Вo спoмен нa Сaме Лимани Жарноски - фрaгменти oд негoвите делa.
Бесмртен јазик
Дојдите на Ѓурѓовден денот цорвен ко се роѓат на исток
росата ко се цедет по лопуите меки
да и видете обичаите наши престари
што ја повивает пролетта во свилени пелени
и што ја доат вистината со топло козјо млеко.
Елате да ја чуете песната шо остана жива
цуцете шо ја пеет на нишалка…
„Сиот живот скитав по Долината, не оставив ни педа неврежана во моето паметење“
„И најпосле, о убава темјанушко моја… Кажи, кажи како да те преболам уште жив“
„Не викајте ме торбеш, зашто ѕвездите ќе ми изгаснат во очиве, и ќе се исцедат како солзи на доенче“
„Уште во татковите жили
Шепотот им е на македонски
Кога излегуваат од мајчините утроби
Плачат на македонски“
„Гласот на тишината…
Што може и векови да преврти…
И на ѕвездите да им ги прераспредели седиштата
И светлината да ја пресели во присоите на Река, Жупа и Дримкол
И огнот да го запали во заспаните вирови на Радика
И чешмите да ги вразуми дека треба да пеат на мајчиниот јазик“
„Само лисјата умираат наесен
Дрвјата живеат се додека е сочен коренот“