Ловци на злато не им дават мир на мртвите. (ДНЕВНИК - 30.09..2010 )

Два дена по вандалскиот чин во кој се осквернавени старите гробишта во Лазарополе, се' уште останува мистерија што барале сторителите - златен накит со кој претежно ги закопувале невестите, артефакти или друго закопано богатство.
Расфрлани коски, делови од череп, парчиња од надгробни плочи... Тоа е сегашната слика од старите гробишта што се наоѓаат над ова мијачко село. На гробовите нема никаков знак, ниту име на починатите ниту датум. Петте откопани гроба немо сведочат дека некој не ги остава мртвите души да почиваат во мир.
Неколку повозрасни
жители на селото вчера молкома седеа во дворовите, топлејќи се на есенското сонце. Кога им кажавме за што сме дојдени, не' упатија во куќата на Сотир и Смилја Шошоски.
Тие љубезно не' пречекаа во дворот преполн со разновидно цвеќе.
- Тоа се стари гробишта. Таму се закопани нашите предци. Последниот погреб, како што ни кажуваа постарите, бил пред стотина години. Кога во селото дошле Србите, како што велиме во српско време, тие забраниле тука да се погребуваат селаните. Тоа го направиле од здравствени причини, бидејќи водата што доаѓа за петте селски чешми поминува низ тој дел - ни раскажа 85-годишниот Сотир.
Потоа за селски гробишта српските власти одредиле друго место, подолу во селото.
- Сега околу старите гробишта доаѓаат луѓе да соберат некоја билка или смрека. Така и забележале дека некој ги осквернавил гробовите. Досега не се случило вакво нешто. На тој што се дрзнал да ги вознемири душите на нашите предци, Бог нека му плати - вели Шошоски.
Пријавиле во полиција, извршен е увид, а истрагата продолжува.
- Не можам да поверувам кој може да биде толку нечовек. Не знаеме што барале и што нашле - вели нивната сосетка Рада Тодоровска.
Но сите се сомневаат дека вандалите барале златен накит или вреден артефакт, кои биле придружни предмети при закопот на невести.
- Во тоа време, оние што биле поимотни, невестите ги закопувале во свечена невестинска носија, со златни обетки, со прстења, синџирчиња, а на челото без исклучок и дубла, пара од чисто злато. Можеби некои ги закопувале и со помалку, но факт е дека ги погребувале со златен накит. Злато им ставале и на девојките и на ергените - раскажува 84-годишната Смилја.
Лазарополе е едно од повеќето мијачки села кое до 1941 година имало над 3.000 жители, односно „колку еден град“. Сега нема постојани жители. Потомци на поранешните жители ги обновиле старите куќи или изградиле нови. Селото е полно лете, а зиме е празно.
- Зиме селово ни го чуваат оние од метеоролошката станица. Јас со бабичката и некои мои врсници доаѓам на Велигден и останувам до празникот Митровден, кога ми е домашна слава. Потоа заминуваме за Скопје - со тага во душата вели Сотир.
Во селото се надеваат дека полицијата наскоро ќе ги открие вандалите.

Вера Тодоровска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F06440BEA41760499DC0852850B624CD

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post