорски и поп Трпе Симоновски, претстедател на македонската црковно-училишна општина во Дебар. Избран бил аџи Симеон Слзданоски. Неговиот избор бил потврден на 30 август 1874 година, на седницата на Епархискиот одбор.
Патријаршискиот грчки владика Антим во Дебар, остро се спротивставувал на овие активности и започнал да ги кодоши кај турските власти сите личности кои учествувале во тоа, вклучително и аџи Симеона, набедувајќи ги дека сакаат да формираат „Руска црква“. Во Дебар била испратена специјална анкетна комисија за испитување на случајот. Истовремено, од страна на дебарскиот кајмакамин Селим паша, биле повикани и водачите на црковното движење аџи Теофил и поп Трпе Симоновски. Тој од нив барал да ги запрат сите активности. За да не се дозволи понатамошно заострување на ситуацијата, но и заради нарушеното здравје на веќе стариот аџи Симеон Слзданоски (тогаш тој имал околу 79 години) сите подготовки за негово свечено прогласување за владика на Дебарско-Кичевската епархија биле откажани.
Грчкиот владика Антим не мирувал и со помош на пари успеал да ги поткупи турските власти, на кои што им дал цел список на познати духовни лица, барајќи тие да бидат прогласени за бунтовници. На врвот на тој список било името на аџи Симеон Слзданоски, игуменот на манасторот Св. Пречиста. Но, благодарејќи на свои доверливи лица, аџи Симеон разбрал за подготвуваната стапица и успеал навреме да се засолне во манастирот Св. Јован Бигорски, за жал неуспеал навреме да ги извести другите лица од тој список и тие стражарно биле спроведени во Битола. Откако обвиненијата што биле покренати против нив биле повлечени, аџи Симеон бил поканет да се врати во манастирот, но тој замолил да се избере нов игумен, бидејќи стравувал од можноста грчкиот владика Антим, повторно да покрене обвинение против него.
Архимандритот аџи Симеон Слзданоски се упокоил во 1895 година, доживувајќи стогодишна старост.
За името на Симеон Слзданоски е сврзан податокот дека тој меѓу останатото бил и зограф - изработувал икони. Со сигурност се знае барем за една негова икона датирана од 1847 година.

¨Петар Поповски, архимандрит Теофил Аврамов Жунгулоски, Штип, 1997
¨Д-р Блаже Смилевски, Срцепис за Лазарополе, Македонска ризница, Куманово, 1995
¨Глигор Тодоровски, Малореканскиот предел, ИНИ, Скопје, 1970, 169

ИЛАРИОН ЗОГРАФСКИ (1795-1877)
Тестот го состави Слободан Шошкоски.
Роден е во Лазорополе, во 1795 година, но, неговото световно име за нас останува непознато. Се школувал во манастирското училиште во Свети Јован Бигорски, каде негови соученици биле Анатолиј (кој подоцна станува архимандрит Зографски) и Арсениј (кој подоцна станува игумен на Бигорскиот манастир). Откако го завршил школувањето во Бигорскиот манастир, тој заминал во Зографскиот манастир на Света Гора. Нејасно е кои се активности ги имал Иларион во Зографскиот манастир и дали таму престојувал сето време, но се знае дека токму по препорака на неговиот соученик, пријател и соплеменик, тогаш веќе влијателниот Анатолиј, тој ќе се упати во Кипријановскиот манастир во Молдавија. Имено, Анатолиј во летото 1837 година, со писмо од Русија побарал од своето Зографско братство, за игумен на повторно придобиениот (под нивна власт) Кипријановски манастир, да биде назначен неговиот соселанец Иларион.
Веќе во 1838 година, Иларион се наоѓа на новоназначеното место, игумен на Кипријановскиот манастир. Тој таму заминал со уште осуммина души, монаси и ѓакони, кои всушност таму биле испратени да ја воспостават новата манастирска управа. Тука тој и го дочекал својот пријател Анатолиј, кој бил на пропатување од Русија за Света Гора.
На одредени места во литературата може да се сретне дека Иларион му бил роден стрико на Партенија Зографски, познатиот наш преродбеник и учебникар. (Бидејќи точно се знае дека Партенија е роден во Галичник, тогаш мошне сомнително делува тезата на лазороското потекло на Илариона, се разбира доколку се работи за иста личност)
Во мај 1839 година, Иларион ги пречекал во Кипријановскиот манастир, тројцата ученици кои биле избрани од архимандритот Анатолиј Зографски, за да се школуваат во Кишиневската духовна семинарија, со руска дозвола, но уште поважно и со руска стипендија. Меѓу овие тројца ученици се наоѓал и Натанаил Кучевишки (подоцнежниот митрополит Охридски и Пловдивски). Нешто подоцна, во оваа иста семинарија ќе се школува и Партенија Зографски.
По 1848 година, по смртта на архимандритот Анатолиј Зографски, Иларион се вратил од Бесарабија (поранешно име за денешна Молдавија) и станал следниот игумен на Зографскиот манастир на Света Гора. За жал, точната година на превземањето на игуменскиот престол не е позната. Иларион се упокојува во 1877 година.

напомена. потеклото на Иларион Зографски не е до крај чисто во историографијата (М.П).
АНАТОЛИЈ ЗОГРАФСКИ
Своето образование го започнал во познатото манастирско училиште, кое се наоѓало во духовниот центар на Мијаците манстирот Свети Јован Бигорски, каде што нешто подовна станал и калуѓер. Своето калуѓерување го продолжува во Света Гора, каде станал игумен на познатиот Зографски манастир. Во 1818 година бил испратен на една мисија во Русија, во Петроград, каде што останал две децении. Притоа тој станл познат и популарен на царскиот двор. Му бил кум на императорот Николај и воспитувач на неговите деца. Додека бил на Света Гора редовно одржувал врски со Лазарополе, главно преку сточарите кои престојувале во Солунското Поле. Во Света Гора прибирал ученици од својот роден крај, кои ги учел на црковнословенски јазик. литература: "Лазарополе во подалечното и поблиското минато", стр.18.
ПОВЕЌЕ (текстот е испратен од Слобoдан Шошкоски); Точната година на неговото раѓање не се знае. Се претпосатвува дека е роден во втората половина на 70-тите години од 18 век. Потеклото, световното име, местото на раѓање, но и одредени моменти од неговиот животен пат се замаглени, неодредени, полни со дуалитети и недоречености. Според едни (Симон Дракул, Архимандрит Анатолиј Зографски, ИНИ, Скопје, 1988) тој потекнува од селото Могорче и во 80-тите години од 18 век, со мајка му Акилија - Кила дошле во Лазорополе, како питачи, по што биле примени од вдовецот Тодор Велчоски - по занимање терзија. Тој се оженил со Кила и бидејќи немал деца од првиот брак, го посвоил и многу го засакал малиот Анатолиј (чие што световно име најверојатно за навек останува непознато); Според други пак (Петар Попоски, Архимандрит Теофил Аврамов Жунгулоски, Штип, 1997) тој потекнува од значајниот род Жунгуловци, а за коешто допрва би требало да се дооткријат стојалиштата и фактите кои би го поткрепиле таквото тврдење.
Според Симон Дракул, бракот меѓу Тодора Велчоски и Кила траел 6 години, по што Тодор умрел, а Кила по втор пат останала вдовица. Но, сегашната имотна состојба, по наследството на имотот на терзијата Тодор Велчоски í отворила можност својот син да го прати на школување во манастирот Св. Јован Бигорски. Тука негови соученици се Арсениј (подоцна станал игумен на манстирот) и Иларион (подоцна Зографски) од Лазорополе. По 5 години од неговото школување во Бигорскиот манастир, починала мајка му Акилија. Анатолиј ја распродава оставнината и заминува во манстирот Св. Богородица Пречиста во Кичевско. Околу местото на замонашувањето на Анатолиј повторно има разногласија; дали тоа станало во Пречиста - Кичевска или во Св. Јован Бигорски (што се чини поверојатно). Во Пречиста, Анатолиј останал 6 години, по што заминал во Зографскиот манастир на Света Гора, сонот на сите балкански православни духовници. Таму го носел монашкиот чин јероѓакон.
Додека престојувал во Зографскиот манастир, Анатолиј одржувал контакти со своите пријатели и соплеменици од родниот крај. Се знае дека во манастиорот тој го пречекал новиот лазороски коџабашија - главатарот Ѓурчина Кокале. Нивната средба се случила во 1807 година, кога Ѓурчин сакал да се советува со Анатолија за изградба на новата селска црква во Лазорополе. Се барале начини, како да се издејствува султански ферман, зашто само со таков акт-дозвола-наредба можело во тоа време да се гради црква. Но, и двајцата констатирале дека тоа во тој момент било невозможно и дека целата работа ќе мора да почека некои подобри времиња.
Во 1819 година, Анатолиј бил произведен во монашкиот чин јеромонах и заедно со схи монахот Викентиј од името на Зографскиот манастир биле испратени во мисија, која ќе се оддолжи цели 20 години. Нивна цел била да се изборат Кипријановскиот и манастирот Добровец, кои се наоѓаат во Молдавија и Влашко; а кои во средновековието му биле подарени на Зограскиот манастир како негови метоси (владенија); да ги вратат повторно под јурисдикција на Зограф. Во тој период овие манстири биле преземени од Руската Парвославна црква, затоа што и земјите каде што се наоѓале биле освоени од Руската империја. Кипријановскиот манастир му бил доделен на Кишиневската епархија, за со своите приходи да го издржува тамошниот Архиерејски дом и Семинаријата.
Успешното завршување на оваа мисија на Анатолиј ќе му донесе огромен углед во целиот православен свет, а воедно и негово духовно исполнување. Но, доаѓањето до успешниот завршеток не било нималку лесно. Најпрвин Анатолиј и Викентиј отишле во Кишинев, од каде што заминале за Санкт Петербург, каде всушност и биле сконцентрирани силите коишто најдиректно можеле да влијаат за разрешување на ова прашање. Таму тие престојувале во братството на Александро-Невската лавра. Во оваа, за него нова средина, скромниот јеромонах Анатолиј тивко, но упорно започнува да гради познанства и пријателства со луѓе од високиот општествен-владејачки слој во Русија, блиски до царското семејство. Целта на овие познанства била позитивното разрешување на прашањето околу спорните манастирски имоти.
Во декември 1825 година, шест години по неговото доаѓање во Русија, дошло до смена на рускиот престол. На местото на ненадејно починатиот Александар I Павлович, дошол неговиот брат Николај I Павлович. Во овој период Анатолиј успеал да го привлече вниманието и симпатиите кон себе на високото руско општество, благодарение на својата скромност, својот хармоничен глас, строгиот манастирски живот кој го водел, чесноста, душевната чистота и благост, кои се гледале со секој негов гест. Во овој период тој веќе í станал духовен татко на Имеретинската царица (Имеретија е дел од Грузија) Ана Матвеевна, од која што добивал и годишна пензија од 500 рубли. Тоа му дало нов поттик на Анатолиј, кој сега веќе се обидувал преку координирани молби од неговите влијателни пријатели и познајници да издејствува позитивно решавање за спорниот Кипријановски манастир. Дека тој станувал сé поблизок со рускиот царски двор зборува и одликувањето што го добил во април 1826 година. Имено, тој бил одликуван со златен крст за на гради - одликување со коешто дотогаш, од страна на царот биле удостојувани само високи личности од руското духовенство. Во кругот на влијателните Анатолиеви пријатели се наоѓала и грофицата Ана Алексиевна Орлова-Чесменскаја, која не само што го помагала и се застапувала за Анатолиј, туку го помагала и Зографскиот манастир на Света Гора. Вистинскиот врв на ова Анатолиево инфилтрирање во самиот врв на тогашното руско општество се достигнало со тоа што тој му станал и личен пријател на рускиот император Николај I Павлович, крстејќи ги неговите синови престолонаследниците Константин и Александар, воедно станувајќи и нивни воспитувач.
За квалитетите на духовната чистота на Анатолиј најдобро зборува и еден настан кој се случил во Санкт Петербург. Имено, како ефимериј (духовен татко) и исповедник на престолонаследниците, тој примал на исповед и многу други видни граѓани. При една таква посета, од почитта што ја имале кон него, тој добил на дар скапоцен златен часовник. Анатолиј, овој часовник í го дал на една жена од познато, но осиромашено петербуршко семејство, која дошла да му се исповеда, но и да поплаче над својата судбина. По неколку дена овој часовник се појавил на пазарот на скапоцености во градот, а Анатолиевиот авторитет дошол под сомнение. Тоа прашање стигнало и до императорот, по што Анатолиј бил повикан да ја објасни настанатата ситуација. Кога овој ја раскажал случката, дека часовникот í бил подарен на сиромашна жена, неговиот углед уште повеќе пораснал, станувајќи пример за чесност и монашка понизност.
За сето време на престојот на Анатолиј во Санкт Петербург, тој присобирал милостини за Зографското братство, кои потоа им ги праќал на своите собраќа на Света Гора.
Во 1832 година, Анатолиј се вратил на Света Гора, во својот Зографски манастир, а потоа најверојатно (сеуште неможе историски да се потврди ова, но логиката на настаните тоа го навестува - б.м.) накратко и за последен пат го посетува Лазорополе. Колку е тоа во корелација со почетокот на изградбата на новата голема селска црква; дали тој знаел за тоа и намерно дошол во селото; дали неговото присуство било искористено како иницијален повод за почеток на градбата и дали воопшто неговото присуство во Лазорополе во 1832 година е вистина или мит. Контроверзни се „историските искажувања“.
Во истата таа 1832 година, Анатолиј во Бигорскиот манастир се запознал со Партенија (подоцна Зографски) неговиот подоцнежен воспитаник, следбеник и заменик.
По повторното враќање на Анатолиј во руската престолнина С.Петербург, тој во 1836/37 година, конечно успева да издејствува враќање на Кипријановскиот манастир со имотите на неговиот Светогорски Зографски манастир. По ова тој е овенчан со слава не само од Зографските монаски, туку и пошироко од тогашниот православен свет. Угледот на Анатолиј е повеќекратно зголемен и во преден план избиваат неговите дипломатски вештини и упорноста со која што ја водеше целата мисија околу спорните манастирски имоти. Руската дипломатија, сакајќи да го искористи овој позитивен Анатолиев авторитет, го повикува него да се вклучи во руската дипломатска служба на Балканот. Анатолиј ја дал својата согласност за тоа, па така откако бил приопштен кон Руската Православна Црква, бил прераспределен да ја извршува службата на ефимериј, исповедник и проповедник во посолската руска црква во Атина. Пред да замине за Атина, Анатолиј во ноември 1837 година, бил произведен во чинот Архимандрит на патријаршискиот престол, сосем ретко добиван чин во православната хиерархија.
За време на својот престој во Санкт Петербург, Анатолиј ја напишал книгата „Молебное пеение светому славному великомученику победоносцу чудотворцу Георгију“. Таа била публикувана во С.Петербург, во синодалната типографија зимата или раната пролет 1838 година. Тоа е мала книшка со формат 10/14 цм. со 66 страници, од кои самото пеение изнесува 29, додека останатите 27 страници се акатист.
Во втората половина на мај 1838 година, тој тргнал од С.Петербург и преку Москва, Киев, Кишинев, притоа посетувајќи го и повторно добиениот Кипријановски манастир, преку Одеса, се вратил најпрво, но само за кратко во август 1838 година, во својот Зографски манастир. Благодарение на големиот авторитет што го имал архимандритот Анатолиј, тој успеал да се избори (дури и со официјален руски акт) да им се овозможи школување на тројца Зографски монаси во Кишиневската духовна семинарија. Меѓу првите тројца коишто заминале на ова школување во учебната 1838/39 година, бил и монахот Натанаил (Кучевишки подоцна митрополит Охридски и Пловдивски). Подоцна благодарение на ова стипендирано школување, таму бил испратен и нашиот познат преродбеник и учебникар, штитеникот на Анатолија, Партениј Зографски.
Како Анатолиева заслуга се смета и општиот просветен подем што го зафатил Зографскиот манастир по неговото враќање од Русија. Финалето на овој подем било основањето на сопствено Зографско училиште, каде се школувале монаси, кои потоа останувале во Зограф или пак заминувале да го шират образованието по другите манастири и училишта во Македонија и Бугарија. Како надградба на стекнатите знаења сите Светогорски манастири формирале заедничко средно монашко училиште во месноста Кареја, каде што наставата се изведувала на грчки, но и на словенски јазик. Воедно, се знае за неговите активности за привлекување на талентирани ученици, особено од мијачките предели, кои потоа се школувале во Зографскиот манастир. Ова било возможно, благодарение на непрекинатите контакти што архимандритот Анатолиј ги имал со своите соплеменици Мијаци, особено во зимскиот период, кога овие со своите овци оделе на презимување во Солунско.
Колкава била посветеноста на Антолиј за просвета и колку многу се трудел таа посветеност да им ја пренесе на своите Зографски собраќа, најдобро зборува и фактот што тој од Русија, во Зографскиот манастир донел огромна библиотека, која тогаш била проценета на неверојатни 30.000 рубли. Воедно, тој донел од Русија и печатарски букви, сакајќи во Зографскиот манастир да отвори манастирска печатница. До тоа никогаш не дошло, но затоа пак тој силно ја поддржувал печатницата на Теодосија Синаитски во Солун. Всушност, првата книга што излегува од оваа печатница е „Началное учение со молитви утренија“ напишана токму од архимандритот Анатолиј, а печатена во 1838 година. Оваа книга, како што кажува и самиот нејзин наслов е учебник (букварче) за првично образование. Книгата е мала, напечатена на неполни два печатарски табака, поточно на само 28 страници (осмина формат), со црковнословенски шрифт и со словенско писмо. Таа е двојазична, поточно речено таа е паралелно јазична, а вистинската нејзина намена била напоредно изучување на грчкиот јазик, на оние што го совладале црковнословенскиот јазик и обратно. Оваа книга, всушност била првиот учебник на македонски народен јазик, наменета за нашите ќелијни и приватни народни училишта. Се верува дека претходно оваа книга веќе била еднаш печатена, пред 1838 година. Но, како и да е, со оваа книга Анатолиј се вбројува во редот на најпрвите наши преродбеници учебникари, кои неодложно го давале својот придонес за општо народна просвета. Подоцна оваа книга ќе се печати уште двапати во 1858 година, како подобрена верзија од Партениј Зографски, Анатолиевиот штитеник; и во 1864 година печатена во Цариград.
Што се однесува до дипломатската служба на Анатолиј тој веќе во октомври 1838 година се наоѓа во Атина, во назначената служба при руската посолска црква. На ова место останува до 1843 година. Иако, уште со писмо од 26 октомври 1841 година барал да биде разрешен од таа должност, заради својата старост и климата која не му одговарала на здравјето. Заради исклучително успешното службување, Анатолиј од страна на Рускиот император бил одликуван со орденот Св. Ана од втор степен, притоа доделувајќи му 150 златници. Додека престојувал во Атина, Анатолиј одржувал врски со немалиот број на ученици, кои таму биле испраќани од своите имотни фамилии од граѓанските слоеви од Македонија и Бугарија, обидувајќи се нив да ги организира да работат за народната просвета, чиј што голем поборник бил.
Во јули 1845 година, при посета на Светата Атонска Гора, се случила средба меѓу великиот кнез, рускиот престолонаследник Константин Николаевич и некогашниот негов воспитувач архимандритот Анатолиј.
Анатолиј, во пролетта 1846 година се наоѓал во Цариград, а потоа заминал на посета на манастирските имоти по Молдавија и Влашко.
На 6 април 1846 година, архимандритот Анатолиј од страна на рускиот импертор бил вбројан во редот на носителите на орденот на Св. равноапостолски кнез Владимир од трет степен. Тоа уште еднаш докажува колкав бил авторитетот што го имал Анатолиј кај рускиот царски двор, кога и по осум години од заминувањето од Русија и три години по напуштањето на руската дипломатска служба во Атина, тој сеуште бил почестуван со такви одликувања.
Се знае дека архимандритот Анатолиј во 1846/47 година изработил еден опширен учебник по предметот граматика на црковно-словенскиот јазик наречена „Славјанскаја граматика“; но историската наука нема потврда дека таков учебник бил печатен. Имено, сé досега не е откриен ниту еден печатен примерок од овој учебник. Единствено останува уверувањето дека овој Анатолиев труд останал во ракопис, бидејќи за неговото постоење се знае посредно преку зачуваната коресподенција на монахот со своите пријатели.
Додека Анатолиј се наоѓал во посета на манастирските имоти во Молдавија и Влашко, тој се разболува по што бил приморан да остане шест недели во постела. Во декември 1846 година, тргнува да се враќа за Света Гора преку градот Јаш, каде повторно се разболува. Конечно во летото 1847 година тој успева да се врати во Зографскиот манастир на Света Гора. Таму и починува на 22 јуни 1848 година. Во свечената сала на Зографскиот манастир на Света Гора се наоѓа, меѓу останатите заслужници на манастирот и неговиот портрет под кој што стои следниот текст:
„Изображение на атоно-зографскиот потстрижанец, архимандритот на вселенскиот патријаршиски престол и кавалер на руските императорски ордени Св. Владимир од 3 степен и Св. Ана од 2 степен, кој има и златен наперстниј крст, отецот Анатолиј, уроженец од горно-дебарското Лазарополско село. Со неговите непрекинати трудења заедно со соборниот старец Викентија во Русија, кои траеја од 1818 година, на манстиров му беа вратени отуѓените Кипријановски имоти + 1848 година во јуни КВ (22) ден својата Зографска обител, од каде е почившиј. Нему во знак на благодарност и незаборавно сеќавање се наслика овој лик со усрдието на неговата возљубена во Христа братија“. (¨Симон Дракул, Архимандрит Анатолиј Зографски, ИНИ, Скопје, 1988. ; ¨Георги ТраŸчевъ, Книга за Мияците, София, 1941. ; ¨Д-р Блаже Смилевски, Срцепис за Лазарополе, Македонска ризница, Куманово, 1995Костадин Кајдамов, Теодосиј Синаитски, Дојран, 1994 ).

ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОСКИ (1851-1908)
Неговиот татко бил сточар и трговец, а тој своето основно образование го завршил во своето родно село. Потоа отишол на Света Гора, каде што го прифатил отецот Натанаил. Со него отишол во Русија, Петроград да учествува на прославувањето на браќата Кирил и Методиј. Неговиот интезнзивен живот е исполнет со бројни и разновидни општесвени активности, особено по оние кои посегале по асимилирањето на македонскиот народ. Своите желби изразени со неговиот висок македонски патриотизам се потврдени и во неговите лични записки "Спомени", за жал недоволно познати меѓу пошироката јавност. Во таа смисла сведочи и мотото на неговиот ракопис кој гласи: "Јас не сакв да трупам земно богаство и да се гордеам со велелепните дворци накитени со злато и сребро. Мојата единствена пламена желба беше да се жртвувам за нашата мила татковина, за нашата несреќна мајка, вековната робинка Македонија".
литература: исто.
ПОВЕЌЕ (текстот е испратен од Слободан Шошкоски); Неимар, зограф, преродбеник, но пред сe бунтовник и неспокојник, еден од првите револуционери и политички работници кои се залагале за заедничка борба на македонскиот и албанскиот народ за ослободување од турската власт.
Роден е во Лазорополе на 9 март 1852 година, како што кажува самиот во својата книга „Спомени“, издадена во Софија во 1922 година. Негов татко е Раде или Радул Кузманов Мажоски, кој според едни бил зограф и копаничар, а кој што занает им го пренел и на своите синови, додека според други, тој бил богат ќеаја. Името на мајка му останува непознато, но според сопствените искажувања дека Аџи Сековци (Жунгуловци-Ажиевци) биле негови вујковци, се доаѓа до заклучокот дека мајка му потекнувала од овој богат и влијателен лазороски род. Првичното описменување го добил на осумгодишна возраст во селското црковно училиште. На дванаесет годишна возраст го напуштил училиштето и заедно со своите двајца браќа Јосиф и Јаков започнал да го изучува иконопиството. Како 15 годишен отпатувал на Света Гора, во Зогарфскиот манастир каде останал два месеци од 1 март до крајот на април 1867 година. Таму тој се запознал и се спријателил со познатиот преродбеник и борец за македонската црковна самостојност, тогаш сеуште јеромонах, а подоцна митрополит Натанаил Кучевишки. Заедно со него истата година отишол во Русија за да учествува на прославата на празникот на Светите браќа, просветителите Кирил и Методија.
Во 1869 година, тој како претприемач (набавувач на дрвени железнички прагови) работел на изградбата на железничката линија Солун-Митровица (Косово). Парите што ги имал заработено ги искористил за да воспостави контакт и познанство со рускиот царски претставник во Цариград, грофот Игнатиев (познат словенофил и поддржувач на словенските национални преродби)
На 20 април 1871 година од Цриград се вратил во родното Лазарополе, за да работи на полето на истерување на Дебарскиот владика Антим и на неговото грчко влијание во таа средина. За таа цел тој се поврзал со познатите првенци од градот Дебар, Кичево, Галичник. Само соработката со неговите лазоровци му била слаба зашто тие него го доживувале како несериозен. (Треба да се истакне дека во Лазорополе во тоа време веќе имало сериозен организиран отпор против ширењето на грчкото влијание.)
Во 1873 година, Исаија бил наклеветен од грчкиот владика Антим дека е бунтовник и помагач на албанските ајдуци, по што тој бил стражарно спроведен од Дебар во Битола, каде останал затворен цел месец. По ослободувањето се вратил во Лазорополе и активно почнал да размислува за физичка ликвидација на грчкиот владика Антим. Со сопственото наоружување кое го поседувал заминал во Албанија (во селото Тополјани) каде се сретнал со својот стар пријател албанскиот војвода Бајрам Даноски и кого што успеал да го убеди да соберат околу 40-тина души алабанци, по што се прогласиле за качаци-комити. Ова влијаело превентивно на грчката пропаганда што ја ширел владиката, бидејќи тој заплашен од активностите на четата, многу ретко излегувал од градот Дебар, чувствувајќи се несигурен.
Во 1874 година, Исаија Мажоски, заедно со својот пријател албанскиот војвода Бајрам Даноски, одат на повикот на Гани бег Топтани во Тирана, каде што се случил собир на албанските првенци и каде што било решено да работат за ослободувањето на Албанија од под турската власт. Во истава оваа година Исаија Мажоски на чело на 20 души вооружени албанци, упаднал во дебарската митрополија со цел да го киднапира или можеби физички да го ликвидира грчкиот владика Антим. Но, не го нашол во митрополијата, бидејќи претходно бил заминат за Кичево.
Во 1878 година, по склучувањето на руско-турскиот мир, благодарение на општата амнестија што ја дал султанот, Исаија Радев Мажоски бил ослободен од одговорноста за сите незаконски постапки што дотогаш ги имал направено. Како слободен човек се вратил во родното Лазорополе и на 20 јули Илинден (стар стил) се оженил со Дунава Јосифова. Во август истата 1878 година, бил поканет од страна на албанските првенци да оди во Призрен и да присуствува на конгресот (Призренската Лига) како делегат од дебарскиот крај.
Во 1885 година, Исаија преку познанствата, препораките и помошта што ја добил од рускиот претставник во Букурешт г-дин Хитрово и од грофот Игантиев, заминал повторно во Русија, во Петроград, за да учествува во прославата по повод 1000 годишнината на Светите браќа Кирил и Методиј. Таму тој бил удстоен и со прием кај рускиот цар Александар III. Средбата се случила на 12 нај (стар стил) 1885 година, во Царское Село. По краткиот разговор за состојбите во Македонија, тој од генералот-аѓутант добил 400 рубли со зборовите дека тоа е подарок од рускиот цар.
На враќање од Русија, тој минал низ Софија, каде учествувал во формирањето на првиот македонски комитет во 1886 година, предводен од мајорот Паница. Од таму тој добил задача да работи на поврзување на македонското со албанското револуционерно движење, за постигнување на заедничката цел ослободување на Македонија и Албанија од под турското владеење. Мажоски, доследно ја извршува оваа доверена задача и воспоставил конаткти со неговите стари албански пријатели.
Во јули 1888 година, тој повторно заминал во Русија, во Киев за да присуствува на големиот словенски собир по повод празнувањето на 900-тата годишнина од покрстувањето на рускиот народ од страна на големиот руски кнез Владимир. На свечената вечера што се одржала вечерта на 18 спроти 19 јули 1888 година, на парабродот Рицар, а во присуство на царското семејство, руските аристократи кнезови, грофови, како и на бројните претставници од другите словенски народи Срби, Бугари, претставници од Австро-Унгарија; на Исаија Радев Мажоски му било дозволено да каже неколку зборови од името на поробените браќа од Македонија.
На 23 ноември 1888 година, тој заедно со Малич Зејнилов, како албански претставник дошле во Софија и се сретнале со мајор Паница, Димитар Ризов и со други офицери од македонскиот комитет. Во 10-дневниот престој во Софија тие се сретнале и со тогашниот бугарски прв-министер Стамболов, кој во текот на разговорот стоел на ставот дека овие две движења треба да си помагаат меѓу себе и кога ќе дојде најповолниот момент заеднички и енергично да дејствуваат против турската власт. За човек кој што ќе биде врската-координатор меѓу албанското движење и македонскиот комитет во Софија (а, всушност и бугарската влада) бил поставен Исаија Радев Мажоски. Колку работата била сериозна околу поврзувањето на овие две движења зборува и фактот дека во Софија како гарант на договорот бил испратен Нело син на Мустафа Зејнелов (брат на Малич Зејнелов) еден од поистакнатите албански првенци. На пат од Албанија за Софија, овие двајца заедно со Боне Георгиев (човек што бил испратен како придружник од Софија) влегле во Лазорополе за да преспијат, но биле предадени и утредента на 4 јануари 1889 година биле затворени, а на 5 јануари биле одведени во Дебар.
На 22 јануари Исаија Радев Мажоски бил префрлен од Дебарскиот во Битолскиот затвор. Таму, по издржувањето на 18 месечен затвор ја дочекал и официјалната пресуда од Цариград, со која што бил осуден на 6 години во Бејаз Куле, Адана во Мала Азија.
На 20 јули 1891 година Исаија бил префрлен од Битола во Адана, Мала Азија, каде и ја дочекал амнестијата од султанот Хамид во септември 1894 година.
Но, револуционерниот карактер на Исаија не му дозволувал да се смири. Во месецот мај 1897 година, тој преку Бугарија повторно заминал во Русија, Петроград со цел на рускиот цар Николај II да му однесе молба (напишана од него самиот) во име на „македонскиот старославјански православен народ“. Му успева и овојпат да биде удостоен со прием од рускиот цар, но можеби уште поважно бил примен и од страна на Светиот Синод на Руската православна црква, каде го повторува барањето за свој (македонски) Дебарски владика, а воедно барал и црковна помош за селските цркви во Лазорополе, Тресонче, Росоки, Осој и Мелничани.
Неговата незапирлива работа за истерување на грчкото патријаршиско влијание во Дебарско, но и неговите активности за ослободување на Македонија, врските со албанските првенци и поврзувањето со македонскиот комитет во Бугарија, му создаваат и премногу непријатели како во родното Лазорополе, така и во цела Македонија. Речиси секогаш неговото движење е проследувано од турската власт, а тој веќе отворено е евидентиран како руски агент. Уште повеќе тој добива и неколку добронамерни совети од неговите албански пријатели да се засолни, зошто многумина ја сакаат неговата глава. Во едно такво опкружување, а грижејќи се како за безбедноста на своето семејство, така и за сопствената, тој решава целото свое семејство да го пресели во Бугарија. Тоа му поаѓа од рака во 1899 година кога работи како претприемач при изградбата на згради во градот Плевен.(Дотогаш тој од бракот со Дунава Јосифова ги има децата Петар р.1881 , Невенка р.1887 и Васил р.1895 , додека по преселбата му се раѓа и синот Раде р.1900 година)
Но и таму тој не седи со скрстени раце, туку ги одржува веќе воспоставените контакти со македонската револуционерна емиграција и заднински го помага македонското илинденско востание, додека неговиот најстар син Петар е активен учесник во востаничките случувања во Македонија. По неуспехот на востанието постои извесна празнина во неговите активности со што се дочекува Младотурската револуција од 1908 година, која за Исаија Радев Мажоски е само одвлекување и дефокусирање на македонската ослободителна активност. Имено, тој е остар противник на прогласениот нов турски устав со кој се гарантираат слободите и правата на сите граѓани во земјата, зашто за единствено возможно решение го смета ослободувањето на Македонија. За таа цел, а против новиот турски устав, тој презема патување во Албанија, во летото 1908 година, каде повотрно ги воспоставува контактите со неговите стари албански пријатели. Тоа е и последната револуционерна активност на Исаија Радев Мажоски што тој самиот ја опишува во своите Спомени издадени во Софија во 1922 година.
Помалку позната е една друга активност на овој наш познат деец. Имено, тој за време по својата преселба во Бугарија, активно се занимавал со градителство и зографство. Тој ја живописал црквата Свети Никола , во селото Стргел, Пирдопско, каде што се наоѓа и натписот „1881 ноември 5 изр ки зографи Јакова со смирени брата Исака Радеви и Диборска держава од село Лазорополе“. Познато е дека во селото Бежаново, Ловечко ја изградил црквата, а во селото Угрчин тамошната училишна зграда, каде што и починал во 1926 година. Таму е и закопан од сопствената тајфа.

Треба да се напомене дека на Исаија, како што и самиот наведува во своите „Спомени“, од турските власти му било изменето крстеното име Исаија во Исак, на тоа име гласел и пасошот што му бил издаден за патувања надвор од турската империја. Затоа тој понекогаш така и се потпишувал на некои свои работи, погрешно би било тврдењето дека се работи за друг Исак, брат на Исаија. За постоењето на петти брат освен Јосиф, Јаков, Исаија-Исак и Иван немаме сознание. (¨Спомени на Исаија Радев Мажоски, Софија, 1922.¨. ;Д-р Блаже Смилевски, Срцепис за Лазарополе, Македонска ризница, Куманово, 1995, 42, 46-47).
МАРТИН ДИМКОСКИ ПОПОСКИ
Тој бил свештеник и прв учител во Лазарополе. потекнува од родот Димковци, кој што род подоцна е познат и како Поповци. Наставата во тогашното црковно училиште ја водел на македонски јазик-мијачки дијалект, а црковната служба на црковнословенски. Тој се сметал за десна рака на првенецот Ѓурчин Кокалески, негов искрен другар, пријател и пред се советник. Воедно тој е и првиот свештеник во новоизградената црква Свети Ѓорѓија. По стапките на својот татко, учител станал и неговиот син Коста. литература: "Лазарополе во подалечното и поблиското минато", стр.17.
КОСТА МАРТИНОВ ПОПОСКИ - ДИМКОСКИ
Бележит свештеник во своето родно Лазарополе, со чие знаење, мудрост и искуство се вбројува во оние скромни дејци кои оставиле значакни траги во минатото на своите родни огништа. Со неговото доаѓање на чело на оваа општествено-духовна должност и функција, тој се преставил како реформатор. Црковното училиште повеќе не било само за деца, туку и за возрасни, воедо тој внел и нови содржини во духовниот живот на своите соселани. Во негово време за прв пат се воведува надгробното обележување на починатите со црковнословенско писмо и забука.
литература, исто.
литература, исто.
ВАСИЛ ИКОНОМОВ ПОПОСКИ - ДИМКОСКИ (1848-1934)
Попознат во својата средина како Василко Попоски Димкоски. Го зазема скромното но значајно место во пантеонот на македонската културно-национална историја. Тој е познат не само како учител што предавал на својот мајчин јазик, туку и како истакнат етнолог, фолклорист, вреден препишувач, калиограф во духот на манастирската традиција во Македонија, потоа црковен певец, автор на црковно нотно пеење, преведувач, издавач и печатар со што изградил име за почит во нашата историја - пишува академик д-р Блаже Ристовски. За него и за неговата дејност српскиот академик д-р Владан Недиќ пишува: "Ниедна јужнословенска збирка на лирски народни песни, па ниту првата на Вук Караџиќ не содржи на толку страници толкава бројка на антологиски текстови каква што е книгата на Васил Икономов, што ја објавил во Солун во 1895 досина". Во книгата на акедемикот д-р Блаже Ристовски посветена исклучиво на Васил Икономов е запишано: "Еднаш некои високи личности во Белград му понудиле на Васил Икономов српска пензија и притоа тој категорично ја одбил. Јас не сакам српска пензија - рекол притоа тој. А Бугарите да ти ја дадат? - прашале тие. Ако ми ја давале Бугарите јас ќе останев во Софија, а не во Лазарополе. Јас сум работел само за Македонија - додал притоа Икономов и продолжил. Не сакам пензија ниту од Бугарија, ниту пак од Србија. Ќе дојде време и нашето петле ќе пропее - со својата старечка упорност заклучил Васил Иконовов".
литература: исто, стр.19.
ПОВЕЌЕ (текстот го испрати Слободан Шошкоски); Културно национален деец, активен поддржувач и координатор на црковното антипатријаршиско и антигрчко движење во дебарскиот крај, собирач и издавач на народното творештво, собирач на стари ракописи и книги, учител, публицист, црковен пејач, кмет на селото, полиглот кој зборувал турски, грчки, албански, српски, бугарски, руски, романски и најверојатно француски јазик.
Роден е во Лазорополе на 6 мај 1848 година. Василко, како што го викале сите од родното село, потекнува од најстариот род во селото Димковци, кои подоцна го добиваат презимето Поповци заради тоа што тие ги давале селските попови. Татко му бил Апостол Попоски, кој се занимавал со кираџилак, но и со трговија. Убиен бил од арамиска банда. Мајка му била Риста Чуреска, кој починала во 1854 година, кога Василко имал само 6 години. Грижата за него ја презел неговиот чичко поп Коста Мартинов Димкоски кој на прекар бил викан Иконом, па оттаму најверојатно доаѓа и презимето на Василко Икономов.
Се описменил во ќелијното-селско училиште, каде што учителствувал поп Мартин Димкоски (неговиот дедо) и каде што настават се одвивала на мијачки дијалект, а црковната служба на црковно-словенски јазик.
Откако се здобил со првичното образование, неговата интелигенција била забележана од грчкиот владика Калиник од Дебар, кој го испратил на дообразување во една од тогашните познати грчки семинарии, со цел подоцна да го искористи за проширување на грчкото влијание во селата од Мијачијата, кои остро се спротивставувале на големогрчката пропаганда. Но, по завршувањето на школувањето и откако се вратил во родното Лазорополе, Васил Икономов му ја откажал послушноста на грчкиот владика.
Васил се оженил за првпат во 1865 година на свои 17 години. Од тој брак имал едно дете кое набрзо умрело, а исто така и жена му. Се оженил и по втор пат, но и таа жена набрзо му умрела. Конечно, на 20 годишна возраст, во 1868 година, се оженил и по трет пат, овој пат со Ангелина (Анѓа) Камбуроска, со која што имале 10 деца, но од кои докрај му останал само синот Методија Попоски.
Тој активно вклучувајќи се во црковното антипатријаршиско движење, кое што постоело не само во селото, туку и на целата територија на западна Македонија, многу блиску соработувал со аџи Теофил Аврамов Жунгулоски (подоцна првиот македонски митрополит на Дебарската епархија). Со тоа го навлекол гневот на грчкиот патријаршиски владика Антим од Дебар, кој го наклеветил кај турските власти дека работи за нивно уривање, по што бил приморан во есента 1874 година, да замине за Плоешт, Романија, кај македонските печалбари кои што се наоѓале таму. Се вратил во селото по неколку месеци.
Василко Икономов имал воспоставено контакт со познатиот српски собирач на народни песни, умотворби, етнографски записи и истории Стефан Верковиќ, кој воедно бил и претставник на српската пропаганда, која во тоа време започнала поактивно да дејствува во Македонија. Но, освен со него, Василко имал контакти и со рускиот конзул во Призрен познатиот србофил Јастребов, на кого што му дал извесен број собрани народни умотворби од својот крај, а овој во 1886 година ги објавил како српски. Најверојатно овие контакти ги остварил преку својот добар пријател и истомисленик аџи Теофил Жунгулоски, кој бил во постојана преписка со овие личности.
Во периодот на заедничкото учителствување во родното Лазорополе, заедно со својот пријател Теофил Жунгулоски, успеале да извршат коренита реформа на училишниот систем во селото. Дотогашните стари методи на образование како и разните псалтири, месецослови и апостоли биле заменети со современи педагошки средства и методи, со нови буквари, читанки, сметанки, земјописи и истории. Во црковната училница за првпат биле внесени клупите и надгледните средства. На крајот на секоја учебна година, учениците пред своите родители биле јавно испитувани. Тие двајцата се грижеле за отворање на ваков тип на училишта и во другите села на Мијачијата.
За време на заедничкото дејствување со аџи Теофил против грчкото-патријаршиско влијание, заради своето образование и веќе изградениот авторитет како учител заземал раководни функции во народното црковно-просветно движење. Така на собирот што се одржал во селото Гари на 28 август 1878 година, на празникот Успение на Св. Богородица, бил избран нов Епархиски одбор на Дебарско-Кичевската епархија, каде што тој заедно со аџи Теофил и Аврам Голибегоски од Лазорополе биле именувани за членови.
Во периодот 1882/83 година, Василко Икономов, во Лазорополе отворил т.н Неделно училиште за младинци и возрасни. Него го посетувале младинци од селата Гари, Осој, Росоки, Селце и Тресонче, а целта била зајакнување на образовното ниво на младинците и правилно насочување кон остварување на целите на тогаш силното црковно-просветно движење.
Откако се случило убиството на архимандритот Теофил на 20 јули 1884 година (од страна на потплатени Албанци од грчкиот владика Антим) како негов најблизок соборец и другар на закопот на Теофил во селската црква, проштален говор одржал Василко Икономов, јавно ветувајќи продолжување на борбата против Антима и грцизмот. На 27 октомври 1884 година Василко од името на населението на дебарската каза, составил молба - жалба (напишана на арапски јазик) и адресирана до претседателот на турската влада, со која што се барало отстранување на грчкиот владика Антим и назначување на егзархиски владика. Тој заедно со дебарскиот првенец Велко Топалоски отишле во Цариград, лично да ја однесат претставката, но резултат на тоа било масовно апсење на преку 30-тина првенци од дебарско-реканската област. Меѓу нив, се разбира, бил и Василко Икономов.
Постојано клеветен Василко бил повеќепати апсен и носен во Дебар, под изговор дека е руски шпион, кој ширел руска пропаганда.
За да се спаси од постојаните тортури, тој извесно време (во текот на 1885 година) минал во редовите на братството на кичевскиот манастир Света Пречиста, кај Крнино, најверојатно како учител во развиеното манастирско училиште. Но, веќе во 1886 година тој повторно се наоѓа во Лазорополе на своето место како учител во селото.
Во 1886 година Василко Икономов, заедно со уште еден охриѓанец и еден битолчанец, а поп упатство на рускиот конзул во Битола, заминале за Русија, Петербург, каде што останале 15 дена. Покрај другото тие се јавиле и кај рускиот патријарх, од кого добиле три свештенички костима, разни црковни книги и две камбани за црквата Св. Ѓорѓија во Лазорополе. Сите тие материјали од Русија дошле преку рускиот конзул во Битола, а од таму до Лазорополе биле пренесени со кола од страна на Тоде Бешески. Камбаните биле свечено пречекани пред селото. Како лични подароци од аудиенцијата што ја оствариле кај рускиот император Николај II Николаевич, тие добиле по една сребрена табакера со златен монограм и ликот на императорот, кои пак при враќањето им биле земени на турската граница, а тие одлежале по два месеци затвор.

Точно не се знае од кога Василко Икономов започнал да се занимава со собирање на народни умотворби, но се знае дека покрај контактите што ги имал со србинот Стефан Верковиќ, тој имал контакти и со бугаринот Иван Шишманов, познат славист. Од нивната меѓусебна преписка се дознава дека Василко покрај тоа што собирал народни обичаи и лирски македонски народни песни, собирал уште и балади, гатанки, баења, пословици, брзоговорки, детски залагалки, стари јуначки песни и приказни. Мал дел од неговите собрани умотворби биле објавени во првите два броја на монументалниот Сборник за народни умотворениja 1889-1890 издаден во Софија.
Василко Икономов во учебната 1892/93 година, од страна на егзархиската Бугарска црковна општина Дебар, бил известен дека е исклучен од учителската должност во селото заради, како што било наведено: „неисполнување на својата должност“, а имено, по инспекција што била направена во лазороското училиште, од страна на бугарски контролори, се открило дека предавањата се извршувале на мијачко наречје, а не на бугарски јазик како што барала Егзархијата и за што Василко Икономов, примал плата. Од тоа може да се види односот на Василко кон пропагандите кои во тоа време станувале сé пожестоки. Останувајќи без работа, тој отишол во Софија. Таму се зближил со Коста Шахов, организаторот на Младата македонска книжовна дружина во Софија и редактор на весникот Македониja , а каде што во тоа време се врткал и стариот Марко Цепенков. Васил Икономов по пат на претплатници во Софија го издал истата 1893 година необемниот Сборник от старо-народни песни и обичаи в Дебaрско и Кичевско (Западна Македопнија). Книгата имала 162 страници, со 275 песни со обичаите и списоци на вкупно 754 претплатници.
Игуменот на Бигорскиот манастир во едно писмо му се обраќа на Василко Икономов како учител Лазорополе во 1895/96 учебна година, а од друга страна пак, егзархиската Бугарска црковна општина Дебар дава податоци дека тој во таа учебна година бил учител во селото Беличица.
Во 1895 година, но овојпат во Солун и со одобрување од надлежните турски власти, Василко Икономов го издава својот втор зборник на народни песни под името Сборник от старо-народни умотворениja из Дебрско, Кичевско и Охридско. Сбрал и издава В.Икономов во Скоро-печатницата на „С. Муратори и С-ие“. Во оваа збирка се собрани 211 народна песна и тоа повторно се работи за главно обредни песни, а како претплатници за книгата се среќаваат 694 имиња.
Не се знае точно кога, но Василко Икономов ја посетил и Света Гора, по што во 1896 година излегува неговата следна книшка на 18 страници, во истата солунска печатница „С. Муратори и С-ие“ Кратко описание на светогорските монастири.
Во 1897/98 година семејството на Васил Икономов се соочува со тешка трагедија. Многуте деца од бракот со Анѓа се раболуваат и умираат, најверојатно од дифтерија, а неговата жена умствено се растројува, по што сите (заедно со преостанатиот син Методија) одат во Софија, кај богатите роднини Станишеви, каде што остануваат две-три години.
Во периодот од јуни 1902 до јуни 1907 година, Василко Икономов претсојувал во Браила, Романија, најверојатно на печалба. Таму се појавува во служба на црковен пејач, во црковниот храм „Св. Вознесение“. Но, освен со пеење, во својот петгодишен престој таму, тој напишал, превел и издал (како што самиот запишал во еден псалтир) неколки душеполезни книшки.

Во јули 1908 година, Василко Икономов по Уриетот (Младотурската револуција) отишол во Солун, со цел да биде поблиску до својот син Методија Попоски, кој учел во тогаш престижната Солунска машка гимназија. Таму Василко, заедно со некој ѓакон Јосиф отвориле печатница која работела 7/8 месеци.
Во 1910 година во Солун е издадена малечката книга Народна песнопоyка во која се наоѓале и илинденски револуционерни песни. Токму заради објавувањето на оваа книга, Василко бил прогонет од турските власти и тој морал да бега и да се крие по бачилата на своите пријатели, но и во манастирот Пречиста, Кичевско, каде според кажувањата на неговото семејство, тој имал и своја соба. Така тој го дочекал и метежот од Првата Светска војна.
Откако на 20 ноември 1915 година српската војска го напуштила Лазорополе, тука дошле бугарските окупациони сили и воспоставиле своја управа. Била формирана лазороска општина управувана од три члена Васил Икономов - претседател, Мицо Јанков - член, Спиро Ангелов - член и Спасе Исов - секретар-благајник. Василко Икономов како кмет на селото останал до 24 декември 1917 година, кога со наредба бил префрлен во Требишката општина на иста должност. За време на неговото кметство во селото било образувано Народно Читалиште, за чиј претседател бил именуван свештеникот Данаил поп Костов (негов братучед), а за раководител на читалиштето бил определен тогаш главниот учител во селото Методија Попоски (неговиот син).
По капитулацијата на Бугарија и завршувањето на Првата Светска војна, Василко Икономов повторно се засолнил во манастирот Пречиста, но тој бил набргу откриен од српската власт. Заедно со сина му Методија биле осудени на бесилка, од која ги спасил галичанецот Васил Чоланчески. По ова тој се прибрал во родното село и водел мирен старечки живот.
За тоа за каков човек станувало збор, можеби најдобро зборува настанот кога извесни српски претставници од Белград дошле да му нудат пензија, а тој категорички ја одбил со зборовите:
- Јас неќам српска пензија!
- А Бугарите да ти дадат?
- Ако ми давале Бугарите, јас ќе си останев во Софија, а не во Лазорополе! Јас работев само за Македонија и не сакам пензија ни од Бугарија, ни од Србија! И нашето петле ќе пропее!
На 4 јуни 1934 година, во своето Лазорополе, на над 86 годишна возраст починал Василко Икономов. (¨Д-р Блаже Ристовски, Васил Икономов (1848-1934), Институт за национална историја, Скопје, 1985. ; ¨Петар Поповски, архимандрит Теофил Аврамов Жунгулоски, Штип, 1997.; ¨Д-р Блаже Смилевски, Срцепис за Лазарополе, Македонска ризница, Куманово, 1995.; Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, Личности од Македонија, МИ-АН, Скопје, 2002.; "Александар Матковски, Книжевната и просветната дејност на учителот Васил Икономов од Лазарополе, сп. Просветно дело, X/1-2, Скопје, 1954.)

АРХИМАНДРИТ аџи ТЕОФИЛ АВРАМОВ ЖУНГУЛОСКИ (1838-1884)
Тој е значајна личност кој се јавува со немилосрден и жесток отпор против сите туѓи влијанија во Македонија, која можело да биде скршена само со негово физичко ликвидирање. Неговиот животен пат бил многу бурен, трновит и трагичен, а воедно и многу плодотворен и значаен за Македонија и македонскиот народ. Тој бил еден од ретките од овие простори што во тоа време го стекнал своето високо образование на катедрата за филозофија во Цирих и Виена. Врзувајќи се со Димитар Робев, Коста Групчев, Васил Икономов, Димитар Чулев и други македонски дејци и револуционери, тој смело и решително војувал против грчката патријаршија и бугарската егзархија, а всушност се борел за осамостојување на македонските епархии и нивно обединување во единствена црковна институција што би се потпирала на старите македонски црковни традиции и изворишта. За таквата своја заложба Теофил Аврамов Жунгулоски платил со својот живот.
литература, исто, стр. 19-20.Текстот е на Слободан Шошкоски. Докажан културно-просветен и духовен деец, учен ерудит, еден од челниците на антипатријаршиското-грчко влијание во западна Македонија, учител-реформатор, единствен словенски владика во Дебар поставен со султански берат, пламенен борец за обнова на Охридската архиепископија, полиглот кој зборувал грчки, влашки, албански, турски, српски, бугарски, француски, германски и руски јазик.
Роден е во Лазорополе на 18 јули 1838 година (според други тој е роден во 1851 година), во еден од најмоќните родови во селото Жунгуловци. Негов татко е Аврам Кунов Жунгулоски богат ќеаја (5000 овци и 400 коњи) кој се занимавал и со трговија. Мајка му е Риста Жунгулоска, една од ќерките на легендарниот Ѓурчин Кокале. Тој имал уште тројца браќа: Нестор, Марко и Јосиф и една сестра Елена.
Основното образование го стекнал во селското ќелијно училиште, во црквата Св. Ѓорѓија, формирано од архимандритот Анатолиј (Жунгулоски) Зографски (прадедо на Теофила) во 80-тите години на 18 век. Негов учител бил поп Мартин Димкоски (најверниот соработник на Ѓурчина).
На 12 годишна возраст, образованието го продолжил во манастирот Св. Јован Бигорски. По две годишна работа во манастирската препишувачка школа, Теофил заедно со својот вујко Пејко Жепчески (во тоа време еден од најбогатите луѓе во Дебарско) пошле на аџилак во Ерусалим, посетувајќи го Божјиот гроб. На враќање тие пропатувале во арапските земји Иран, Ирак, Јордан, Сирија и Египет (Каиро и Александрија)
Вујко му аџи Пејко, кој високо ја ценел интелигенцијата на Теофила, без знаење на неговиот татко го запишал во машката гимназија во Серез. Уште тогаш Теофил зборувал грчки, влашки, албански и турски јазик. Додека учел во Серез, Теофил истовремено работел во копаничарската тајфа на Ѓорѓи Донев од Гари, каде го изучил овој занает. Заради квалитетот на изработките што ги правел, тој во 1852 година добил едномесечно патување по Грција и Турција. Во Серез тој се запознал со Стефан Веркович (познат фолклорист), како и со македонските преродбеници Глигор Прличев и Димитар Миладинов.

Од Серез, Теофил школувањето го продолжил во грчката машка гимназија во Солун, каде што бил под непосредна грижа и старателство на архимандритот Иларион (Чупоски) Зографски, (дедо на Теофила). Во гимназијата се истакнувал со своето познавање на старогрчкиот јазик, а особено другарувал со Рајко Жинзифов од Велес, со соселанецот Димо Ажиески и со Ташко Цветков од Сушица. Уште таму, тој заедно со другите свои пријатели и соученици пројавувале идеи за автономија на македонската црква и просвета, а за што бил и накратко отстранет од гимназијата поради антигрчко однесување. Во Солун го научил францускиот јазик.
По завршување на гимназијата, Теофил кратко работел како учител во училиштето на Аргир Трпков Дебарлијата, во Солун. По предлог на својот вујко-мецена аџи Пејко, Теофил го продолжил своето образование во Швајцарија (есента 1862 год.) каде што се запознал со српскиот социјалист Светозар Марковиќ, со кого што одржувал писмени контакти. По шестмесечен престој, тој од Швајцарија заминал за Австрија, каде се запишал на Виенскиот универзитет, студирајќи филозофија, естетика и природни науки. Таму го научил и германскиот јазик. Во Виена тој се дружел со хрватскиот писател Август Шеноа и со српскиот писател Јован Јовановиќ Змај, со кој особено се спријателил.
По завршување на образованието, Теофил од Виена се враќа во Лазорополе, каде започнал да работи како учител, заедно со Василко Икономов. Веднаш се вклучил во организираното црковно-просветно движење, кое се борело против грчкото влијание што се ширело од страна на грчкиот митрополит од Дебар, владиката Калиник (подоцна го заменил омразениот Антим). Еден од водачите на ова движење бил Димо Ажиески, соученикот од солунската гимназија (инаку негов роднина). Со своето образование, ораторска вештина и организациските способности Теофил за кратко време станал омилен кај народните првенци, не само во Лазорополе, станувајќи еден од најактивните борци за духовно-просветна слобода. Теофил во Лазорополе учителствувал две години (1866-1867), каде што заедно со Василко спровеле реформа во училиштето, преобразувајќи го дотогаш ќелијното училиште од манастирски тип во световно модерно училиште со настава поблиска до учениците. Биле исфрлени книгите од црковен карактер и заменети со посовремени предмети буквар, читанка, свештена историја, сметање, земјопис. Биле воведени клупи-скамлии, а исфрлени физичките казнувања. На крајот на секоја учебна година, учениците пред своите родители биле јавно испитувани. Целата настава се водела на народниот мијачки дијалект.
Кон крајот на 1867 година Теофил заминал да учителствува во Дебар, каде што исто како и во Лазорополе го реформирал училиштето, поставувајќи го на световна основа. Воедно, таму ја продолжил и борбата за отфрлање на грчката црковна власт и обнова на Охридската архиепископија. За таа цел тој патувал низ селата од Долни Дебар (денес во Албанија) организирајќи ги во антипатријаршиското движење. Со негова помош во Дебар била реоформена црковно-училишната општина, укината со доаѓањето на грчкиот владика во градот, било започнато возобновувањето на црквата Св. Богородица, а во црковниот двор било изградено училиште.
Аџи Теофил во пролетта 1869 година од Дебар, заминал да учителствува во Охрид, во училиштето во маалото Кошишта, каде продолжил со своето дејствување против грчката патријаршиска пропаганда и влијание. Тој се залагал за исфрлање од употреба на грчкото писмо (кое имало широка употреба во градот, заради грчкото влијание) и негова замена со кирилицата. Бил организатор и ученик во формирањето на црковно-училишната општина во Охрид (24 август 1869 год.) која себе си сñ се нарекла Охридска архиепископија. Оваа еднострано прогласена Охридска архиепископија, ја зела во свои раце целата црковна власт во градот и започнала меѓу народот од Охрид, Битола, Ресен и пошироко да агитира од турската власт да се бара возобновување на укинатата Охридска архиепископија.
Ја посетил Битола и битолско, Струга, Кичево, со единствена цел да го организира антипатријаршиското дејствување и да се координираат залагањата за возобновување на Охридска архиепископија која би била одделена како од Патријаршијата, така и од сеуште неформираната Бугарска Егзархија, која била во зародиш и која од страна на турската власт била третирана како решение на црковните спорови што постоеле и во Македонија.
Аџи Теофил во Солун учествувал во формирањето на т.н. Национален комитет кој на ниво на координативно тело се залагал за обнова на Охридска архиепископија.
Откако со посебен султански ферман било објавено постоењето на Бугарската Егзархија, на секоја православна епархија ñ било оставено правото да се изјасни кон која црква сака да припаѓа (кон грчката Патријаршија или кон бугарската Егзархија). Не мирејќи се со таквиот развој на настаните, аџи Теофил како и поразбудените македонци продолжиле да работат за единствената правилна цел возобновување на Охридска архиепископија. Тој бил иницијатор и потписник на неброени петиции, жалби и молби адресирани до турските власти со кои се правел обид да се објасни дека овие турски поданици не се ниту грци, ниту бугари и дека сакаат своја сопствена црква и богослужба на мајчиниот јазик.
Во мај 1871 година аџи Теофил заминал за учител во кичевскиот манастир Пречиста, во Крнино, кое што по угледот на другите училишта каде што учителствувал, го реформирал. Во Кичево формирал и посебен црковен одбор, кој подготвил детален план за систематско отстранување од црквите и училиштата на туѓата, особено грчка црковна и просветна литература. На нивно место започнале да се употребуваат книгите на нашите преродбеници и учебникари Анатолиј Зографски, Партение Зографски, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулески и др.
Аџи Теофил ги поддржувал и штотуку формираните вооружени чети, чија што цел била заштита на населението од грабежи, но и пресретнување и заплашување на грчките свештеници и особено на грчкиот владика Антим, а кои што всушност преставувале првите никулци на вооружената борба на македонскиот народ за свое национално ослободување.
Следејќи ги своите внатрешни пориви за ширење на својата света мисија, да работи за духовно и национално ослободување на својот народ, аџи Теофил отпатувал во Србија. Таму, тој заедно со своите истомисленици Ѓорѓија Пулески и Цветко Поповиќ, држеле пламени говори меѓу македонските печалбари, барајќи од нив да се вратат во Македонија и на било кој начин да се вклучат во борбата против национално-верските пропаганди и турското владеење.
Во својата извонредно богата активност, аџи Теофил неколку пати се среќавала со солунскиот валија Митхат паша, кој прв од страна на официјалната турска власт, го признавал постоењето на македонскиот народ, го земал под заштита и се залагал за праведно решавање на македонското црковно прашање.
Во постојаната борба за добивање на црковна самостојност, а откако станало јасно дека тоа нема да се постигне преку бугарската Егзархија, македонското црковно движење својот спас го побарало во Унијатството. На тие позиции се наоѓал и аџи Теофил. Тој заедно со своите соработници архимандритот Козма, Коста Групчев, поп Томо, Василко Икономов и Вело Топалоски, во септември 1874 година одржале состанок во Кичево, на кој се донесло решение охридската, кичевската и дебарската црковна општина да стапат во Унија со Римокатоличката црква, следејќи го примерот на солунската, дојранската, кукушката, струмичката, малешевската и ениџе-вардарската црковна општина. Но, за жал и овој обид за создавање на Охридска архиепископија не успеал, благодарение на превртливоста на одредени водачи на движењето.
Во декември 1874 година аџи Теофил се вратил во Лазорополе, каде повторно работел како учител, заедно со неговиот пријател Василко Икономов.
Во борбата околу црковното прашање, аџи Теофил воспоставил контакти со руските конзули Максимов во Битола, а потоа и со Иван Ст. Јастребов во Призрен, со кого станал близок пријател и кој некоку пати доаѓал во Дебар и Лазорополе, како негов гостин.
Благодарение на големата популарност што ја имал аџи Теофил, во периодот 1875/76 година, неколку пати бил наговоруван да прифати да биде поставен за владика на Дебарско-Кичевската или на Охридската епархија. Но, Теофил ги одбивал таквите предлози, зашто сметал дека тој како учител не бил подготвен за таквата свештеничка должност.
На 28 август 1878 година, на празникот Успение на Св. Богородица, во Гари се формирал нов Епархиски одбор на Дебарско-Кичевската епархија. Во неговиот состав влегол аџи Теофил, а од Лазорополе како членови биле избрани уште и Василко Икономов и Аврам Голибегоски. Претседател на одборот бил архимандрит Михаил игуменот на манастирот Св. Јован Бигорски.
На 29 август 1878 година, заседанието на Епархискиот одбор продолжило во манастирот Св. Јован Бигорски, каде по предлог на Галичани, било донесено решение црковно-просветното движење во Дебарскиот крај да се вика Мијачка христијанска секта т.е. Мијачка секта. За претседател на сектата бил избран аџи Теофил, а за потпретседатели првенците аџи Пејко и Тодор Томоски.
По долгото и упорно настојување, од страна на народните првенци, но и од самиот народ, конечно аџи Теофил попуштил и се согласил да биде запопен. Тој чин се случил на празникот Ѓурѓовден 9 мај 1879 година, во манастирот Св Јован Бигорски, во една свечено-празнична атмосфера, на која што присуствувале над 3000 луѓе и сите видни првенци. Од страна на своите соплеменици Мијаци, тој бил наречен поп со сила, бидејќи самиот против својата волја се жртвувал за доброто на својот народ, очекувајќи дека овој чин на црковно-просветното движење ќе му даде дополнителен импулс за остварување на зацртаните цели создавање на Охридска архиепископија.
Поп Теофил во својата беспоштедна борба за народното добро, имал составено концепти за буквар и земјопис, кои биле во ракопис и кои нестигнал да ги отпечати. Овие книги во ракопис, биле чувани кај неговиот син Коста Попоски сé до 1912 година, кога српската полиција влегла во неговата куќа и ги запалила, заедно со куп други документи од неговата заоставнина; како и документи и матријали кои што самиот Коста ги собирал и пишувал. Воедно, по запопувањето тој започнал интензивно да преведува и препишува црковни книги и молитви од грчки на народен јазик, мијачки дијалект. Благодарение на неговите лични контакти со рускиот конзул во Битола, од Русија била носена црковна литература, која што се растурала низ целиот Дебарски крај. Се знае дека 13 руски книги ñ биле подарени на црквата Св. Ѓорѓија во родното Лазорополе.
Поп Теофил во есента 1881 година, преку Киев и Москва, а во придружба на лазоровецот Спасе Самарџија и стружанецот Димитар Кочо, пристигнал во Петроград, каде се запишал на познатата Свештена семинарија, со цел да се стекне со потребното знаење за неговата свештеничка должност. При престојот во Москва тој воспоставил контакти со студентите-македонци од познатата Македонска дружина. Во Петроград Теофил, освен со студирањето, започнал да подготвува студија за неговиот познат соселанец Анатолиј Зографски (според некои, тој му бил дедо на Теофила). Ракописот имал 126 страни, но и тој заедно со сета друга оставнина бил уништен од српската полиција во 1912 година.
На 12 април 1882 година во Цариград пристигнал Теофил Аврамов Жунгулоски, сега веќе носејќи го чинот архимандрит. Тој бил лично примен од великиот везир на турската империја Хасан Фехми паша, кој му издал берат (заповед) со кој на Теофила му било дозволено да раководи со Дебарско-Кичевската епархија, со што тој станал прв македонец кој добил берат од Високата Порта без покровителство ниту на грчката Патријаршија, ниту на бугарската Егзархија. Официјално тој бил именуван како словенски владика. Колкава била големината на тој преседан зборува и фактот што официјално во турската империја постоеле само две православни цркви, грчката Патријаршија и бугарската Егзархија. Дебарско-Кичевската епархија која дотогаш, официјално-формално се наоѓала во владение на грчкиот владика Антим, сега добила втора црковна власт прифатена од населението, а олицетворена во словенскиот владика Теофил.
Заради остварувањето на својата главна цел возобновување на Охридската архиепископија, архимандрит Теофил, заедно со црковното движење, решиле да ги затоплат односите со бугарската Егзархија, надевајќи се дека нивниот сон полесно ќе го остварат преку нив. Самата Егзархија, пак, уште од поодамна сакала кон себе да го привлече арминадритот Теофил, како авторитетна фигура во црковната дејност во западна Македонија. За таа цел арх. Теофил, бил повикан во Цариград, од страна на Егзархот Јосиф I. На 19 февруари арх. Теофил бил произведен во протоерејски чин, всушност станувајќи заменик митрополит за Македонија и Одринско.
Архимандрит Теофил, заедно со Епархискиот одбор, организирал општо-народен црковен собор, којшто се одржал на Иванден (7 јули) 1884 година во манастирот Св. Јован Бигорски. Овој собир се нарекува уште и Словенски конгрес. На него учествувале околу 3000 поклоници и претставници на месни црковно-народни одбори, народни првенци и видни личности од централна и западна Македонија, како и од Албанија. Главната цел на овој собир било координирањето на активностите на црковните одбори за натамошен прогрес на црквата и просветата.
Заради преземањето на овие активности на арх. Теофил, кои биле спротивни на интересите на грчката Патријаршија, тој бил наклеветен кај турските власти, по што бил повикан во Битола. По неговото доаѓање, тој бил веднаш затворен. Но, по огромниот притисок што го направиле бројните македонски делегации од цела западна Македонија, како и по интервенцијата што ја направил рускиот вицеконзул од Битола, Теофил набрзо бил ослободен.
Грчкиот владика Антим, од каде што доаѓале сите злоби и непријатности, знаел дека арх. Теофил можел да се запре само со убиство. Тој веќе подолг период го клеветел кај дебарските муслимански првенци дека тој е руски агент, кој подготвувал востание во Македонија и дека работел за доаѓање на руските војски во овој дел од турското царство. Овие, поверувајќи на таквите измислици, се собрале на таен состанок на кој била договорена ликвидацијата на арх. Теофил. За таа цел од страна на грчкиот владика биле поткупени личните телохранители на долгогодишниот Теофилов пријател Селим Рус бег. Теофил наоѓајќи се во Дебар (каде што бил намерно повикан) на ден Илинден 1884 година, на денот на селскиот празник, кога во самото село биле закажани повеќе венчавки и кои сите го чекале Теофила да ги благослови, тој морал да се врати во Лазорополе. Тој од Дебар заедно со доделеното „обезбедување“ кое се состоело од сејмените на Селим Рус бег, Сул Кроса, Зини Шабан и Ајрадин Баула, тргнал напладне на Илинден. Кога дошле кај месноста викана Клакови, во близина на селото Долно Мелничани, Дебарско, архимандрит аџи Теофил бил погоден од куршумот од пушката на Ајрадин Баула, бил мртов на самото место. Незадоволувајќи се само со убиството, Ајрадин Баула, му ја отсекол главата на арх. Теофил и крадејќи му го златниот крст од градите, се упатил во Лазорополе, каде во тој момент се наоѓал грчкиот владика Антим, кој безуспешно се обидувал да влезе во селската црква, за да го извести и да си ја земе наградата од 100 турски златници. Останатите двајца сејмени го чувале мртвото тело на Теофила. По некоја случајност од тоа место поминувал лазороскиот ќеаја Мицо Дојчиноски, кој и го открил мртвото тело на архимандритот Теофил. На чинот на пренесувањето на мртвото тело на Тофил, кое се случило попладнето на Илинден, присуствувале над 1200 луѓе од сите околни села. Самиот чин на закопот бил одржан на 3 август напладне, со сите црковни почести, на него присуствувале над 5400 луѓе, опело одржале архимандритите Софроние и Михаил во сослужение на 25 свештеници од Малореканскиот крај. Посмртен говор одржал Василко Икономов, неговиот верен пријател и соборец против грцизмот, а од него се простиле сите видни првенци со кои што соработувал целиот свој живот. Самите лазоровци, својот сакан поп и митрополит, во знак на длабока почит и признание за неговата дејност, го погребале во дворот на црквата Св. Ѓорѓи, веднаш зад олтарот, до гробот на легендарниот лазоровец Ѓурчин Кокале и учителот Мартин Димкоски.

За него е напишана и испеана песната Аџи поп Теофил и Самовила Крчинска, за која се верува дека ја напишал неговиот најстар син Аврам поп Теофилов Попоски Жунгулоски.
АЏИ ПОП ТЕОФИЛ И САМОВИЛА КРЧИНСКА
Зора зорит, ден се раѓат
от врв високите гори.
Одејќи, трчајќи
по река Радика.
И згрмеје клети пушки,
от јасна месечина
та убије наши брати,
наши брати, аџи Теофила,
во негови бели гроди.
Падна смирен, аџи Теофиле,
падна смирен на зелена трева.
Офкат, пишчит, гора се лулејет,
тамо немат никој да го видит.
Го дочула Крчин-самовила.
Си облече манастирски дрехи,
манастирски дрехи, мртовечки,
па си викна од врв Крчин.
„Погледај ме, как се моча,
ќа те мола, ќа те клна,
да ми одиш Мала Река,
Мала Река, Радика,
Кичевија и Копачка
и цела Дримска околија.
Да повикаш мои браќа,
да се зберет, да ме кренет.“
Ми отиде самовила,
ми повика мили браќа,
ми слегоје во Радика,
во Радика, Мелничанска,
една рока го развива,
друга рока рани врзва.
Го запраша Самовила,
Самовила, Крчиноска:
„Гледаш ли ме мили брате,
аџи поп Теофиле?
Кој те тебе мили брате,
луто прелога ... ?“
Одговори аџи Теофил:
„Не ме прашај Самовило.
Не скоревај лути рани.
Ја си идеф од град Дебор,
си беф тргнал в наше село,
да си венча мили внука,
да истера кир Владика ...!“
Проклет да е тој кир Антим,
шчо натера Арнаути,
да пукајет в бели гроди ...!“
Зора зорит, ден се раѓат
от врв високите гори.
Одејќи, трчајќи
по река Радика.
И згрмеје клети пушки,
от јасна месечина
та убије наши брати,
наши брати, аџи Теофила,
во негови бели гроди.
Падна смирен, аџи Теофиле,
падна смирен на зелена трева.
Офкат, пишчит, гора се лулејет,
тамо немат никој да го видит.
Го дочула Крчин-самовила.
Си облече манастирски дрехи,
манастирски дрехи, мртовечки,
па си викна од врв Крчин.
„Погледај ме, как се моча,
ќа те мола, ќа те клна,
да ми одиш Мала Река,
Мала Река, Радика,
Кичевија и Копачка
и цела Дримска околија.
Да повикаш мои браќа,
да се зберет, да ме кренет.“
Ми отиде самовила,
ми повика мили браќа,
ми слегоје во Радика,
во Радика, Мелничанска,
една рока го развива,
друга рока рани врзва.
Го запраша Самовила,
Самовила, Крчиноска:
„Гледаш ли ме мили брате,
аџи поп Теофиле?
Кој те тебе мили брате,
луто прелога ... ?“
Одговори аџи Теофил:
„Не ме прашај Самовило.
Не скоревај лути рани.
Ја си идеф од град Дебор,
си беф тргнал в наше село,
да си венча мили внука,
да истера кир Владика ...!“
Проклет да е тој кир Антим,
шчо натера Арнаути,
да пукајет в бели гроди ...!“
Архимандритот аџи Теофил како свои наследници, заедно со својата жена Цвета Дојчиноска (која починала во 1881 година) ги оставиле тројцата синови Аврам (ум.1899), Коста (1878-1940) и Анте и една ќерка Ќира (р.1881)
ЕВСТАТИЕ ЈОЛЕСКИ
(роден во Лазарополе ?/г.-1937г. починал во Лазарополе )

Евстатие Јолески кој работел во Лазарополе и околината, како надрилекар и фотограф и фотографирал портрети, свадби, погреби, селска архитектура и пејсажи, според податоците на Македонскиот центар за фотографија се споменува и во весникот "Цариградски гласник", год.8 бр.1 од 1902 година, на чија што третата страна стои забележано: "На погребот на ученикот од српската машка гимназија Секула Илиќ(ски) од Лазарополе, фотографирана е целата погребна поворка". Се претпоставува дека авторот на таа фотографија е Евстатие Јолески (Лазарополе(?) - Лазарополе, 1937) за чија фотографска активност постојат сигурни податоци од 1911 година, а благодарение на неговите потомци, сочувани се голем број стаклени плочи (негативи). Јолески за фотографирање на поединечни и групни портрети користел импровизирано студио во дворот на својата куќа. Студиото му било опремено со насликано платно, подот бил прекриен со суви лисја, а како реквизити користел столови, масичка, стаклени вазни и др. Понекогаш за снимање ја користел и мансардата од куќата, при што како позадина му служел еден стар ормар. Според кажувањата на современиците, кога снимал пак портрети и групи на луѓе во други места (Галичник, Тресонче, Гари), импровизирал студио, користејќи како позадина на композициите сиво платно, килим или јамболија, а честопати портретираните ги поставувал пред едноличен ѕид, од камен или плитари, со цел да добие неутрална позадина. Фотографиите на Евстатие Јолески имаат голема етнолошка вредност и покажуваат дел од обичаите, како и носијата од Лазарополе и околината. За значајни се сметаат и неколкуте негови панорамски снимки на Лазарополе и Галичник, кои нудат јасна слика за архитектурата на овие села. Фотографиите се дел од богатата колекција на Македонскиот центар за фотографија.
КОСТА поп ТЕОФИЛОВ ПОПОСКИ ЖУНГУЛОСКИ (1878-1940)
Тој е познат, меѓу другото, како мошне плоден и висококвалитетен објективен хроничар на своето време. Записите што тој ги оставил го афирмираат како најоргигинален летописец од карајот на XIX и почетокот XX век. Своите белешки ги создавал во време кога антимакедонските пропаганди на соседите воделе силна и бескруполозна борба за освојување на нашите духовни, просветни и културни простори. За енергично и конкретно спротиставување на овие асимилаторски тенденции и заграбувања, тој бил изложен на рановиди прогони и омаловажувања од носителите на овие антимакедонски пропаганди и активности.
литература: "Лазарополе во подалечното и поблиското минато", стр.20.
ПОВЕЌЕ. Текстот е на Слободан Шошкоски. Роден е во 1878 година во Лазорополе. Мораме да напоменеме дека на селските гробишта во Лазорополе, каде што е закопан, како година на негово раѓање се наоѓа 1876. Син е на архимандритот аџи Теофил Аврамов Жунгулоски додека мајка му се викала Цвета. Останува сирак на шестгодишна возраст, заедно со брат му Аврам и сестра му Ќира, откако мајка му починала во 1881 година, а татко му бил ѕверски убиен на Илинден 1884 година. Грижата за него ка презел стрико му Јосиф Жунгулоски. Првичното описменување го добил во селското училиште, а имал завршено и два класа гимназија во Софија. Успевајќи да се исшколува станал учител. Учителствувал во родното Лазорополе во учебната 1896/97, во 1897 година работел како учител во манастирот Свети Јован Владимир во Коњух (Елбасан), а потоа бил учител во манастирот Св. Пречиста 1900/01, за повторно да биде учител во Лазорополе од 1901 до 1904 година.
Автор е на ракописната книга „Летописни белешки“, во која што забележувал разни преписи на стари црковни записи, кои ги собирал од стари цркви и други документи до коишто успевал да дојде, воедно овие „Летописни белешки“ содржеле и бројни податоци за родот Жунгуловци (родословното дрво Жунгулоско), за архимандритот Теофил, како и за сопствените животни премрежија.
Кога во Лазарополе било формирано раководно тело на селото, задолжено да одржува контакти со револуционерната организација, тој како учител во селото зел учество во тоа раководно тело, во кое покрај него се наоѓале уште и Ѓорѓе Јосифоски, Димо Ажиески, Митре Ѓиноски и Исаија Велов Палчески. Името на Коста Попоски во мај 1903 година се среќава како командант на Горскиот штаб на оружените востанички чети од Малореканскиот крај. Долги години минал во српските и бугарските затвори, бил прогонуван и измачуван.
Во 1909 година тој бил избран за главатар на селото со помош на Кокалевците и најверојатно оваа функција ја извршувал до почетокот на Балканските војни 1912 година.
Во 1912 година, (со воспоставувањето на новата власт) српската полиција извршила упат во неговата куќа во Лазорополе при што запалила бројни вредни ракописи и документација грижливо собирана од неговиот татко архимандрит Теофил, многу руски и бугарски книги, концепти за учебници напишани од архимандрит Теофил, како и негова лична документација.
Коста Теофилов Попоски според еден стар ракопис, што се чувал како семејна реликвија, го изработил родословното стебло на Жунгуловците од крајот на 17 век до средината на 20 век. Во Лазорополе овој цртеж е познат како Родословие Жунгулоско или Родословно дрво Жунгулоско. Изработката на ова родословие започнала во 1929, а била завршена на 1 јануари 1930 година, а тоа и понатаму било дополнувано.
Се женел три пати и тоа со Маса (ум.1919), Евгена (ум.1928) и со Перса (1934) а зад себе ги оставил наследниците, синовите Теофил, Нестор, Аврам, Ѓино и најмалиот Петар; како и ќерките: Цвета, Ивана, Ивка, Донка, Риста, Благуна, Љуба (донесена од четвртата жена) и Савка.

Починал во 1940 година, во Лазорополе, каде што е и погребан на селските гробишта.
РИСТЕ ОГНЕНОВСКИ ПАТЕРОСКИ (18??-1953)
Текстот е на Слободан Шошкоски. Роден е во Лазорополе, во познатиот род на Патеровци, но за жал засега точната година на неговото раѓање, како и имињата на неговите родители не нí се познати. Претпоставуваме дека првичното описменување го добил во селското училиште, како што било вообичаено за машките деца. Веднаш потоа, уште како младо момче бил испратен на печалба во Серес (Егејска Македонија, во денешна Грција) каде го изучил терзискиот занает.
Во Серес, тој се поврзал со активистите на Внатрешната Организација (ВМРО) од Серскиот округ, кои го вовеле во идеологијата за националното ослободување на Македонија, која што тој веднаш ја прифатил и í останал верен до крајот на својот живот. Со совесното извршување на поставените задачи, тој си обезбедил видно место во Серската чета. Потребно е да се напомене дека оваа чета е всушност изворната чета на Гоце Делчев, па така лазоровецот Ристе Огненовски Патероски ја имал ретката чест да војува рамо до рамо со нашиот великан против Турците. Тој се наоѓа и на групната слика направена по советувањето на Серскиот округ во Караќој, февруари 1903 година, на кое 80-тина учесници се советувале по тогаш насуштественото прашање дали во Македонија да се крева востание или пак не.
Ристе успеал да ги помине сите премрежија што ги доживеал и целокупниот македонскиот народ во неуспешното Илинденско востание, Младотурската револуција, Првата и Втората Балканска војна и Првата Светска војна. Освен неколку незначителни повреди, апсења и малтретирања успеал својот живот да го среди. Благодарение на убаво научениот терзиски занает, како и на неговата трудољубивост, тој успеал да има сопствен терзиски дуќан во Серес, каде што било и неговото постојано пребивалиште, додека контактите со родниот крај ги одржувал со повремени посети на роднините во Лазорополе. За време на виорот на Втората Светска војна, во 1944 година, успеал сето свое семејство да го повлече во Серес, каде што отворил уште еден дуќан – слаткарница. И кога целото семејство се собрало на едно место и кога се надевале дека работите ќе тргнат во подобар правец, се случила граѓанската војна во Грција, во која тие биле приморани да се бегаат, како и останатите Македонци од Грција.
Со сето свое семејство Ристе Огненовски Патероски, заминал во Петрич (Република Бугарија), каде што останал неколку месеци, додека да ги направи неопходните подготовки, за негово преселување во Македонија, во Битола. Во оваа преселба им помогнал многу познатиот битолски доктор Евреинот Абраванел, чиј брат, во 1943 година за време на Втората светска војна, Ристе го криел во својот дуќан во Серес, пред бугарската полициска потера која ги собирала сите Евреи за депортирање во концентрационите логори на смртта.
Треба да се истакне дека Ристе Огненовски Патероски за време на Втората Светска војна го симпатизирал партизанското народно-ослободително движење сметајќи го за продолжение на неговата комитска борба за конечно ослободување на Македонија. За таа цел му дал благослов и на синот Рафе Сековски, да го помага партизанското движење.
По доселувањето во Битола, откако се дознало дека е жив Илинденец кој го помагал македонското партизанско движење, а за кое што трпело целото семејство, кое во своите три големи преселби за неколку години го изгубиле сето она што го имале, претставниците на новата власт сакале нему да му доделат некое признани или пак Споменица. Но, пркосниот Ристе им одговорил: „Другар, државата е сиромашна, треба да зајакне, а не да се расфрла по луѓето. Јас сум од 10 години на гурбет и ништо не ми треба, ќе си ја изгледам фамилијата!“
За жал не знаеме многу за семејството што го формирал. Името на неговата жена не нí е познато, а не знаеме ни точно колку деца имал. Знаеме само за синот Рафе Сековски.
Ристе Огненовски Патероски починал во Битола 1953 година и е закопан на гратските Светонеделски гробишта.

ПАВЛЕ ГАВРИЛОВ КАРААСАНОСКИ (1869-1904)
Познат и како Павле Караасан. Роден е во Лазарополе во 1869 година. По занает бил мајстор-ѕидар. Активно се вклучил во македонското револуционерно движење од 1899 година. Во тоа време тој се наоѓал во четата на војводата Наќе од Лафчани. Учествувал непосредно во Илинденското востание и се истакнал како голем и бестрашен борец. Познат е по тоа што никогаш не пукал во прано. По востанието станал војвода на Гличко-реканскиот револуционерен округ. Во една борба со Турците кај селото Селце ја спасил четата на чие чело се наоѓал Даме Гриев. На 16 мај 1904 година е убиен во месноста Цуцул, по директива на Врховистите од Софија. За него е напишан и објавен првиот македонски стрип со наслов "Павле Караасан" чиј автор е Васко Попоски.
литература, исто, стр.20-21.ДИМИТАР АРСОВ МИТРЕВ
Роден е 1873 година во Лазарополе. Како син на поробена Македонија зема активно учество во македонското револуционерно движење. Се истакнал како смел борец во повеќе борби, особено во својот крај. Во 1903 година стапил во четата на познатиот војвода Максим Ненов од Тресонче и во неа подоцна бил избран за секретар на четата.литература, исто.
ПОВЕЌЕ (текстот е испратен од Слобoдан Шошкоски); Димитар Арсов Митрев е роден во Лазорополе, во 1873 година. Од најрана возраст покажува особен интерес за револуционерното движење во Македонија. За него се знае дека бил учител, но каде точно даскалувал не е познато. Димитар се наоѓал во Бугарија, кога познатиот тресонечки војвода Максим Ненов (Нинев), на 22 мај 1902 година, во селото Владаја, крај Софија формирал чета од свои земјаци Мијаци, кои таму биле на печалба. Во оваа чета имало 53 комити. Во 1903 година, најверојатно заради своето образование, неговото име се сретнува како секретар на четата, а всушност бил заменик војвода на оваа мијачка комитска дружина. Неговата улога во оваа чета станува уште поважна заради тоа што овој уреден и внимателен лазоровец, водел специјален дневник на четата, за кого знаеме дека броел околу 44 страници и во кој ги бележел сите случувања, податоци и согледувања, од формирањето на четата, па се до нејзиниот трагичен крај пролетта 1903 година.
Од белешките на овој дневник се знае дека комитите располагале со 14 пушки манлихерки, со 4000 куршуми, 24 пушки мартинки со 5000 куршуми, три српски маузерки со 750 куршуми, 5 пушки кримовки со 1000 куршуми. Сè на сè 53 пушки и 11000 куршуми, 29 рачни бомби, 2 килограми динамит, 20 револвери со околу 100 куршуми за секој од нив, како и ками.
На четата, криејќи се од тоа да не биде предадена и требале дури шест дена за да стигне до границата и на 29 мај 1903 година, ја минале реката Брегалница и влегле во Македонија, искачувајќи ја планината Голак. Се влогориле и преноќиле на ридот „Чавките“ (над Кочани). Но, тие сепак биле забележани и предадени. Утрото биле нападнати од турската војска и по жестоката битка што ја воделе загинале 18 комити, вклучувајќи го и легендарниот војвода Максим. Во оваа битка храбро загинале и лазороските комити Ефто Ристов Чадија, Спасе Глигоров Гудурот и Никола Долев. По, оваа несреќна случка раководењето со осакатената чета го презел Димитар Арсов Митрев, но и тоа не било за долго, бидејќи набргу и тој загинува во една престрелка со турскиот аскер. (¨Георги Трайчев, Книга за Мияците, София, 1941.; сајт за тресонче)

ПАВЛЕ ТЕОДОСИЕВ АЖИЕСКИ (1886-1913)
Роден е во Лазарополе во 1886 година. По завршувањето на духовната семинарија во Цариград, се вратил во родното Лазарополе каде учителствувал повеќе години. Во мај 1912 година е ракоположен за еноријски свештеник, а потоа бил назначен и за архиерејски намесник со седиште во Галичник. Заради ширењето на идеите за слобода на својот народ, тој бил често затваран и измачуван од тогачните власти. Починал на оваа патриотска должност во ноември 1913 година.
литература, исто.
АНТЕ ПОПОВСКИ
(Лазарополе 3 јуни 1931 - Скопје 1 октомври 2003)
Поет, есеист, препејувач, публицист. Роден е на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. Завршил Медицински факултет во Скопје. Бил член на Извршниот совет на Македонија, директор на весникот „Нова Македонија“ и „Вардар филм“ во Скопје, потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, претседател на ДПМ во два мандата и претседател на Советот на СВП (1966/67 и 1978/79). Член на МАНУ. Член на ДПМ од 1956 година. Автор е на книгите: Одблесоци (поезија, 1955), Вардар (поезија, 1958), Самуил (поезија, 1963), Непокор (поезија, 1964), Камена (поезија, 1972), Тајнопис (поезија, 1975), Љубопис (поезија, 1980), Родопис (поезија, 1981), Сина песна (поезија, 1984), Глас од дамнина (публикација од литературно-историски и поетолошки карактер, 1986), Ненасловена (поезија, 1988), Оковано време (статии и коментари, 1991), Меѓу животот и знаците (есеи, 1991), Провиденија (поезија, 1995), Окото, светлините (есеи, 1996). Составувач е на Светата земја на зборот, антологија на јидиш поезијата, и на Орфеј и Исус - библиски мотиви во современата македонска поезија (2000). Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија. Преведувач на автори од светската поезија и есеистика. Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ , „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Гоцева повелба“ и на Меѓународната награда за најдобра песна „Premio Europa“. Починал на 1 октомври 2003 год.
Ante Popovski poet, essayist, translator, publicist. Born 3rd June 1931 in the village of Lazaropole, Debar. Graduated from the Faculty of Medicine. Was a member of the Executive Council of Macedonia, Director of the newspaper “Nova Makedonija” and “Vardar film” in Skopje, vice-president of the Commission for foreign cultural relations, President of the Macedonian Writers’ Association (two terms), President of the Council of the Struga Poetry Evenings Festival (1966/1967 and 1978/1979). Member of the Macedonian Academy of Sciences and Arts. Member of the Macedonian P.E.N.Centre. Member of the Macedonian Writers’ Association since 1956.Works: Reflections (poetry, 1955), The Vardar (poetry,1958), Samuil (poetry,1963), Insubordination (poetry,1964), Stony (poetry, 1972), Secret words (poetry, 1975), Love words (poetry, 1980), A family tree (poetry,1981), Blue poem (poetry,1984), A voice of the past (a publication of literary - historical and political nature, 1986), Unnamed (poetry, 1988), Fettered time (articles and commentaries, 1991), Between life and omens (essays, 1991), Providence (poetry, 1995), The eye, lights (essays, 1996), Compiler of the following anthologies: “The holy land of the word” (an anthology of Yiddish poetry) and “Orpheus and Jesus” (biblical motifs in contemporary Macedonian prose (2000). Selections of his poetry, in separate books, have been published in Albania, Greece, Russia, Turkey, Italy, Germany, Great Britain, India. Translates world poetry and essay writing.Awards include: “Miladinov brothers”, “11th October”, “Koco Racin”, “Goceva povelba”, also the international award “Premio Europa” for best poem.
"И ѕвездите шепотат македонски"
МАКЕДОНСКИОТ МОЈСЕЈ ГО УЧЕШЕ, ПРЕКОРУВАШЕ, ХРАБРЕШЕ, СОВЕТУВАШЕ СВОЈОТ НАРОД КАКО СЕ САКА ТАТКОВИНАТА, РЕЧЕ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ТРИТЕ ПОЕТСКИ КНИГИ НА ПОПОВСКИ, ПРОФ. Д-Р ВЕНКО АНДОНОВСКИ
Човекот кој невидливите нешта ги правеше видливи, кој составувајќи го мозаикот на нашата духовност остави длабок печат во македонската литература, акад. Анте Поповски, со неговиот поетски тестамент, вчера, во Друштвото на писателите на Македонија собра голем број почитувачи на неговото дело. Храмот на пишаниот збор беше претесен за претставниците од политичкиот и црковниот врв, амбасадорите, академиците, членовите на семејството Поповски, писателите, студентите и другите гости, кои присуствуваа на постхумното промовирање на трите негови поетски книги "Две тишини", "Коска паленица" и "Пророчки труби". Промоторот, проф. д-р Венко Андоновски својата беседа ја посвети на "човекот што го запиша невидливото". Тој, меѓу другото, посочи дека во најновото дело "Две тишини", самиот автор на едно место ја открива тајната на неговата моќ да го види она што никој друг не го гледа. "Оптичкиот ефект на гледањето со духовното око го именував - микроскопија, мислејќи на тоа дека, поетот и Бог се рамноправни барем по две нешта: по севидливоста и по Словото што го изговараат, а кое има пророчка димензија" рече Андоновски. За него, микроскопијата или севидливоста е темелна Божја особина на поетското писмо на Поповски: таа поезија е насочена кон најситното и е носител на една атомистичка, целуларна филозофија на животот, која овој автор ја проповеда уште од самите свои почетоци. - Нашиот поет беше Божји статистичар, Божји асикрит на малите и слабите, на отфрлените и понижените. И немаше никаква разлика дали Анте пееше за ситната мушичка и нејзината агонија со смолата на борот, или пееше за Македонците, за тие силни мажишта што во неговата поема "Самуил" почнаа да ѕидаат златно кралство, а завршија во историски и анатомски мрак. И во едниот и во другиот случај, пееше за трагедии кои поминуваат - незабележани. Како што никој не ја гледа трагедијата на малата мушичка заробена во смолата, така никој од големите народи не ја гледа трагедијата на "децималните народи". Анте не подучуваше - нема голема и мала трагедија, како што нема мала или голема смрт, истакна Андоновски. Тој потсети на зборовите на Поповски - поетот кој тврдеше дека "дури и ѕвездите шепотат македонски", при што акцентот не е на она "зошто ѕвездите би говореле македонски", туку на она "зошто ѕвездите би шепотеле македонски". Поповски во македонската поезија беше препознаван како поет на својот народ, како Мојсеј кој зад себе го води народот, го прекорува, го храбри, го соколи да издржи, го советува, го учи како се сака татковината. Доц. д-р Кристина Николовска, посочувајќи дека поезијата на Анте Поповски води љубов со јазикот, го предизвикува, искушува, го прави погорд, вечно го благословува за да сфати колку е велик, истакна дека неговата поезија реши да го осмисли дотогаш неосмисленото, и живот да спаси, затоа што е добротвор.
МАКЕДОНИЈА
Еве ја таа проста земја од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи
Низ која времето одминува и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење
О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на
македонски
СИМОН ДРАКУЛ
(Лазарополе, 1930 - Скопје, 1999)
Писател, истражувач, сценарист. Една година учителствува во осмолетката во Ростуше, а потоа како вонреден студент на Филолошкиот факултет, работи како дописник на „Политика“, репортер во „Млад борец“ и во Радио Скопје. По завршувањето на високото образование докторира историски науки.Од 1958 работи во радио-телевизискиот медиум, директор е на драмата на МНТ и генерален секретар на Сојузот на писателите на Југославија, претседател и повеќегодишен секретар на ДПМ, претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, уредник и член на повеќе редакции. Својата работна кариера ја завршува во Институтот за национална историја. Покрај раскази и романи, пишува и драмски текстови, како и филмски сценарија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена на пулскиот фестивал за сценариото на филмот ДО ПОБЕДАТА И ПО НЕА.
Награди: 1966 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценарио / „До победата и по неа“.
Филмографија: 1963г. Скопски репортер бр.1 и 2 (соработник), 1964г. Кеј 13 Ноември (сценарио), 1964г. Скопски репортер бр.4,5 и 6 (соработник), 1965г. Селидби (сценарио), 1966 До победата и по неа (сценарио), 1969г. Време без војна (сценарио), 1970г. Цената на градот (сценарио), 1993г. Македонска сага (сценарио).
Промовиран зборникот „Македонија меѓу автономијата и дележот во избор“
26.11.2007 Шестиот и седмиот том од зборникот „Македонија меѓу автономијата и дележот во избор“, редакција и превод на Симон Дракул, денеска ги промовираше Институтот за национална историја. Документите се огромна суровинска граѓа за производство на научна вистина за Македонија, или нејзина веродостојна меморија, рече промоторот академик Гане Тодоровски. Документите кои Симон Дракул ги откри и ние денес и ги претставуваме на македонската јавност, јасно зборуваат, името Македонец и македонска нација се одговор на сите наши поделби и страдања од овој период. Тоа е име кое нема никава врска ниту со коминтерната, ниту со комунистичка Југославија“, изјави Јован Донев, промотор на зборникот.
„Тоа е име е одговор на сите делби и распределби и се појавува во битолскиот вилает, во 1907 година за прв пат е регистрирано. Име кое можеше од корен да ја измени политичката карта на југоисточна Европа, исто како што тоа може да го стори и денес и најверојатно ќе го стори, зошто документиве кои денес ги претставуваме се добар одговор на бизнисмениот грчко-македонски спор“, додаде Донев.
Симон Дракул почина 1999 година и со овие томови се заокружува неговиот труд „Македонија меѓу автономијата и дележот“.

Simon Drakul (Lazaropole, 1930 - Skopje, 1999).
He is a writer, researcher and screenplay writer. He worked as a teacher in the Primary School in Rostushe and later, as a part-time student of the Faculty of Philology, he worked as a reporter on "Politika" (Politics), the "Mlad borec" (Young Fighter) and in Radio Skopje as well. Soon after the completion of his higher education he also acquired a Ph.D. in History of Science.From 1958 he worked in the radio and television media, he was director of the drama at the Macedonian National Theater and secretary-general of the Association of Yugoslav Writers, President and Secretary of the Association of Macedonian Writers, President of the Board of the Struga Poetry Evenings, editor and member of editorial staffs. He ended his career at the Institute of National History.Besides short stories and novels he wrote drama texts and film scripts as well.He was given many awards and much recognition among which are the "Gold Arena" for the script of the film "Till Victory and Beyond" at the Pula Festival.